^ не знам дали тука или во некоја друга тема, поврзна со пудри, коментирав дека пудрава е прекрасна. Но, ако малку подетално прочитате во каталогот или прашате тука на форумот, ке дознаевте дека пудрава е за зрела кожа. Ја користи мајка ми, повремено и јас за некоја пригода кога знам дека пудрата треба да ми издржи подолго од обично. И јас, и таа сме презадоволни од сите перформанси кои пудрава ги има.
Ајде малку припомош Колку и кои нијански има Rimmel long lasting finish-от? Онаа во црно тубиче ? Сакам да ја купам додека е попустот во Дм, и дали само во Дм го има попустот на Rimmel по повод 180год или го има и во другиве дрогерии - парфимерии?
Јас незнам дали ДМ и сите останати кои прават така мислат дека сме глупи ние потрошувачите! Ги нема сите производи кои се во каталогот во сите продавници или таму и каде ги има сигурно имаат по едно- две парчиња. Јас ја купив денес пудрата на Римел за мрсна кожа (180 ден), таа стеј мат а имаше само 3 парчиња и две нијанси и тоа потемни иако мене ми се погоди едната. А таа во црно кутивче (лонг ластинг финиш) не е намалена или можеби ја има во некој од маркетите само едно пакување па оди барај ја после.
^Ааа,не,извини,те излажав. Не сум била сега да проверам,бев пред една недела и нешто и имаше попуст само на карминчиња и маскари и тоа не на сите,туку на одредени,затоа така реков.. Пу,кој баксуз сум,само што си купив пудра. Бре!
Oваа е некоја нова изгледа или шишенцето е променато Јас од кога знам дека користам пудра користа Џордани и сум презадоволна,покрива не треба да се нанесува многу користам natural beige таа ми одговара на мојот тен Ти предлагам да ја пробаш сепак секого има разна кожа па незнам што друго да те советувам и да ти гарантирам дека ќе ти одговара но оваа е моето искуство
Истото и кај мене беше. Мислев дека пудрава е супер пошто 100 души ми ја испофалија, ама никаква е. Како ништо да немам нанесено на лице, тек тук ќе присвети и толку. Подобро земи други пудри по продавнициве што се, можеш и да ги пробаш и се.
Од денес почна, навистина незнам до кога трае. Исто ја нема ни маскарата на Римел која ја има во каталогот и треба да е 180 ден.
ја нема нигде и ја сакав да ја пробам ама ќе со ја земам од Белград сега за празници ваљда таму ја има....ќе ја пробам па ќе пишам мада клиник и ести лаудер сега се сега ми се незаменливи ама знаеш женско увек мисли дека може боље затоа имам дома сто пудри неискористени
^ Ја добив на поклон, за жал една нијанса потемна од мојот тен ама ја истрошив цела. Најпогодена пудра од сите! А не можам никаде да ја најдам, ми падна мака.
Јас ја имам оваа и дома ми седи. Дефинитивно модна утка на пудри направиле Џордани. Не вреди за тие пари воопшто. Кога ќе нанесеш богами и свети, ама како со лосион за тело да си се мачкала и со саати не се суши. Многу мрсна.
Сите медицински ти се без парабени, а и сите посоленки пудри. Кога си одбираш на опаковката ти пишува ако е без парабени paraben free . Мојава на Виши е некомедогена и без парабени.