Женски дали некоја од вас користела некоја од овие пудри ,и која е подобра по ваше мислење ,се мислам помеѓу оваа или Bourjois Healthy mix
Лавера 100% органска козметика, околу 700 денари им се пудрите ама јас не сум нешто задоволна во однос на покривноста, многу малку покриваат само изедначуваат тен, лесна структура имаат, многу се течни и мирисот им е малку специфичен, мене не ми смета мирисот ама сепак зависи. Краток рок на траење имаат и мирисот е таков токму поради тоа што не содржат вештачки мириси. Мони 24 јас ги имам користено и двете, Ардеко е погуста по структура и по покривна, во долготрајноста ми се тука некаде. Сепак мислам дека не ти се исплати да купиш Ардеко иако вака ти изгледа малку поскапа ( мислам дека околу 100 денари е поскапа) во милитража е помала, 20мл е, додека Буржоа Хелти Микс си е стандард 30мл. Ардеко нема пумпичка како шпатула има и треба да си црпеш од шишенцето и така голем дел од пудрата останува во шишенцето неискористена треба да наоѓаш начини да ја извадиш цела. Буржоа е исто солидна, убаво покрива и многу е лесна за нанесување + има преубави нијанси, додека Ардеко јас до сега имам видено само 3 или 4 нијанси и малку се чудни, или премногу жолти или премногу розеви... Јас би ја одбрала Буржоа од економичен аспект!
artdeco е попокривна и потешка од таа на буржуа, додека хелти миксот е полесна и секојдневна варијанта. Двете се за сува до нормална кожа
Оваа Artdeco e околу 860 и не ја има само Скопје ја има и во другите поголеми и поснабдени парфимерии. Додека и оваа Healty Mix е околу 700-800 денари.
Пудрата на Артдеко што ја постирала мони24, во Шатци оди со гратис коректор камуфлаж. Така да мони24 ако ти треба и екстра коректор, немој да ја пропуштиш понудава, се исплати и тоа како, ем за цената, ем за квалитетот.
Девојки кажете ми некоја пудра слична на оваа Мат плусот, во смисла на покривност и текстура.. да е за мрсна кожа. Од оваа сум доста задоволна, покривноста и е одлична и добро се фиксира за лицето.. како камена и течна е две во едно зошто брзо се суши. Е сега за трајноста е малце дискутабилна, преку ден е одлична ама навечер како да ми се бриши брзо.. Се одлучив да побарам друга бидејќи мислам дека можно е од неа да ми се прават акни тоа е едната од можностите што ми ја даде козметичарката затоа реков да ја сменам. Која би ми ја препорачале од врстата на овие пудри, само да не е Менхетен зошто таа била многу потешка од оваа. Фала
Читајќи токлу коментари за пудриве почнав да се губам која за што е. Затао ќе прашам неко конкретно ако знае да ми каже Ми треба покривна пудра за комбинирана кожа, и мн битно- да е лесна за носење. Да не биде вртоглаво скапа. Што поевтина со овие критериуми задоволени, тоа подобро Моментално користам manhattan clearface, ама некако како тешка ми стои, и како да не ми диши лицето... Затоа сакам да ја сменам.
Rimmel lasting finish или rimmel stay matt, но бидејќи иде лето повеќе би ти ја препорачала rimmel stay matt двете се по 320 денари
Rimmel stay matt е на попуст во ДМ и е 180 денари, додека Rimmel lasting finish пак не им е на попуст, иако во нивната промоција пишува дека е на попуст исто 180 денари.
Јас ја користам INGRID пудрата.Евтина е, околу 100 денари, и не е лоша.Не ја користам за покривање,туку онака само да ми даде белина на лицето, користам најсветла нијанса,29.
Да се самоцитирам пудрата мислев дека е една од подобрите, природен изглед, без да светне со часови, не е воопшто тешка, мислев дека ќе биде пудра на годината , ама кога видов што се содржи , најштетните состојки, не знаев дека составот и е под налепницата . И оваа оди во канта . Дајте предлог за пудра која не содржи парабен и повеќето штетни тракатанци, за нормална/комбинирана кожа, само да не е Виши спомнав дека воопшто не ми одговара или Есте Лаудер која ми е прескапа , ако нема пудра барем коректор да е , не ми треба многу за покривање.
Па не се замарај ти толку и јас гледав едно време така ама сега кренав раце , сегде ги има тие состојки некогаш и под друго име се пишани. Мислам дека пудрите на Yves Rocher не содржат парабени ама не сум сигурна.
Да, и мене тоа ми е потребно. Сакам некоја што не е штетна, не може да не се замараме, тоа е доста важна работа. Од сега натаму, веќе никогаш нема да купам пудра, а да не го погледнам составот. Не можам така за џабе да си ги фрлам парите. И ако сакаш да ми кажеш каква е и колку пари е пудрата на Есте Лаудер, ја немам користено.
Јас ја користам на Estee Lauder-Double wear, има пишувано многу претходно за неа, најдобрата пудра што ја имам купено и не ја менувам за ништо, стои цел ден буквално цел ден дури навечер двапати го чистам лицето бидејќи тешко излегува,не се брише од облека како другите пудри, јас ја користам таа за мрсно лице , порано со другите пудри одма ми светнуваше лицето со оваа не се појавува ниту малку мрсно цел ден ми е лицето мат,а да напоменам не е тешка воопшто пудрата не е ниту како паштета да си ставила. Сега за скапа,скапа е ама барем знаеш дека даваш пари за добра пудра и нема да бидат џабе фрлени парите ко за другиве пудри,јас ја земам од Гр зашто има многу често попуст ја наоѓам за 29 евра а во мк е околу 2800
Девоки фала за препораките, ја земав Rimmel lasting finish за 180ден. во ДМ во Сити мол. Немаше многу избор, мислам дека имаше само 3 нијанси...среќа бр. 200 софт беж ми одговара многу. Прилично е течна, и на почеток излгеда мн лепливо...а потоа мн убаво се впива во кожата, и бојата убаво се совпаѓа со мојата. Дава мн природен изглед, за оние што имаат почисти лица ќе биде совршена, а за другите, се се средува со малку коректор, бидеќи има средна покривност. Е, единствена мана според мене, а може и не е до пудрата, е што некако мн ми ги отвора/нагласува проширените пори во пределот околу носот под очите...или па такви ми се...немам поима, ама ете тој дел не го измазнува. Не се одлучив за Stay matt, зашто по текстура ми изгледаа многу како менхетенов што ја имам..многу густи беа или па тестерите им беа стари и засушени А и боја од нив не можев да си погодам... Така да, за 180 денари се сторив со нова пудра, и како за почеток сум мн позадоволна од претходната.