Ја пробав пред некој недела и стварно ми се бендиса покривна ми е, океј е многу за моето никакво лице и ретко кој пудри ги бендисвам на мене Ја купив 180 денари не е скапа ама барем мене ми покрива.. Не е ни многу тешка пудра... А и долготрајна е.
За каква кожа е наменета пудрава? Дали е погодна за мрсна кожа и дали прекрива црвенила и проширени пори...дали многу се познава на лице дека имаш пудра ставено и дали е погодна за потоплите денови ?
^^ Па да ти кажам право јас сум чоек шо многу поти, и искрена да бидам ко ја кладов цела вечер ми стоеше, не е многу тешка. Мене комбинирана ми е кожата на некој дела ми е мрсна, особено кај носот. Пудрата ми е многу погодена искрено
Спојлер Потпис ставам за пудрава. После толку купени пудри и пари за "проби" решив да се потрошам повеќе и да ја земам и ниту еднаш не се покајав. Се што е погоре напишано е точно. И не само тоа, повеќе ми трае и од буржоа, максфактор, севнтин и се што сум ставила. Всушност и во цена не се споредува. Ставам по две точки на образи една на чело и нос и веќе неколку месеци ни до пола не ми е потрошена.
Пишав и јас дека ја имам истава пудра и дека ми е погодена. Али не ми трае многу, и не ми покрива ништо, користам најсветла нијанса само поради белина на лицето. Прашање ми е дали ставаш некаква подлога, кремче, пред да ја ставиш пудрата?
Ади, прочитав си пишала дека имаш комбинирана кожа со мрна Т зона. Бекутан според мене воопшто не е добар избор, многу е мрсен и воопшто не се впива, уште полошо сјајот станува забележлив некоја минута откако ќе го ставиш на лицето, посебно ако се потиш која и да е пудра со него за основа ќе се направи каша размачкана. Земи го и ќе се увериш. Ти пишувам од искуство и јас имам пробелем со мрсна кожа на некои делови од лицето. Инаку пудрата сум ја пробала, слична ми е на Импала. Квалитетот кој го нуди кореспондира со цената.
^^ Па не знам веќе шо да користам од крем, Од нивеата многу ме чеша лицето, а и плус некако многу ми е мрсен... Јас мислев бекутанот е добар избор, ама ете
При толку избор на креми за ваква, таква, онаква кожа, зошто бе со тој бекутанот ? И оф-топик сум знам Ади888... Читни нешто во : каква крема за лице користите ....
bubac не е офтопик, туку баш пошто се става несоодветна подлога затоа темава се полни со милион страни едно те исто, ко да дискутираме за квантна физика. Па нормално бе луѓе дека ако користите Нивеа класик или бекутан дека ниту една пудра нема да ви се погоди. Таквите креми не се наменети за девојки кои се веќе на возраст кога треба да користат пудри. Ниту навлажнуваат ниту потхрануваат како што треба, а за матирање да не правиме па ич муабет ако имате мрсна кожа. Ниту за сува не помагаат туку само површински го мрсат лицето, а длабински не реагираат, таму всушност од каде потекнува проблемот на секој тип кожа. Секој според своите можности треба да си одбере крема соодветна за типот на кожа. Има најразлични цени на креми со различен квалитет. Погодете си ја кремата па ќе видите колку ќе се зголеми бројот на пудри којшто ќе ви одговара.
абе девојки сте запнале пудрата да нема парабени ај ок, а гледате руменилото, сенките, кремата,карминот, маскарата, тушот дали имаат парабени? Или користете се без парабени или ништо, а не пудра без парабени а се остало нека има, нема врска
Точно така,а остај друго што го има во козметиката,го има и во храната.Многу нормално дека нема шанса да го избегнеш тотално.Така да,дали во пудрата има парабен или нема не ви прави некоја голема разлика
Добро покривна пудра за комбинирана кожа, без ефект на фасада ? Што мислите за Менхетен ? Морам да земам нешто асално, изнакупив пудри без потреба, ниедна не ми одговара .
За мене најдобра пудра од сите што имам пробано, а баш е таква каква бараш, покрива, а не се приметува е Loreal- True Match.
Мејбилин 24 часовната, досега најдобрата што ја имам користено, јас не светнав 8 часа а изгледа толку нежно и убаво на лице , не е тешка и многу природно изгледа, ама од мене голем минус што содржи парабен и уште една , две супстанции кои се сметаат за доста штетни , во потрага сум по нова , ништо и од оваа . Има ли некој користено Авене пудра, гледам многу се мали по 9, 10 грама ама па може не содржат толку хемикалии
Од сега најзадоволна сум од пудрата на Vichy , малку скапо ја платив ама го добив тоа што го барав. Му дава на лицето природен изглед а притоа и покривна е а и да не зборам за долготрајноста трае доста трае .
За каква кожа е оваа ? Јас ја пробав Vichy aera teint pure дефинитивно најлошата пудра што ја имам пробано, оваа нели е за зрела кожа или сум ја помешала со друга некоја ?