Оваа од Misslyn личи на малата Artdeco што е во 20 милилитарското шишенце, а како што се „сестрински“ фирми, ништо чудно и таа да биде малецка. Инаку bubac, претпоставувам Vichy пудрата е некомедогена штом се нанесува без подлога одоздола, ама не ти е некако шубе на „голо“ лице да ставаш пудра? Иако е медицинска козметика, сепак некако во мене се активира тоа ваквото човече - . Ако некогаш ги потрошам вечно недотрошените пудри што ми се маткаат низ дома, ќе ја земам оваа, ептен се намерачив некако и тоа во лош период кога парите што ги имам ми требаат за милион други работи.
Стронгер, а да ја пробаш на Max factor Whiped Cream, баш е она што опиша дека бараш. Многу лесна структура, пенаста, лесно се нанесува ептен, не покрива многу би рекла дека само изедначува тен и покрива црвенило и некое ситно мозолче, друго слабо. Не се познава дека имаш ставено пудра, не го досушува лицето и изгледа природно, а сепак лицето ти е матирано. Матирачкиот ефект не го издржува којзнае колку. Еве ти сликчиња, цената мислам дека и е околу 600 денари. А да, и многу убави нијанси има, природни ни жолти ни розеви.
Истото и јас Мишелке бев таква кога ми кажа аптекаката дека не треба да ставам ништо одоздола. Инаку јас во аптеката од која што ја купив им одев на карање буквално, зошто си ја купив и си ставав крема, па коректор , подлоги ..... па пудрава на крај, и некако ми светнуваше малку кај носот, не ја чувствував како ставена на лице туку само како ,,шлакната,, и и ивикам џабе ги лупнав парите кога не ми врши ништо пудрава. И си ми кажа фино лепо дека не се става ништо одоздола. Да, некомедогена е , и без парабени, што знам, како поубаво си го осеќам лицево од кога ја ставам така без ништо на лице, сеуште ми е шубе, но ефектот е каде каде подобар и поуочлив откако со триста чуда одоздола . Ако не си сигурна имаа тестери во Сити Мол во зегин , оди, пробај си ја , или па распрашај се по аптекиве со сигурност имаат тестери од сите пудри, ама нормално си ги земаат апотекаркиве за себе.
Јас до сега ја користев Estee Lauder Double Wear ама сега веќе после 4 потрошени пакувања сакам да сменам пошто постојано не е добро иста пудра да се користи...иначе оваа што ја користев е топ ми се исчисти лицето,,,,сега сакам да ја земам Dermablend најмногу заради СП факторот пошто сум порцелан (значи каспер) страшна работа ,,,кажи ми дали ти излегуваат акни од неа...мене од нормадермот лицето цело ми се исфрли а Aera Teint Pure ми беше супер али не покриваше воопшто....кажи ми само која нијанса да ја земам и дали има толку светла ја сум каспер (порцеланка),,,,ретко и си наогам нијанса ...дали искачаат акни (иначе иам нормална кожа со масна Т-зона) и дали имам нијанса,,нигде човече тестер нема срамота прашувам во апотеки се прават на удрени па срамота ме како да купам нешто што незнам како ќе ми прија на кожа се имам надавано пари така за џабе па не е 100 денари мајкуму па да се заебавам цела колкеција аим дома за џабе од Dior do Lancome...што уште не...а и јас морам подлога да користам на образите кожата ми е многу сува ...користам крема на hemel која воедно и ми го средува лицето не ми искачаат толку црнки на носот
Па така ми кажаа на дерматолог демек не чинело постојано иста козметика на лице посебно во однос на пудрите иначе боље од Estee Lauder не веривам дека има ама ајде...лицето ми се исчисти буквално од неа топ е стварно едино ми смета ради СП факторот сакам со поголем СП затоа се мислам за Dermablend ама ако добијам рогови од неа.....а лупнам 1400 денари епа нема смисла стварно бе.. фала ти денес ќе идам да им барам тестер ако не ми дадат ќе идам со чисто лице па ко сељанка ќе се шлакам таму абе немам коментар за апотекиве стварно...ќе закачиме инфекција некоја од шлакање од тестери ...ужас
Точно е тоа дека се заситува кожата, од само еден производ, и од неговиот состав. Ти имај си ја пак есте лаудер, но искористи еве една тубичка барем од дермаблендов колку малку да се одмори лицето од е.л. Kako што велиме : Смени шампон за коса, косата се презаситува од еден постојано, или смени го шампонот можи нема да ти се масти повеќе косата, така е и со пудрата- ова е мое мислење кое го имам слушнато и од други, не го тврдам со доказ! За нијансата , совршена че ти биде 15 Опал, или евентуално за летен период мојата, 25 Нуде - јас ја имам оваа 25. Подобра нијанса неможев да одберам . Тестери немаат, нели аптекарките си ги земаат за себе- не знам зошто никој не превзема ништо околу тоа. Еве како изгледа мислам дека е со Опал нијанса девојкава на сликава.
vikiimacko мој совет е да си ја купиш max factor lasting performance јас сум исто бела како тебе и ја користам 101 и ми е супер. Да не е како Estee Lauder Double Wear-ја имам користено и е незаменлива, попокривна моќ нема да најдеш сигурно, но е премногу скапа за мојот џеб. Ми е останато многу малку од неа и ја чувам за некоја посебна прилика сестрами ме зеза дека дотогаш зејтин ке стане... Оваа lasting performance е постара пудра на максфактор и е доста покривна, за 700ден е топ. Ако ти е само за еден месец да не си ги фрлаш за џабе парите оваа ке ти заврши работа .Башка имаш и побела нијанса од мојата 100ка. Друга пудра која ке ти ја порачам е pupa ULTRA SMOOTHING FOUNDATION YOUTH EFFECT ја имам користено 07 Light Rose со спф8 ја купив 1400ден од Италија ама гледам и овде ги имаат донесено во Шатци но незнам која цена се.
фала ти ...денес идам да пробам што ќе најдам иначе јас порано како помала користев Макс фактор и нијансата е совршена за каспери ко нас...арно ама имам слушнато дека нивните производи содржеле олово и лицето од нив добивало сив поддтон ...јас кај мене тоа не го прметив ама сепак ме фаќа страв малце....на пупа ќе ја пробам денес па ќе видам! поздравче!
Кај можам да најдам некоја ваква палета за Contour и Highlight ? и по која цена се движат одприлика? ако нема палети препорачајте ми некои производи кои вие ги користите
Имам мрсна кожа, ситни мозолчиња и црнки, а и отворени пори (на Т зоната). Ме интересира дали некоја од овие пудри ќе ми одговара т.е. ќе покрива, без притоа да имам брашно или лампион ефект?
За втората не знам,ама за првата никако. Во принцип од авон мене не ми се свиѓаат пудри зошто за истата цена можиш да купиш мехнетен или од дебора. Првата пудра ја користев пред некоја година, ај што ја платив тогаш беше 550 денари, ја потрошив за нецел месец бидејќи има многу мало паковање,а друга работа не е ни малку покривна како што се претставуваат. Jaс ти препорачувам оваа ако бараш покривност и плус не е мрсна, не остава сјај(и јас имам премногу мрсна кожа) Добра е,само малку е тешка пудра, но во принцип од сите досега пудри користено од импала,авон,мејбилајн,орифлејм,ревлон, оваа на менхетен најдобар ефект ми даде.
kолку и е цената и некоја што ја има користено да каже колку е покривна да ја спореди со некоја др пудра
Да пишам некој збор за l'oreal true match течната пудра, ја користам веке 1 месец и сум прилично задоволна и ке продолжам да ја користам. Има средна/голема покривност одговара на сува кожа, и изгледа многу природно на кожата. Ја користам со l'oreal triple active дневната крема за сува и сензитивна кожа, инаку не ми одговара ми ја суши кожата. Ја купив и на Lancome Teint Miracle, ја користам само за специјални пригоди. Пудрава е најдобра од сите што ги имам користено, изгледа предобро на кожата и добив многу комплименти дека кожата многу здраво ми изгледа. Трае ненормално многу и не ми се собира на лицето како многу други пудри и многу да нанесеш не изледа како да имаш паштета. И е одлична за на слики! Следна ми е на clinique течната пудра или revlon ако може некој да пише колку е задоволен ако ги има користено?
Moжеш ли да ми пратиш линк, од ибеј кај што си ја порачала? Инаку, бидејќи не многу користам шминка, отпочеток користев течна пудра.. Но не беше тоа тоа, се познаваше и не стоеше добро. Сега користам камена пудра, и задоволна сум. Само сакав да прашам.. Подобра е камената или течната пудра? И за да не се брише брзо, ставате нешто под неа како подлога..
Се извинувам за мислењето едно под друго, но само што го гледам каталогот на орифлејм. Дали некој има користено од вас пудрава
Според мене пудрава е скроз мизерна..Лесна пудра е но намената е за многу чисто лице бидејќи ништо не покрива..ако ти треба покривност сигурно нема да ти заврши работа, а ако ти е за онака колку за изедначување на тенот, можеби ќе ти одговара..