http://www.google.com/url?q=http://www. ... szEIfHAwXg Дали ја има некој користено? Колку сте задоволни?
670? Јас ја зедов МИСЛАМ 550 ако добро се сеќавам пред некој месец-два од парфимерија Хит. Ова 670 беше во Јес претпоставувам , зошто обично таму се и поскапи секогаш. Така да провери си и во Хит.
Ви ја претставувам мојата најнова пудра на Make up forever - Mat velvet , ја земав на попуст 31евро, сакав слична на Есте да земам , и ми рекоа дека е иста не се копира на облека, стои по цел ден, нијансата е 30 porcelain, не ја пробав се уште, има уште малку од пудрата на есте ама баш ме интересира дали ќе е како што викаат иста ми ја понудија на Диор за мрсна кожа ама ми рече дека не е за тие што имаат многу мрсно лице, јас имам поготово на челото па затоа ми ја понудија другава.Некако и нијансава ми е подобра од на Есте, на Есте пудрава ми беше малку темна. Кога ќе ја пробам ќе пишам како сум задоволна
Е, баш спореди ги и двете, па пиши импресии овде. P.S Следен пат не ја зимај Fresco, пиши ми ЛП и ќе ти помогнам како да ја одбереш вистинската нијанса од Estée Lauder. Кај вас барем има избор.
Секако ,нареден пат ќе земам посветла нијанса,дали од светлата во продавницата се прават грешки незнам не беше многу темна да речеш ама кога ја нанесував малку неприродно изгледаше како и да е, ќе ја пробам оваа па ќе пишам
Женскии ми треба совет. Вака, си користам полесни пудри скоро 2 години ради тоа што не сакам да си го трупам лицето уште од сега.Почесто ја користев ингрид пудрата и бев задоволна.Не ја користев за покривност зашто немаше што да покривам.Ја користев само ради свежина и белина на лицето. Но,ингридот ми се истроши и не знам каква пудра да купам.Бев до парфимерија и им ја побарав пудрата али се потрошила, и продавачката ми ја понуди малена пудрата 150 денари. Што мислите за оваа пудра, вреди ли да ја купам да не ми го запусти лицето?
Користаки од Диор и Клиник имам користено но од двете фирми сум користела пудра за сува кожа, така да неможам да ти помогнам. Диор во МК имаат само 4 пудри или 5 од кои 3 им се за зрела кожа, да ја пробаш евентуално Диор Форевр за мрсна кожа е, ама не верувам дека ја има покривноста на Есте, од Клиник може да има нешто слично на Есте сепак се работи за исти производители, мајка и ќерка се Есте и Клиник.
Не ти препорачувам да земаш вакви пудри ко Малена и Импала,содржат жива овие пудри,само лицето ќе си го упропастиш,не ти препорачувам ни од авон ни орифлејм, од авон имам користено и катастрофа се ниту покрива,а смрдеше што да ти кажам.На лице ти препорачувам нешто поквалитетно да си ставиш, не што било, незнам какво лице имаш , суво или мрсно, јас би ти препорачала некоја на Буржуа или Флормар да пробаш , и овде на форумот се многу фалени,јас од Буржуа ја имам пробано 123 perfection и задоволна бев Мимс јас заборавив дека имаш сува кожа, баш те читав кога пишуваше за кремите за лице и касно ми текна а тебе те потенцирав бидејќи највеќе на форумов се разбираш од козметика Како и да е , од Диор убави нијанси имаше ама бидејчи имам многу мрсна тзона не ми препорача да ја земам таа па потоа ми ја препорача оваа погоре на Make up forever,досега ништо не сум користела од козметикава ,се надевам ќе бидам задоволна, а гледам и многу блогерки ја фалат имам уште малку од пудрава на есте па ќе почнам оваа да ја користам
hristinnnna подобро пробај ја на Габрини https://bkam.r.worldssl.net/egypt/full/555ddc014650c406719594ef5ea29b63d56e578f.jpg
Колку чини? Иначе коритсаки сакам поевтини пудри.Сепак 15 имам, не треба тони пари на тоа уште од сега да давам.
Точно,на тие години можеш и некоја бб крема да користиш ,доста ќе ти е ама и не ти требаат тие пудри со состав жива, сигурно не сакаш предвреме да ти остари кожата. Пудрава на Буржуа ти е околу 600 ден , а барем и ќе знаеш дека нешто поквалитетно ќе ставиш на лице.Ако не ти се даваат 600,види ги на Римел , околу 300 ден се.Јас ти дадов само совет,ти како си сакаш
Јас земав две, на шашма и лепе очи, не читав рецензии, туку од ќејф баш искрено веќе и не ми е гајле. До душа едната по порачка ми ја донесоа (на попуст, нормално, каков што во Македонија нема да видиме,овај нали) , другата си ја купив денес. Не знам веќе како со лицево. Прво, кожата ми е чиста, ама на пролет почнува да ми се исфрла и тоа педерчиња од мозолчиња што се прават самите како рани, установив дека се на алергиска основа. Зиме ми е ненормално суво,a овој период ми станува не мрсно, туку ЛЕПЛИВО!!! Ми се лупи меѓу веѓите стандардно, а не е суво како зиме. Ми ја гледаа кожата со тоа што поим немам како се вика, микроскопски ги гледа порите,и тоа во два различни периоди од годината, порите ми се отворени и чисти со секојдневна нега, ама знаат да ми се појават митисери и тоа на снопчиња на различни делови од лицето . Зиме ми е екстремно суво и чувствително, пролет-лето ми станува комбинирано до мрсно! Ме збудалува, за нијансите на пудрите па муабет веќе да не правам. Пробав се што ми е пристапно за џеб и тоа е, кожата си е таква, само негата морам да ја прилагодувам на неа, таа не може да се смени каква е. Ама околу тоа на друга тема. За пудриве, вака на прв поглед со добра подлога, ок ми се, не се тестирани целодневно и на цело лице, може и да не ми се погодени за типот на кожата, ама доброто старо - пенел, не пенел, јас ќе те јадам. Е така! Диор - Light Beige Лореал - Vanilla
Лилит мене Диорот Нуд ми е омилена пудра и од се што имам пробано највеќе ми одговара и тоа баш за периодов пролет лето, за есен зима малку ми е сува ама со помрсен крем поминува. Сепак во зима повеќе ја користам Клиник Супермоистур. Вака горе доле имаме слични проблеми со кожата. Во поглед на долготрајност мене ми е ок, цел ден без проблем. На носот секогаш ми се бришат пудрите па со малку пудра во прав фиксирам и топ си е. А многу ми е интересно што има на пример денови кај што цел ден е буквално на мене од 8 сабајле до 8 вечер можда некад и више и навечер кога ќе земам да вадам шминка со млеко и памукче на памукчето немам ништо, никаков остаток од пудрава, а лицето ми е исто ко да не испарила е ова не сум утврдила уште зошто е вака И Лореалот ми е исто така супер, мене ако ме прашуваш одличен избор на пудри си направила. Па пиши како ќе ти се погоди Диорот.
L'oreal true match за сува кожа е, така? Кажете ми каков подтон има пудрава? Жолт, неутрален или розов? Јас ја имам Bourjois healthy mix, супер си е пудрата, ама тоа жолтиот подтон ме уби, па барам соодветна замена со неутрален или розев подтон.
Имаш со сите подтонови. Доста нијанси има кај нас и како што ги имам видено има од сите. Ќе бараш вака со буква C ти се cool ладните подтонови, N неутрални, W warm топлите под тонови. Јас N4 ја имам користено, за сува кожа би рекла дека е затоа што по структура е доста течна и лесна, а убаво покрива и му дава некој убав сјај на лицето, не е мат значи.
Лореалот го помина шестчасовниот тест. Совршен. Другарка ми ми рече само многу си ми чудна, лицето ти изгледа некако нежно. Бојата ми е легна одлично, не ми се создаде сјај, не ни морав пудра во прав да ставам и слично, покрива одлично,особено овие ранички-мозолчиња што ми излегоа, онака сосема ок камуфлирани, природно како што сакам, а не како демек ништо нема, а очигледно е дека има нешто под пудрата. Препорачувам!