Па оваа ја има една моја другарка и не ми се гледа многу убава (барем нејзе ништо не и покрива), а јас ја користам оваа претходно што ја постирав и многу сум задоволна, лесна е, покрива се и не се ни приметува дека имаш ставано пудра. За мерак.
И јас си земав од Мenhten од црната убава ми е покрива се одма а не можев ни кај нас да најдам од таа плавата никаде немаше.
Изгледа јас ќе бидам единствената личност што ќе се пожали од виши пудрата Пудрата стварно преубаво покрива немам зборови....ама мојата мрснотија на лицето е посилна....си светнувам после 1 саат и ќе си кажам дека ревлон е д бест
Каде бе 120? за 120 ни сунгерчето нема да ти го дадат иначе е 840 ден, и се убаво али во однос на другите пудри се троши многу побрзо, пошто е крем пудра и е околу 11гр, додека класичната течна пудра е 30мл...
Тренди јас ја користам оваа Ластинг перформанс со години. Мојата е 105, софт беж и ми одговара ептен. Покрива убаво, не изгледа како малтер да си нашлапала и т-зоната не свети. Сепак сакам сега да ја пробам Мирикл тач. Малку е поскапа, а мало е пакувањето ама мислам дека вреди.
Девојки, планирам да си купам некоја од пудрите на Vichy, дајте ми совет која да ја земам, инаку имам не многу масна кожа... (да прикрива што повеќе ) Едит: Што мислите за оваа ?
ТРЕНДИ НЕЕЕЕ! Како бре ќе ја повлечат од производство????? Ќе се обесам.... И...само 77ката или цела колекција ќе ја повлечат? Антибактериската?
^ Изгледа само 77 Хајди. Засега. За сметка на тоа што имаат некоја нова линија на производи и наводно, скратиле од овие, боја или две. Ама оваа веќе ја нема во Unique. Уште ме убедува таа таму, ама и онака ти беше темна девојко. Сакав да речам мори мавни се таму . . .
Оваа многу прикрива и се користи буквално помалку од зрно грашок. Убава е, ама не ти ја препорачувам за дење. Не се познава како маска, ама сепак многу е густа како за секој ден. За излегување и специјални пригоди сум немала подобра. Е сега не знам нијансата дали ќе ја погодиш, зашто немаат голема палета на нијанси. Мене најсветлата совршено ми се погоди.
Фала ти Ливинг, а за тоа дека немаат многу избор на нијанси видов на нет, има само 4 Ај се надевам дека ќе ми се погоди некоја од нив (специфичен тен имам ) Инаку пудрата ми треба за вечерно излегување, а и овде не е многу скапа - 20 евра е...
^^ Оваа ја користам и јас, и одлична е! Земи си ја нема да згрешиш. Навистина покрива се, ама како што вика Глам внимавај да не претераш, доволно е сосем малку да нанесеш и се размачкува и истовремено покрива. Сепак јас повеќе ја користам за вечерно излегување. Каков тен имаш? Јас го користам тој неутралниот 25 - nude, кој пак за летно време не ми одговара бидејќи сум потемна, ама во лето не ни користам пудра, само бронз ставам на лицата
Пирамитке може да се каже дека имам светол тен, со оглед на тоа што имам темни очи и коса.. Eве на пример од Revlon, "ColorStay" ја користам: 180-Sand Beige , од скоро сите на Deborah ми одговара: 1. Fair, пред 3-4 години кога ја користев "Time+" на Seventeen ја имав 4-ката т.е Medium Beige и од прилика која нијанса би ми одговарала (во аптеката инаку им беа потрошени тестерите )
Сенца имаш мислам и Sand од оваа пудра, ќе мораш сепак да видиш на лице место и да испробаш, не можеш вака на памет. Nude е баш неутрална накај светла. Мислам дека и со таа нијанса нема ништо да расипеш Ајде па пиши како си задоволна откако ќе ја купиш пудрата. Јас не би ја менувала за ниедна друга.
Сестра ми ја користи Dermablend на Vichy и е супер, само еве бара месецов низ ниедна парфемерија ја нема тука, ќе може да ме информирате од каде ја купувате?
А Реплек аптеки каде има? Јас кога влегувам во аптека не ме интересира многу името, само Зегин ги распознавам.