Моето мислење е дека и не е баш за сува кожа, ќе го суши лицето. Јас имам нормална до комбинирана кожа (мрсна т-зона) и користам Loreal true match nude beige w3 (warm). Мене ми совршено одговара. Еве ја ставив сабајле во 6, се уште совршено стои, никаде не ми сјае лицето, што е случај со другите пудри, после извесно време пробива сјајот на т-зоната и ужасно ме нервира. Со ова немам потреба од камени пудри. Баш добивам некој убав природен, изедначен тен.
Денес си ја купив пудрата на Estee Double wear,камената пудра, ја земав с 15% попуст , морав да земам пудра бидејќи немав никаква а не ми се чекаше 35%. Пудриве на Есте се совршенство, не постои по совршена пудра од оваа , кога ќе нанесам малку од течната на есте се се пкрова на лицето а кога ќе се помине со камена, лицето е како фотошопирано. Искрено не ми е жал што давам толку пари на пудри, знам дека вреди и не се заџабе фрлени парите Се уште ја немам пробано пудрата,но во продавницата кога ми нанесе продавачката врз течната,останав шокирана од тоа колку убав резултат дава
Essence, All about Matt, транспарентна камена пудра, 229 ден. If you are on a budget, шо би рекле Американците. А, ако ти се даваат парички, читај го коментарот над мене.
Ај некоја препорака на подлага за лице добра, значи во последно време експериметирам со пурдиве и ниедна не ми држи толку мат бидејќи имам мрсно лице, не можам да си ја најдам иделаната, а парите ги фрлам за глупости.
^^ Новиот прајмер на Essence All About Matt, бело со црвено пакување. Многу блогерки го фалат, јас утре го купувам. Во ДМ цената му е 255 ден.
јас ја користам пудрата trendy all day wear ми ги суши акниве и не ми е мрсно лицето со неа поточно при крајот на денот маалку светнува (имам мрсно лице склоно кон акни)
Оваа би ти ја препорачала , многу е фалена, а јас и сенза ја имаме пудрата за мрсна кожа и многу е добра , можеш поназад да прочиташ незнам до колку пари сакаш да дадеш,но нема сигурно да бидат за џабе фрлени парите за овој производ.Инаку мене денес ми дадоа тестери од подлогава па баш утре ќе ги пробам.
Потребна ми е покривност и мат ефект. Дали оваа камена пудра на макс фактор е добра и погодна за мрсна кожа? Ако имате искуство со оваа или некоја друга со поприфатлива цена, а ист ефект плс споделете, итно ми треба.. Лицево ми свети како лампион
Баш оваа пудра ја немам користено, но ако ја пофалат феминкиве би ја пробала Инаку ја зедов пред 2 недели Камената пудра Final Touch од линијата Color Trend oд Avon..значи пудрава е совршенство, преизненадена сум..го имав истио проблем, по неколку часа светнував ко лампион..имам многу мрсна и проблематична кожа...течна користам Rimmel Stay Matte и одозгора камената...Преубава е, ти ја препорачувам и не е воопшто скапа, во прошлиот каталог зедов 2 производи за 260 ден, како акција нешто имаше и си зедов 2 камени пудри, оваа што ти ја фалам а другата беше против масен сјај но таа не ми се допадна баш, само една нијанса е и премногу е светла...инаку од Final Touch нијансите се Translucent Tan и Translucent...јас ја зедов втората, посветлата..и ми е супер..инаку имам светол тен. Во тековниот каталог пудрата е поскапа 239 ден е, инаку обично поефтина е.. Се надевам дека помогнав
Би ти ја препорачала Lancome La Base Pro Јас не сум љубител на Ланком производи поради тоа што ги тестираат на животни. Моето мислење сега не е битно затоа на кратко ќе напишам едно резиме за базава. Јас ја купив пред едно 2 години и мислам дека подобра подлога не постои. Јас ја тестирав така што ја ставив на лице преку ден и ми траеше до другиот ден со оглед на тоа што бев на долга свадба Не предизвикува ама баш никакви проблеми на лицето. Инаку имам комбинирана кожа, накај нормална и не светнувам. Инаку ако имам некоја посебна прилика и сакам да ми стои шминката да биде совршена до крај,тогаш нанесувам од базава. Но повеќе од тоа што ми е мака да не оди во ѓубре инаку навистина не ми е потребна. Ја купив по препорака на другарка која е врхунски шминкер во Загреб,но тогаш бев у филм и сакав да купам кавалитетна база и покрај тоа што навистина ми е непотребна. Да не заборавам дека другаркава ми ја фалеше дека е добра и за девојки со ептен проблематично лице баш поради тоа што се работи за селиконска база и ептен го средувало лицето. Мана и е само цената Базава има гелкаста структура и не треба количински многу да се шлапа на лице. Дури во зависност од кожата може само на деловите на кои светнуваш да ставиш. Предобро го матира лицето и пудрата ептен добро си легнува одозгора. Да напоменам дека е Oil-free што значи дека е погодна и за оние со ептен мрсна кожа. Лицето не го исушува,иако е мат зошто многу матирачки бази знаат дополнително да го исушат лицето,што не е случај со оваа. Ланком ја препорачува за сите типови кожа, но според мене е сулудо да ја користи некој со сува кожа!
Ја зедов каменава на Max Factor пред околу 2 недели, заедно си течната Rimmel Stay Matte. Имам комбинирана кожа, светнував за неполн час со други течни и камени пудри. Можам да кажам дека поубаво нешто на лицево немам ставено! Не ми светна лицето цел ден, при крајот на денот забезежав малку. Ја прави кожата преубава и свиленкаста, го нема тој ефект како брашно да е. Ја користам и само со коректор преку ден и е прекрасно. Ја зедов 05 Translucent. Беше мислам 390 ден. Нема да згрешите ако ја земете. Супер е, вреди Спојлер пребарував малку на нет откако ја зедов, значи оваа била првата камена пудра, мислам дека не е променет составот уште од 1953 год
ајде помагајте околу изборов...се мислам меѓу двеве пудри, ги пробав и двете,лицето супер ми ги прими..само што не гледам некоја разлика и двете ми се допаѓаат и не знам за која да се одлучам. Кој ги има користено подолго време нека пишат впечатоци... и
Девојки се извинувам ако ве замарам, но сакав да ми даете еден совет. Досега користев пудра L'oreal Ifaliable, па сакам да ми предложете некоја слична да има добра покривност (ми се јавува црвенило на образите ако ми е премногу топло или ладно)и да не биде многу скапа до 800 денари, сепак за секој ден ми е. Инаку кожата на лицето ми е нормална. фала однапред...
Епа вака: Во Вторник ќе се сликаме за полуматура, но јас сум поболена и носот ми е црвен како пипарка за ајвар. Па, каква пудра или коректор да ставам за да го покријам? Ако не можеда се покрие, нема ни да се сликам, не ми е тешко тоа.