Зелен коректор купи си, има низ парфимериите ќе се снајдеш, само побарај им. А на сликата и онака нема да се познава, ќе ги обработуваат дополнително во Фотошоп.
Стави си обична пудра каква што си користиш, пошто ти прават фотошоп и има да бидеш бела како дух. Кажи им после сликањето тие делови каде што се црвени да ти ги поправат. Кога се сликавме ние, јас имав ставено многу малце пудра и маскара, кога ми ја дадоа сликата неможев да се препознаам.
А каква пудра, каква маскара? Давајте совети. Јас сега морам се` да купувам бидејќи сестра ми си ги зеде сите шминки во Италија.. Така да, поима немам што е најдобро...
Се согласувам со Baby-bubu. Тогаш ставив малку руж само кој н сликата не се забележува воопшто, да се вратам сега во времето ќе си ставев бронзер за малце контурирање и боичка, не вака како еднодимензионална Имав и светло розев сјај, али очигледно требало да ставам кармин како бојата на усните. Среќа си ставив црно моливче за очи и маскара па тој дел е повпечатлив.
Јас кармин, сјај, таков нешто нема да ставам. Само безбојно лабело, бидејќи сум алергична на кармини и сјаеви. Но, прашањето ми е, каква пудра да земам? Имам многу бледо лице, како жолто ми е, И каков туш или моливче, или маскара? Ништо немам моментално...
Девојки сакам мислење за пудрата на Малена што е.Ми се гледа многу ефтина но има многу девојчиња што ја фалат и велат дека е многу лесна а мене ми е страв да ја нанесам на лицето за да не ми излезат некои акни.Инаку имам пробано многу пудри како што се seventeen,max factor и други а сега моментално имам една од Швејцарија.Лицето ми е многу осетливо па сакам да ја пробам и таа на Малена.Мислење?
lightning123 Напиши на јутуб photoshoot makeup или picture perfect makeup, би требало да ти помогнат туторијалите
Хахах.. Фала за советот, но не ми треба начин на шминкање, ќе ме нашминкаат мене. Која пудра e добра за прекривање на црвенило, што се продава овде во Македонија? И име на пудрата, а не опис. Тоа ми е прашањето. А исто и маскара, туш, молив. Изгледа никој не ме разбра
Женски имам нормална кожа, која пудра би ми ја препорачале, Фломар, Буржоа или Лореал? Не ми треба за секој ден, туку само за излегување навечер и посвечени прилики. Преку ден не користам пудра, ептен ретко ако се погоди некој настан.
Јас те разбрав Вака, моливче за очи моментално користам од Годен Роуз, би ти ги препорачала добри се. За пудра убава е минералната од maybelline, одговара на комбинирана кожа, само треба да си одбереш нијанса. Од римели, најзадоволна сум од Rimmel, го имам тој за издолжување на трепките, ептен ми се погоди Исто така, месецов нарачав моливче за очи од Авон, самоостречко, порано го користев и многу е добро го користам наместо туш за очи (различни има, со мат ефект или со светки, двата се предобри). За кармин полесен е изборот, зависно од тоа какви нијанси сакаш, мат/светкав, опиши па ќе ти посочиме. Се надевам колку-толку ти помогнав, ако треба уште нешто слободно прашај. Поздрав
Прво, фала што си ме разбрала Второ, која им е цената на тие? Трето, од каде ги купи? Од парфимерија или супер маркет?
Си користела толку убави пудри и сега сакаш да ја пробаш пудрата на Малена?? Немој да си помислила, тоа е мое мислење..и јас имам многу осетливо лице...еднаш снемав пудра па и зедов малку на другарка ми само за една вечер, таа користи пудра од Малена...лицето ми се направи цело со акни само 3-4 саати што ја поносив..немој да се залажуваш..пудрата е катастрофа, има слични состојки како Импалата, содржи жива и многу е штетна, не за џабе е толку ефтина...најмизерна пудра ми е значи..од мене големо НЕ!
devojki ae ve molam da mi kazete nekolku zbora za pudrata ESTE LAUDER i kolku se dvizi cenata ? blagodaram (se izvinuvam za latinica ama od mobilen sum vklucena )
За Double wear ли те интересира јас ја користам,можеш да прочиташ поназад, пудрата е за мрсно лице со полумат финиш, стои се додеа не ја извадиш,вреди за парите, инаку е околу 2900 , јас ја зсмав од грција 29 евра
За твоето лице, на тие години, доволна е ББ крема или некоја лесна пудра на Есенс.Тоа е мојот предлог.Појди во било која парфимерија, Космо, Шатци и ке си најдеш се што ти треба, ке видиш на лице место и цени и ке си избереш по твојот вкус.
Јас се зачудив зашто мора да нанесува пудра на тие години, и овде на форум ние ти нудиме на нас што ни одговара а ти не ни спомна каква кожа имаш. Земи со бб крема или некој коректор како што пиша девојчето погоре, не си го измачувај лицето уште на 14 год
За пудра не е лош предлогот на Oblace, би ти одговарала ББ кремата доколку немаш посериозни проблеми со лицето, како што се акните. Не е покривна, ама за чисто лице е супер. Иначе цената на минералната пудра се движи до 600 денари, јас ја купувам од ДМ, ама ја има и во Космо, Шатци и др парфимерии. Цената на моливчето за очи е околу 100 денари и го има во Голден Роуз. Од маскарата има различни видови, за волумен е околу 300 денари, а за издолжување на трепките е поефтина, мислам дека беше 200 ден. Исто ја има во ДМ и по парфимерии. ББ кремата ја има и по маркети и цената мислам дека и беше околу 300 ден. Се надевам ти помогнав
Девојки пудрата ми е при крај,треба да си купам нова.И би ве замолила за помош. Досега ги имам користено пудрите Римел Ластинг Финиш и Мајбелајн. Задоволна сум од оваа на Римел,одлично покрива,онака од прилика чисто ми е лицево ја користам колку да ги прекриам пегите што не ми се ни дотолку црни. Сакав да прашам дали пак да си земам некоја пудра,да ми препорачате или пак да земам ББ крема. Несакам да ја сменам оваа од Римел,ама во градов каде што живеам само во една парфимерија ги има производиве а не ми се верува сега побрзо да набават,нијансата што ми треба ја нема. Однапред благодарна.