Женски цената на оваа пудра, секаде различно слушам дека се движи, каде би ја нашла поефтино во Скопје? дали е доволно покривна доколку се користи без течна?
До сега немам користено пудра често, всушност само двапати. Кожата ми е прилично чувствителна, ако се допрам со лицето, а пред тоа и книга да сум фатила, веднаш ми излегуваат акни и црвенила, па затоа вас ве прашав. Што знам, овде ве има повеќе, и поискусни сте, а јас никој искусен со шминка не познавам.
Доколку си за некоја од овие, нема да згрешиш во изборот на ниедна од нив, + имаш тестерчиња во Космо мислам можеш, онака чисто да видиш како ти лежи на кожа, за цените од 1500 нагоре до кај 3000ден, но се временски трајни доволно за да цената се исплати.
Жени ми излегоа црвени акништа на образите,ја имам Ревлонот ама тешка ми е некако за секој ден сега се мислам за овие две.Римелот е на попуст во Дм 455,оваа другава нели е дупло поскапа ама нема врска која е по покривна ме интресира,инаку за комбинирано лице
Кала, пудрата на Римел е попокривна, Хелти миксот ќе ти врши работа колку за изедначување на тенот, ана типот на кожа мислам дека не би ти одговарала. Другата е подобра во однос на покривноста, а мислам дека ќе биде добра и за овој тип на кожа. Јас имам мрсна кожа и супер ми е пудрава, би требало да ти биде океј со малку камена пудра на т-зоната.
Имам нормална кожа... Сакам да ја земам сега новата од Loreal invalibal 24 Casa што е...Претходно не сум ја користела, пробав тестер многу ми се погоди со лицево...Но некои ми викаат дека многу брзо го стареело лицето, а јас имам доста чисто лице...но користам за излегување...Што мислите вие...дали некој ја има пробано?
И јас имам нормална и ја користев оваа пудра. Супер е. Јас сум ептен задоволна колку трае и не се брише да се допреш како другите пудри. А за стареењево незнам прв пат слушам на неа ништо не пишува дека е за зрела кожа или дека старее, јас 2 пати ја купив не сум остарела Инаку ја најде некаде на попуст?
Ластинг финиш е попокривна од wake me up, но wake me up не е толку леплива и поубаво легнува на лице. Барем кај мене, според моите искуства е така. Нијансите им се потполно исти.
Девојки каква е таа компактна крем пудра, како камена ли , гледам во ценовникот на Авен па се мислам дали да ја купам
се извинувам што тука ке го поставам прашањево но што да направам за кога ке прегрнам некого пудрата да не ми остане на негобата кошула?
Веројатно треба да ја смениш пудрата Инаку ја земав Wake me up 201 и нормално неможам да чекам до утре да ја пробам сега ставив и супер ми изгледа на сијалица едвај чекам да се видам утре на дневна светлина
Ми заврши старата пудра и сега сум во потрага по нова,ама нели секое ново нешто мора да биде подобро од претходното,за таа цел да не направам промашај,нека ми препорача некој убава пудра за сува кожа
Да си ја семниш пудрата..јас мислам дека повеќето пудри оставаат трагови,тоа да си прашаш пред да земеш некоја Инаку пудрава што ја користам на Estee Lauder Double wear не остава трагови
Да пријавам, Диорот ми е тежок, барем за моето лице. Ми ги шири порите и ми создаде веднаш мозолчиња. Ќе пробам уште еднаш да се осигурам дали е од него. На текстура не е лош,на изглед супер,фотошопиран, ама афтр ефектот исто така ми е важен, од прва не беше најдобар.
Мислинот дефинитвно не е за мрсна кожа, мене барем не ми се погоди, има средна покривност и не е баш мат, за брзо време светнува лицето. Ставам под него камена пудра ( Дебора) ама сепак не ми се допаѓа, не одговара на мојот тип на кожа.
Која е цената на пудрата? Имајќи предвид колку се маскарите на Мислин прекрасни, би сакала и пудрата да им ја пробам...Ако не ми одговара на кожата си се враќам на старата добра Римел Лонг Ластинг...