Сакам да си купам нова пудра. Моментално ја користам на Авон обичната-Nude нијанса и некако многу ми ја мрси кожата , ваљда до пудрата е. Имам и јас мрсна кожа на лицето ама коа ќе се избришам со Дермогалот, кожата некако се враќа у нормала. А ставам пудра, светам и коа допирам се осеќа мрсно и многу ми смета тоа?? Што би ми препоралаче да превземам??
srcence1607 Јас користев такви лосиони против акни и забележав дека кожата почнува уште помрсна да ми станува, наместо спротивно. Сега правам два пати неделно пилинг, а секојдневно користам лосион за чувствителна кожа без алкохол од Балеа. Можам да кажам дека веднаш забележав подобрување. Врз течата пудра поминувам со камена на те-зоната и раат сум цело излегување.
Девојки да ве прашам дали ја има некој користено оваа новата на Rimmel - Stay mate течната. Читам сте ја спомнале на темата ама нема подетални забелешки. Ме интересира која е разликата помеѓу оваа и Lasting finish, - неа ја имам користено ама некако ми е премногу густа и леплива.. е сега оваа Стеј мејт во што е различна?
Јас ги имам и двете , според мене оваа Стеј мат е подобра, разликата е во структурата оваа има по кремаста структута и поубаво се размачкува и е многу по мат од од другата . Со оваа јас не користам камена пудра
Оваа пудра е наменета стриктно за мрсна кожа и голем плус има затоа што не содржи парабени, а содржи камилица, така што мозолчињата ги суши, барем кај мене има такви ефекти, за среќа нема појава на нови мозолчиња. Инаку навистина е скроз мат, цело време седи на лицето, не се подмрднува и изгледа доста природно. Јас ја имам нијансата 103 која е идентична со мојот тен, пудрава изгледа толку природно, што воопшто не се ни заприметува дека имам ставено пудра, а воедно ти ги покрива сите црвенила и несовршености.Ако ставаш само течна тогаш супер, добиваш природен изглед со пудриче за ефтини пари а ако користиш камена тогаш малку потешко ќе ти биде дури да си погодиш, бидејќи течнава е мат, кога ќе ставиш камена се насоберва пудрата за 2 часа, ваков проблем имав со камената на Catherine Arley, но со камената на Аvon од линијата Color Trend, со розево сунѓерче што е, со неа пак немав такви проблеми, значи треба да испробаш со камените да видиш како ќе биде.Мене ми ја пофалија камената од истата линија Rimmel Stay Matte, па сега во план сум да ја купам неа да видам каков изглед ќе даде таја. Инаку другава пудра ја немам користено така да, неможам да кажам за неа. Од мене ДА, за течната пудра на Rimmel Stay Matte, ти ја препорачувам многу !
Епа женски од ко ми ја испофаливте пудрава ете решив да ја земам, вчера ја купив и моите коментари се следни. За разлика од другата пудра на Rimmel - Lasting finish.. оваа некако е по кремаста, поубаво се размачкува и не лепи. На лице многу поубаво легнува од таа другата и не изгледа како зациментирано, одма добив и комплимент од другарка ми дека не сум изгледала воопшто како пудра да имам и не ми се познавало апсолутно ништо на лицето (со оглед на тоа што таа има око соколово и веднаш наоѓа маани значи пудрава стварно ја бива) Друго прочитав дека е на природна база, со камилија и памук.. и стварно на кожата ја осетив како воопшто да ја немам ставено. Е сега малце нијансите ме разочараа некако ми се многу портокалови јас ја земав True ivory и пак некако ми беше како темна, инаку јас имам многу светол тен. Ќе пробам со камена некако ќе ги усогласам. Инаку за парите пудрата е супер, се зачудив за покривноста ми ги покри флеките од акните сосема. За издржливост не можам уште да кажам бидејќи на мене беше само 3 саати а цело време бев надвор шо значи во овој случај не мрдна, а сега во контакт со топлина не знам како ќе се покажи бидејќи обично од топлото се бриши пудрата брзо. Тој што има намера да си зема лесна и покривна пудра за секој ден нема да згреши!
Првата, ластингот, вторава мислам ќе биде тешка за нормална кожа, бидејќи нели е 3ин1 прајмер, коректор, и пудра
Јас се мислев да земам на Rimmel и ми ја препорачаа оваа пудра за мојата кожа. Ама некако немаше многу критики, а ниту пофалби за оваа пудра, неможев да најдам никој што ќе ми каже збор, два, а и мислев дека е многу тешка, па ја земав на Essence. И таа ми се погоди, супер е, ама сега со твојов пост ме заинтересира. Мене покривност не ми треба, само изедначување на тенот и не сакам да е тешка, а гледам дека си напишала дека е доста лесна. Не ни ставам многу, есенсот ја имам полни два месеца, може и повеќе и цело тубиче ми стои, не е мрдната. Како и да е, најверојатно ќе ја земам оваа да ја пробам. Ако не ми одговара ќе си се вратам на есенсот. И би било убаво сите вака детално да ги опишуваме пудрите. Се добива јасна слика. Напишете поголем пост, нека не ве мрзи. Само неколку феминки го прават тоа и само нивните потови ги читам, најискрено. Зашто од една реченица, ништо не можеш да сфатиш. Плус, се полни темата со многу непотребни постови, секој потпрашува нешто и нема никаква прегледност. Само предлог е ова.
и мене ме интересира за оваа на макс фактор ластингот одговара ли за сува кожа? Јас како што знам е за мрсна кожа ама сега скоро ме шминкаа со неа и шминкерот ми рече дека е за сите типови кожа ок ми стоеше на лицето само што некако брчките ми ги изрази малце повеке
Ја користам менхетен за мрсна кожа (во црна тубичка што е) sand 80 , која нијанса на ревлонот најмногу би одговарала?
180 Sand Beige, дефинитивно (од лево). И јас од Менхетенот користам sand 80, па оваа од Ревлон 180 ми одговара совршено. Многу е природна
Макс Фактор немаат некоја строга поделба на пудрите по типовите на кожа и постојано потенцираат дека одговараат за секоја кожа, но ти сама ќе си приметиш колку и дали некоја пудра ти чини или не. Ако мислиш дека ти е океј - земи ја. А за сува кожа знам дека е добра онаа X-perience, со зеленото на тубичката. Пробај ја и таа па види си.