фала ти , иначе мислам оваа x-perience ја нема повеке така прочитав на нивната официјална страна, мене ми треба некоја со голема покривност мислам оваа ластингот е доста покривна..некоја друга така за сува кожа многу покривна?
И јас денес ја купив, утре ќе ви пишам дали ми е погодена. Инаку цената и е 320 денари. НО во ДМ денес имаше 20% попуст на сите римел производи, па ме фати 250 денари
девојки а камена пудра иде ли на суво лице? значи тотално сум во збунка откако ме нашминка професионален шминкер и ми стави и камена и лицето супер ми беше, а јас цело време знам дека камената е само за мрсна-комбинирана кожа сега некако мерак ме фати да си купам камена
butterflysk камена пудра оди на суво лице. Само зависи од тоа што ќе ставиш претходно. Камена пудра без крем за лице или подлога не би требало да се користи (ова ако планираш само камена да користиш).
И јас имам нормална и ја користев оваа пудра. Супер е. Јас сум ептен задоволна колку трае и не се брише да се допреш како другите пудри. А за стареењево незнам прв пат слушам на неа ништо не пишува дека е за зрела кожа или дека старее, јас 2 пати ја купив не сум остарела Инаку ја најде некаде на попуст? [/qu 880ден. Беше во Елит валда тоо е нормалната цена
Девојки имам мрсна кожа на лицето и премногу црнки и малце флеки од акни . Е сега да ми препорачате некоја пудра што би можела да го покрие сетоа тоа, а воедно и да трае повеќе. Спојлер и секако, да не се познава многу
Rimmel Stay Matte - за мрсна кожа, покривна е( ја користам за флеки и црвенила), лесна, дава природен изглед, убав мат ефект...башка тоа и ефтина е, скоро секаде е 320 ден.Ти ја препорачувам
Барам совет од девојките што користат или користеле Естее Лаудер Double wear, да ми помогнете да одберам нијанса. Значи имам светол тен со жолт подтон , беличка сум бааѓи. Нешто што ме збуни е дека на официјалната страна од Есте Лаудер се едни бројчиња (ми гледаат темни ко за мене) а на странава на www.StrawberrуNET.com еве на пример има нијанса Cool vanila а на официјалната страна не постои таква нијанса. Таму има 1с1Cool bone, и сега таа е истата??? Врска немам, ај некој нека појасни шо знае.
Јас ја користам пудрава на Есте , мојата нијанса е како на официјалната страна на Есте - 2C3 Fresco , сега има многу страни за одредување на нијансата па нека пишат другиве девојки на форумов во врска со ова. А од каде сакаш да порачуваш? Од странава што си ја поставила погоре? Мој совет е прво да си пробаш на тестер па потоа таа нијанса да ја бараш преку нет , зашто големи се шансите да се згреши вака без да пробаш како ќе ти стои А и за странава незнам дали ти е сигурна т.е. дали се оригинал работиве што ги продаваат,да не си дадеш толку пари а да е некој фалсификат?
Е па и јас тоа се мислев. Порано некоја феминка ја пофали странава што ја пишав погоре па често ја разгледував. Затоа прашувам , пошто јас кај што живеам нема да ја најдам Есте Лаудер сигурно по парфимерииве и незнам кај нас како се означени нијансиве??
Ја купив на Vichy и се каам. Лично јас воопшто не сум задоволна. Лесна структура, покривност просечна, се гледа дека имаш пудра, остава страшни флеки при контакт со нешто, лесно се отстранува при вадење. 1300 ден во ветер... Тоа е тоа, ќе ја користам додека не ја потрошам, ќе ја чекам Есте на попуст во Сефора во Солун, а втор пат толку пари на оваа пудра нема шанси. За овој ефект што го дава vichy,комотно можеш со пудра од 200-300 ден да го добиеш.
Знам дека во Мк ги нема сите нијанси, баш со феминката сенза.пароле правевме муабет во врска со пудрава ,инаку производи на Есте има во Космо само.Јас мојава пудра ја купив 29 евра на попуст во Грција инаку е околу 42 нормалната цена ,а тука скоро сите нијанси ги има ,така да ја би ти препорачала ако имаш по некој да ја порачаш или па да тркнеш до Солун и да ја земеш многу би ти се исплатило плус Сефора имаат секоја недела попуст на одреден дел од козметиката на сите пудри или на сите кармини итн така да можеш да начекаш и за поевтино да ја земеш, ти кажувам во врска со нијансите знам дека одам од една тема во друга ама ако сакаш и поевтино да ја земеш нели во космо цената е 2900 а и во МК исто се означени нијансите ко на главната страна на есте
Есте ја наоѓаш со различни имиња на нијансите зошто формулата на пудрата е сменета пред година-две, а со новата формула и нијансите добија нови имиња. Претходните имиња на нијансите се разликуваат од новите и гледајќи ги на нет само непотребно ќе се збуниш. Без да пробаш лично на себе, никако купување. Оди си во Космо или во Шатци и пробај си, разгледај си, а ако веќе гледаш на нет, води се според официјалната страна на Есте Лаудер, а не според други страни (мада не можеш никогаш да ги доловиш вистински нијансите на екран)
Е сега е појасно, веројатно тука лежи зајакот , ух ќе се помачам ама мора да вреди, идам Скопје бирам нијанса а после одам Солун и си ја купувам на попуст , нема трето. Туку муабетов ми беше на страната што ја пишав изгледа се постари па затоа се и поефтини . Е фала ви женски.
^ И јас сакав да ја нарачам Estée Lauder од истата страна ама не можев да се одлучам за нијанса и отидов до Космо, мислам дека цел саат потроши девојката таму со мене, за на крај да одберам тоа што ми одговараше најмногу. Искрено нема воопшто избор на нијанси, околу 5-6 максимум и малку е тешко за одлука бидејќи реално е висока цена за пудра и грешка при избор не се толерира. Презадоволна сум, ја имам 2C1 Pale Almond и совршено одговара на мојот блед тен. Другите што ги пробав имаа некој розев подтон или беа премногу темни за мене. Обично на пролет и лето користам средства за самопотемнување на тело и со малку бронзер пак изгледа супер на тенот. Нареден пат кога ќе ја купувам ако не ме носи патот накај Солун најверојатно ќе ја нарачам од интернет кога веќе си ја знам нијансата зошто е поисплатлива варијанта отколку да ја земам од тука. За квалитетот не дискутирам, со неа лицево ми е совршено како првиот саат така и во наредните 12. Јас имам некоја лоша навика да си го фаќам челото и најчесто таму ми се брише пудрата во текот на денот ама со оваа не мрда ништо. Дури и шминката покрај неа не ми мрда, се си е фиксирано како првично ставено и секој пат кога знам дека ќе имам подинамичен и подолг ден се потпирам на неа. Пред некое време ја нарачав и CoverGirl Outlast Stay Fabulous 3-in-1 за која читав супер критики и многу ја фалеа на YouTube и со душа чекам да стигне да видам дали е нискобуџетна и достојна замена за Estée Lauder. Се надевам само нијансата си ја погодив зошто ја земав буквално на слепо, ама со оглед на тоа што немав каде да ја пробам и цената е далеку попристапна вреди да се ризикува. Спојлер https://www.youtube.com/watch?v=J1Ocq8bsc0E
Која на VIchy ја зема? јас ја имам Дермабленд и сум супер задоволна....порано ја користев Есте ама сега ради СП факторот ја земав оваа и не се каам ,,,,јес да остава малце трага не е ко Есте ама СП факторот сега за летово топ врши работа до сега таков СП фактор не сум нашла од другите пудри едино Нормадермот е за никаде да не си ја земала таа?