Девојки сакам да ја искористам понудава, па кажете ми која од овие пудри е најодбра за сува кожа. Ви благодарам многу
Дерма бленд и јас ја купив, и далеку подобри ми беа од неа Боржуа 123, Ревлон, Менхетен црната, Боржуа хелти и Боржуа фловер, па дури и Севентин велвет. Најскапа е vichy од сите овие, а најлошо прекрива и се познава. Штета што ја расипаа Боржуа 123 Перфект. Каде оди оваа понуда-акција?
^ Rubi дали ставаш крема/ подлога под дермаблендов? Јас кога ја купив на почеток ставав, и јас како тебе не бев задоволна и бев револтирана, отидов во аптека на карање, сепак 1200/1300 не се малку пари, и ми кажа дека не се става ништо под неа, само над неа, доколку сакаш да затемнеш или осветлиш некои делови на лицето... Од кога ја користам така, немам никакви замерки. Пробај така ако немаш пробано веќе.
Пред некое време ја нарачав и CoverGirl Outlast Stay Fabulous 3-in-1 за која читав супер критики и многу ја фалеа на YouTube и со душа чекам да стигне да видам дали е нискобуџетна и достојна замена за Estée Lauder. Се надевам само нијансата си ја погодив зошто ја земав буквално на слепо, ама со оглед на тоа што немав каде да ја пробам и цената е далеку попристапна вреди да се ризикува. Спојлер https://www.youtube.com/watch?v=J1Ocq8bsc0E [/quote] Го гледав видеото, изгледа не е скапа? Од кај ја нарача?
Девојки, ај препорачајте ми некоја добра покривна камена пудра за мрсна кожа ? Да дава убав природен изглед а не брашно ефект...решив да ставам само камена пудра, сепак прашеста е, па мислам дека нема да ми прави проблеми толку на лицето...нема да ставам течна пудра некое време, да ми се смири лицето и да ми одмори малку од течните пудри..со прикладна цена...ете да речеме до кај 500-600 ден..чекам предлози
Јас денеска си ја земав Healthy mix бр.52 заедно со комплет четки... Цената е 799 денари. За сува кожа е мелем, буквално. Инаку акцијата трае до 31 мај.
Девојки јас имам проблем со пудрите, посебно сега кога се стопли. Имав комбинирана кожа сега ми стана веќе мрсна особено носот и челото од секогаш ми се помрсни. Кога ставам пудра без мат ефект цело лице ми свети, а кога ставам некоја мат,на другите места од лицето е добра ама носот ми се лупи, каде што највеќе ми се мрси кожата . Некој совет , незнам веќе каква пудра да ставам, секако некоја мат ама ова со носот ме нервира, грозно изгледа
Јас мислам дека треба во кремот за лице да го бараш проблемот. Приметувам по мене дека ако не користам некој што целосно ми одговара на мојата комбинирана кожа, образите и мал дел од носот ми се лупат, а челото и другиот дел ми од носот ми светат. Мене кожава во последниве недели ми е пресушена, некако почнувам да мислам дека е од влажните марамици, па види и тука да не имаш некоја грешка. Сега се мислам дали да ја земам некој серум или тоник, лицето ми е пресуво на образите. Малце офтопик постов ама може ќе ти помогне.
Не е многу покривна, слаба до средна покривност има, ама ако имаш некои кожни проблеми не верувам дека би ти била добра во однос на покривноста барем.
Да тоа е се во ред и јас така мислев ама после едно потрошено пактче Боржуа фловер мене лицето толку црнки ми се напуни да неможев со ништо да ги средам ...а Виши порано користев Аера Теинт и на долг рок зборам после две потрошени стаклени шишенца јас немав последици исто ми се погоди и на Есте пудрата и неа ја корисев 2 години потрошив 4 шишенца ана сега ја земав дермабленд ради сп факторот можеби на долг рок ќе има последици неможам да тврдам ама дали некоја пудра е добра или не можеш да видиш дури откако ќе ја потрошиш....ова го кажувам пошто и мене навидум ми пријаше Макс фактор ама после едно шишенце мене лицето зелено ми стана (или сиво) незнам како да дефинирам ама тенот ми се смени....сепак Виши е медицинска козметика ...не е поента у тоа само добро да изгледа на фаца поента е што ќе имаш од лицето кога ќе ја извадиш пудрата...мада мене ќе повторам Есте ми е незаменлива и да поминат вруќиниве се враќам на неа секако...
Девојки во Космо (Зебра) има попуст на Есте Лаудер како аутлет имаат поставено полица само на одредени производи имаше и пудри меѓу кој ја забележав само Ideal Matte, за други стварно не забележав ама Double Wear сум сигурна дека ја немаше, не е битно, цената на Ideal Matte беше 1800 денари, што значи цели 1000 денари е намалена, вреди да се купи, јас немам искуство со оваа пудра. Меѓудругото имаше доста производи на попуст од Есте, ББ креми, чистачи, бронзери.... Попустот е доста голем погледнете си.