Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.902
    леле па јас тука на темава прочитав дека е за сува-нормална кожа и затоа ја зедов а имам сува кожа :( на другите делови од лицето е ок ама на носот катастрофа ;( фалаа :*
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Леле сега гледам, извини моја грешка :tmi: :D
    Сум се помешала со Rimmel Stay Matte (цело време за таа читам), игнорирај ми го мислењето.

    Таа пудра (Match Perfection) е за сува/нормална кожа и не знам зошто ти реагира така на кожата на носот. Сепак пробај со пилингот и повеќе крема на тој дел од лицето би требало да има ефект.
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    Jac доста долго време ја користам пудрава и сум презадоволна, покрива се и долго време стои. ^^ :)
     
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Големо НЕ за пудрата, исто и те молам пренеси и на другарка ти, ако сака здрава и сјајна кожа, не за Малена пудрата, а и воопшто за сите нивни производи би си земала за право да пишам.
    Ако стиснеш на срчот горе и пребараш за Малена, ретко кој ја користи и практикува, а уште па поретко некој да ја препорача, освен нели ако сакаш намерно некој да си ја унаказа кожата.
    Е сега, незнам колку години си, ни другарка ти незнам колку е, ама очигледно и она не знае, оваа пудра не е добра за кожата на лицето, посебно не за млади девојки, кои обично се лажат поради ефтината цена.
    Јас на тебе и на другарка ти од се срце ви ја препорачувам Rimmel Lasting finish, која стои доста природно на лице, има добри нијанси и се нанесува лесно, и за таа ефтина цена, има предобра текстура и добра покривност која трае. До 400 денари е, незнам баш точно.
    И НЕ за Малена, поздрав и до другарка ти, и до членката погоре која ја користе, разлистај низ темата, не сме луди 90 проценти од форумот кои не ја користиме и одобруваме пудрава на Малена. ;)
    [​IMG]
     
    На koritsaki и francais им се допаѓа ова.
  5. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Еве и од мене една кратка рецензија за пудрава:

    Max Factor - Creme Puff, Pressed Powder - Транслуцентна
    Цена не и знам, подарок ми е од дечко ми, ама не верувам дека е поскапа од 500 денари, споредено со другите камени пудри на Макс Фактор.

    Јас претходно ја користев (тука често споменуваната) камена пудра на Римел, од која бев многу задоволна и не верував дека ќе ја сменам, се додека не ми ја подарија оваа камена пудра, па сама се уверив во нејзиниот квалитет.
    Особено ми се допаѓа тоа што е транслуцентна па и на лето кога ќе се исунчам, нема да има потреба да купувам потемна нијанса.
    Конкретно, јас оваа камена пудра ја користам само за вечерни излегувања, ја ставам над течната пудра (Менхетен црна) и сум презадоволна од крајниот ефект, а тоа е кадифено лице без недостатоци. Јас ја ставам со четката за камена пудра на Макс Фактор, од која сум подеднакво задоволна и мислам дека и тоа до негде допридонесува за рамномерно поставена пудра, без влакна по лицето од четката. Пудрава не дозволува да светнам долго, не ја чуствувам на лицето т.е. лицето ми диши, не ми е како натрупано со 100 слоја пудра, совршено ми ги истакнува дури и веѓите - во смисла не сум како зацементирана, што мене ми е во прилог зошто често заборавам да ставам моливче за веѓи. :D
    Оценка 10/10.

    [​IMG]
     
    На mamma-mia, simoncelicius, anuskaNESTLE и 5 други им се допаѓа ова.
  6. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Jaс имам нова пудра фаворит, па морав да споделам.

    Тргнав по коректор и моливче на Голден Роуз во ТЦ Бисер, добив промотивно гратис шминкање и шминкерката на мене ја употреби [​IMG]

    Од првин бев скептик, бидејки ја иамм пробано крем-мјус пудрата на есенс [​IMG] и сем добрата апликација и рамномерно размачкуваше, не ми беше баш покривна а и не ми држеше долго.

    Моето лице е со акнести предиспозиции па затоа барам првенствено пудра за комбинирана до масна кожа, со жолт под-тон, да е добро покривна, да не остава траги и да трае барем 8 часа додека сум на работа на пример =)

    До сега имам пробано милион пудри, но користено имам неколку кои ми одговарале (некои многу некои помалку) но во принцип сум од сите задоволна бидејќи исполувале од повеќето фактори кои ги набројав.

    YSL Face Primer -Совршен прајмер, кој често го користев и како пудра но моментално не сум во можност да го набавувам заради цената.

    Manhattan Clear Face -Супер пудра, долго ја користев и доста ми одговараше, дури ја имав купено целата колекција, но со тек на време како да ги расипаа или мене кожата ми се презасити незнам..
    *Остава траги кои тешко се вадат од облеката

    Flormar Perfect Cover -Ја користев околу една година, на почеток задоволителна ептен, потоа ја сменија колекцијата, па некако послаба покривноста ми дојде, и не трае толку долго колку што би требало.
    *Остава траги на мобилниот задолжително :/


    И конечно сега сум пресреќна со новиов паудер-мјус на Голден Роуз, толку е лесна за аплицирање, изгледа природно , покрива а и долго останува на кожата. Буквално е сатинесто-прашкаста материја што ја осеќам како втора кожа. + Не остава траги на мобилен и алишта!
    Во комбинација со камената пак, поривноста е одлична. :)
     
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    67.810
    По многуте препораки на темава, ги земав течната и камената пудра на Rimmel Stay Matte.


    Многу ми се погодија, посебно течната пудра. Течната има одлична покривност, го изедначува тенот убаво и делува природно. Со оглед на тоа што конечно си ја погодив кремата за лице, пудрата се држи многу долго. Не се топи од топлово време (кај нас е +43Ц - +45 Ц периодов) и нема потреба од дополнителни коректори, бидејќи покривностa е супер.


    Камената пудра е добра, само матирачкиот ефект не трае долго, до 3-4 саати и толку. Делува природно исто така, не ми ја гуши кожата, но пакувањето е катастрофа.
     

    Прикачени фајлови:

  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Најтопло и од се срце ја препорачувам COVERGIRL Outlast Stay Fabulous 3-in-1.
    Тоа 3 во 1 значи дека е прајмер, пудра и коректор во исто време и со двете раце потпишувам дека е тоа точно. Структурата и е како на L'oreal True Match, ама со покривноста и трајноста не може да се спореди. Делува многу природно на кожата и веднаш се адаптира на лицето. Имам генерално чиста кожа освен тук таму по некое црвенило ама ги прекрива скроз со еден минимален слој.

    Не ми е јасно зошто кај нас не носат вакви работи ниту пак знам каде во близина може да се купат. Ако имате некои роднини или пријатели по Америкине или Канада порачајте да ви ја донесат, околу 10$ е. Феноменална пудра е, немам доволно зборови да опишам колку сум презадоволна.

    Се наоѓаат и на eBay, јас мојата за земав од таму и ме фати некои 22$ со се достава.

    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE, Sexybaby86 и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  9. hubabuba

    hubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски


    по ова што си го пишала ист тип на кожа имаме и баш сакам и оваа пудра да ја пробам :)
    само кажи ми мат ефектот трае подолго,или....? а каква камена користиш?
    и која цена е?

    милион прашања :lol:


    И дали некој ја има користено на Есте Лаудер Ideal Matte, намалена е во Космо на 1800 денари?
    па ми мати памет?
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.640
    Допаѓања:
    106.673
    Пол:
    Женски
    Жени, едно прашање. Што значи ова - propylparaben? Некој вид на парабен? Зборов го проитав на пудрава последна што ја земав Make up forever velvet matte , па се загрижив и ми е криво зашто дури и поскапо од Есте Лаудер ја земав а да не ја користам :| каква грешка,требаше Есте повторно да си ја земам :doh: здравје наредни попусти
     
  11. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Да, вид на парабен. А зошто се опседнуваш со тоа? Мислиш дека пудрата на Есте нема нешто слично? Сите имаат, само со различно име. И претходно на темава дискутирав со некои девојки за тоа. Не може да нема, помирете се. Да немаше ништо пудрата ќе требаше да ја чувате замрзната и ќе ви траеше неколку дена.
     
    На naturally и cooll им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.640
    Допаѓања:
    106.673
    Пол:
    Женски

    На кутијата од Есте не прочитав некој збор што завршува со парабен :?: па затоа се чудам :)
     
  13. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Па не се само парабените хемиски супстанци кои ја имаат истата улога. Имаат у денешно време 101 замена, и тоа која од која полоша. Според мое лично мислење, јас секогаш пре бирам нешто кое има парабени, него други ствари. Парабените се меѓу првите создадени со таа намена, конзервирање на козметика итн, значи дека после нив се што е измислено е милион пати полошо, затоа што науката напредува. А напредува со цел заработка, а не безбедност. Она што кај најголем број производи го има како замена за парабен е феноксиетанол или Phenoxyethanol. Оваа бомба е 100 пати помоќна (во лош смисол) од секој парабен.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Која е разликата меѓу пудриве, особено во трајноста? Моментално ја имам Rimmel Lasting Finish, меѓутоа после некое време лицето ми светнува. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      217,8 KB
      Прегледи:
      347
    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      13,4 KB
      Прегледи:
      347
  15. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    3.480
    ^Вторава е мат, што значи подобро ќе ти одговара и ќе ти го држи лицето мат без да светнеш подолго :)
     
    На April87 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blueteacher

    blueteacher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Јас моментално ја користам вторава и сега за сега сум задоволна, не светнувам воопшто, покрива а и ефтина е за разлика од други пудри кои што се многу поскапи а не покриваат или пак ке светнеш за саат ко лампион.
     
    На April87 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    По толку прочитани страници и пофалби за пудрата на Rimmel Stay matte, конечно ја купив и можам слободно да кажам дека е совршена за мрсно лице.Барав пудра за секој ден, но да не биде со астрономна цена, бидејќи ќе ја користам скоро секој ден.Препрепреубава е, до сега со никоја пудра лицето не ми издржало толку долго а да не светнам.И за покривноста е одлична, конечно спас за моето мрсно лице.Не би ја мењавала никогаш. :)
     
    На blueteacher му/ѝ се допаѓа ова.
  18. frangipani

    frangipani Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    И јас гордо ќе им се придружам за феминките кои се презадоволни од Rimmel Stay matte :inlove: . Пудрата испадна совршена за моето мрсно лице,има одлична покривност а не е воопшто тешка и дава еден природен мат изглед на кожата. Има лесна пенеста структура и со многу мала количина можеш да го покриеш цело лице а и цената е повеќе од прифатлива. Само поради големата побарувачка можеби не ќе можете да си ја најдете нијансата која ви одговара,пошто јас ги поминав сите ДМ маркети дури да си ја најдам( ама верувајте,се исплатеше :lol: ) Инаку мене ми го држи лицето мат некои добри 5-6 саати што е гооооолем напредок за мене. Така да сите кои имате комбинирана-мрсна кожа топло ви ја препорачувам,нема да згрешите :)
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Јас ја користев во средно нон стоп, се секавам цоктел се викаше нијансата и супер беше. Сега поефтинка си земам бидејќи не ја користам многу, не ми е потребна толку како во средно школо :lol:
     
  20. somerhalder17

    somerhalder17 Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Може да ми кажете мислење за пудрата на Севентин мат плус, цена и каде можам да ја најдам? Фала :)