Долго време бев во потрага да најдам соодветна пудра за моето лице а при тоа да не фрлам многу пари. По препорака на една другарка пред 3 години купив Импала, во почетокот ја утнав бојата но бев презадоволна. Потоа си ја најдов вистинската нијанса и до ден денска си ја користам таа пудра. Лицето ми е комбинирано, Т зоната ми е релативно мрсна и порано која пудра и да ја ставев челото и носот по извесно време ми добиваа сјај, морав редовно да ја поправам шминката. Со импалата сега дури и тој проблем го немам.
Импалата е многу добра пудра и воопшто не е скапа но е тешка за лицето бидејќи содржи колаген. Јас ја користам само во зима кога е ладно за во лето ми се разлева на лицето и ми се прават мозолки па не ја користам тогаш ставам само камена пудра да го собира сјајот .
Биттер една другарка ми кажуваше дека импала содржела некакви јаки состојки па не се препорачувала за младо лице туку за постари жени. Не ги штеди парите барем не за пудра.
Веројатно колагенот, јас и така не нанесувам големи количини бидејќи имам релативно чисто лице инаку имам купувано и по скапи пудри но ниту една не ми се погодила како што треба до сега сем оваа Пробав со камена од Орифлејм и друга од Авон но незнам зошто од камената чувствувам јадеж. Сите пудри што ги имам користено до сега ми оставаат трошки на лицето и тоа ужасно ме нервира оваа ми се погоди како нај добра Ама ако не чини ај тогаш една препорака од вас? Да не се разлева, да не остава трошки и по можност да ја чувствувам како дел од себе, бидејќи од некои пудри не се чувствувам воопшто пријатно мислам ако се почешам прсти ќе си направам на лицето како да сум ставила маска а не пудра. Знам дека сум комплицирана ама пудрата и римелот ми се нај битни козметички препарати
Па види јас можам да ти кажам дека од Maxfactor сум презадоволна, лесна е, не ја осеќаш на лицето, покрива и тоа многу убаво, а римела користам Wonder lash од oriflame, трепките ги издолжува и ги прави погусти. Никогаш како досега не сум била толку задоволна од пудра и римела.
Имам многу проблематично лице... Користев течна пудра IMPALA, и ми одговараше на лицето, но не е квалитетна. Сега користам Max Factor - lasting performance, 105 и ми се допаѓа, иако не ми ги покрива целосно недостатоците...
Секој пудра во својот состав содржи колаген и жива, нормално во сразмерни количества но она што е важно дека пудрата на лицето несмее да остане подолго од 6 до 8 часа затоа што за тоа време порите кожата впиваат голем дел од шминката и може да има последици од презаситеност како акни, енормно сушење или покачено ниво на маснотијата на истото. Пудрите кои коштаат повеќе како Лореал, Макс фактор итн во својот состав имаат поголемо ниво на хемикалии а се помало количество на вода и останати минерали, па затоа е витно пред нанесување на пудра да се нанесе подлога од некоја квалитетна крема која ќе успее добро да ја потхрани кожата. Квалитетот на пудрата не зависи од тоа колку сме ја платиле туку колку хемискиот состав на истата соодвествува со структурата на кожата на лицето.
Користев од Џордани течна пудра и бев многу задоволна, сега решив да сменам и си купив од Тренди. не е многу скапа(250 ден) но многу убаво покрива и не остава траги на облека, продавачката во парфимерија ми ја препорача.
јас ви ги препорачувам пудрите на деборах посебно colour copy онаа со зелено која е за комбинирана кожа и камената пудра исто така на дебора cipria ultrafine прекрасна комбинација барем за мене кога излегувам трае цела вечер
Овие две. И сум пре презадоволна. Мислам дека никогаш нема да ги сменам ниту да пробам нешто друго. Ви ги препорачувам. Послебно maybelline
баш денеска ги разгледував овие над мене во една парфимерија ..ми ги препорача продавачката.. инаку користам maybelline течна пудра и камена од авон , ретко кога ги ставам двете заедно ..
Девојки, попладнево бев тргната до една аптека со намера да си ја купам "Dermablend" на Vichy, арно ама по некоја случајност се погоди една презентерка (како експерт за Vichy демек била) и кога реков на типкава дека сакам да си ја купам пудрава рече дека не била за мене, бидејќи сум имала мрсна кожа и уште повеќе ќе ми ги истакнувала порите . Имам пори, ама не ми се толку изразени де . Изгледа мислеше само оние со чисто лице и нормална кожа смеат да ја употребуваат . Ми препорача една друга, пробав тестер и ми се допадна, и слична цена имаше со Vichy, 19 евра.. и решив да си ја купам, еве ја ( и нијансата е таа )
Не, оваа а... И јас ја имам истата. [/quote] пудрава нема никаква маана прекрасна е...покривна и лесна...многу ми се допадна
Ја користам оваа течна пудра на Авон. Некогаш не сакам да ми свети лицето многу, па ставам врз неа повеќе комбинирана пудра: Инаку оваа ми е најдобра за брзо подготвување за надвор
Девојки планирам за некое време да си купувам некое римелче, сјај и пудра, немам ништо. Па ако можете да ми препорачате некоја добра пудра за млади, за понежно лице.
пудра како за тебе може да ги погледнеш овие што се од seventeen i debby cosmetics друѓи не ти препорачувам бидејќи се многу тешки за лицето а тие од мисс спорти се вистинско промашување и не се дерматолошки тестирани се надевам дека ти помогнав.поздрав
Има некој користено или видено кај нас од оваа пудра BOBBI BROWN јас бидејки сум мн бела оноа ептен ко сиренце а само имам бемки,т.е. пегички не можам да си најдам соодветно пудро... па ми го препорачаа ова бидејки повеќето пудри и најсветлата нијанса ми го прави лицето со портокалова нијанса...Има некој користено и од прилика која му е цената ?