јас решив летово да намалам со пудра, да ми се одмори малце лицето, зашто ја користам на ревлон колорстеј и супер ми е, ама сепак тешка е и несакам лицево да си го преоптоварувам ја меркам сега оваа ама не ја зимам сега, да не ми фаќа прашина за џабе, мора да се воздржам
Анастасијаки на Буржоа Хелти Микс ти е за сува кожа, Лореал Тру Меч одоговара на сува кожа, Мишела што ја постираше на Менхетн Ендлес Стеј исто така е за сува кожа, ако не пробај и некоја ББ крема ако не ти треба голема покривност. Јас исто така имам сува кожа и овие што ти ги набројав ми одговараат сите, од ББ кремите би ти ја препорачала на Дебора и Лореал, ма и Гош е одлична и повеќе покрива од овие две, само е малку повеќе густа. На Каротен исто така ја пофалив ББ кремата во соодветната тема, со 25ка заштеитен фактор и минимална покривност одлична е за лето, не се топи на лице.
И мене тогаш на прв поглед ми изгледаше дека тоа ќе биде мојата идеална пудра, ама ете, очигледно ваквите пудри не ми одговараат. Обавезно пробај ја прво од тестер ако сакаш да видиш каква ќе ти биде, дај и' малку време да се покаже па види си. Со малку фиксатор издржува некако, ама дали дека е премногу лесна и воздушеста, многу побрзо избива себумот на површините од мрсните делови, а самата пудра по одредено време како да се упива во лицето. Изгледа многу природно, ама tricky е и затоа пробај прво.
Јас пред 2 дена ја земав Maybelline Affinitone Mineral . Не знам колку е минерална пудрава но некаде прочитав дека е без парабени а на самото пакување пишува дека нема талк, адитиви, парфеми. Имам накај сува кожа, а ова време ми е нормална не ми се перути ниту ја чуствувам затегната. Наменета е за чуствителна кожа, но сепак мислам дека не е за мрсна кожа, мрсниот сјај би се појавил по некое време можеби може да се среди со малку камена но сепак мислам дека е за не толку сува и нормална кожа. Имам прилично чисто лице освен пеѓите кои сакам да ги прекријам, ова пудра одлично ми ги прекрива се изненадив од прекривноста кога ја видов лесна не верував дека нешто ќе ми прекрие. Сепак не верувам дека ќе прекрие нешто на проблематична кожа со акни, зошто покривноста и е слаба/средна. Ми се допаѓа што лесно се размачкува, како крема а финишот е навистина природен и плус ако не ви е доволно прекривна можете да ставите уште еден слој без да изгледа пренатрупано. Има избор на доста нијанси, мојот тен е светол па ја зедов 021 Nude која одлично се вклопи со мојот тен. Цената и беше околу 500-550 денари, а шишенцето ми е омилено со пумпица кое не дозволува да ви се истури премногу пудра. Јас сум навистина задоволна од пудрава, преубаво и лесно ја чуствувам на лице плус задоволна сум од покривноста и трајноста (вчера ја носев 6-7 часа и добро се покажа). Заборавив да напоменам дека има и SPF 18, што е одлично за летово
Можеш да ја пробаш од "Miss Sporty" течната пудра, многу е добра јас ја користам, баш е добра и плус тоа што е за младешка кожа и антибактериска е
и јас исто така мака мачам со сувава кожа последнава пудра на римел што ја купив ја дадов на другарка не бива и не бива , ма пилинзи правев ма нова крема зедов ама џабе кај носот ми се собира и ептен грдо делуваше Иначе јас баш пред некое време читав за оваа на Менхетен Endless Stay и скоро сегде пишуваше дека повеке одговара на мрсна и комбинирана кожа отколку на сува , ма да имше и такви со сува кои беа задоволни ама во ептен мал број
За сува кожа bourjois healthy mix е совршена. Покривноста и е просечна, некој би рекол и слаба, ама затоа текстурата и е совршена. Јас барам друга пудра, бидејќи нијансите од bourjois не ми се погодени. Имаат жолт подтон. Никако да си најдам соодветна замена која ќе ми одговара како bourjois според текстурата, лесната покривност и прозрачниот и свеж изглед кој и го дава на кожата. Навистина штета што се ограничени со нијансите
Ја имам користено на Ревлон не ми се допаѓа баш како ми прилега на лицево Денеска бев до Дм да ја пробам онаа Ендлес Стеј ама немаа светли тестери па онака само на рака пробав и ми се допадна текстурата. Ама и јас прочитав доста рецензии дека повеќе одговара за мрсна кожа и затоа ми е страв да не утнам пак. Инаку продавачката ми ја препорача на Макс фактор Whipped Creme, ја пробав на лице и одлично ми прекри се, се размачка иако веќе крема скоро и да немав на лицето Така да мислам да ја земам,само да си прашам сепак искуство со неа да не има некој
Феминки, сакам да купам нова течна пудра и се мислам помеѓу овие 3 од Буржоа: 1. bourjois 123 perfect 2. bourjois healthy mix 3. bourjois flower perfection 1 ја имам користено лани, бев многу задоволна. 3 ја имав купено, ама ми остана неискористена и мислам дека е расипана а 2 ја немам до сега користено. Инаку имам комбинирана кожа. Која е најдобра според вас?
И јас ги имам користено овие 1 и 3 ама многу брзо ми засветуваше лицето од нив. За 2 мислам дека е за сува кожа
Јас ја имав оваа пудра. Прекривна е, не е лоша, мене ми беше како чудна на лице, некако прашкаста е, светлите нијанси им се пресветли (значи ако купуваш, убаво одбери си нијанса), но мене ми се чини дека повеќе е за мрсна/нормална кожа, отколку за сува. (Ако имаш посебно сува кожа, мислам дека нема да ти одговора). Што прават со цените ? Преку ноќ растат. Многу пудри поскапеа.
^^ Продавачката ми рече за сува кожа дека е ама и таа толку знаела окапав синоќа читајќи рецензии и да, за мрсна кожа е ама ете мене ми одговараше на лицето, одма се размачка, не ми навлезе во ситните брчки, и убаво прилегаше ама не ми се ризикува не ја зимам Прочитав многу позитивни критики за пудрата на Yves Rocher- Comfort Cream Foundation па планирам деновиве да идам да пробам да видам каква ќе е
Anastasijaki зошто не пробаш некоја од овие, сега прочитав на интернет дека спаѓаат во едни од најдобрите за сува кожа плус и се достапни кај нас Оваа не сум сигурна дали ја има, но ја има класичната Dream Mousse Satin во стаклено пакување.
Супер е пудрава, иако се препорачува за нормална до сува кожа, јас сум задоволна, а мојата е комбинирана со Т-зона. Хидратира, има средна покривност и многу пријатен мирис. Ја користам во зима. Плус, супер сооднос квалитет/цена.
Драги мои, ќе ве замолам да ми препорачате некоја добра и квалитетна пудра. Имам мрсна кожа и често пати кога ставам пудра за кратко време ја снемува, односно мрснотијата ќе ми излезе на виделина и ми свети лицето ко лампион. Нокоја пудра што ќе ми го матира лицето, која ќе трае подолг временски период и нема да ми свети лицето.
Estee Lauder - Double wear Знам дека напнав со пудрата , но нема по иделна од неа.Лицето не засветува , стои како што и пишува 16 часа , дури лицето кога го чистам навечер пред спиење тогаш излегува , а и сега на +30 степени пудрата не мрднува од лицето.
на авон една colortrend, мн е ефтина и совршена е за моето лице, имам користено и на max factor но не ми одговарале