Рецензија за Rimmel - Wake Me Up Позитивно: - Долготрајна е, ја имам тестирано до 11 саати не мрда воопшто, а којзнае уште колку ли би издржала. - Има слаба покривност ако имате чисто лице или немате којзнае колку за прекривање дефинитивно ќе ви заврши супер работа. - Многу добро покрива црвенило. - Дава убав мазен, здрав изглед, а не оној грозен торта изглед ко тон пудра да имате. - Легнува убаво на кожата не ја осеќам. - Лесно се отсранува нема да ви треба цел саат. - Лесно и рамномерно се нанесува - Не ја суши кожата баш напротив. - Убав мирис. - Убаво пакување во стаклено шише со пумпица - стандардна милитража од 30 ml Негативно: - Слаб избор на нијанси, сите се темни. Не ми е јасно зошто двете најсветли нијанси баш тие што најмногу би се трошеле не ги носат кај нас. - Пудрава има светки и баш се мислев кај да го ставам ова дали во лоши или добри страни на пудрава. За мојава комбинирана кожа со изразита мрсна т- зона на топло исрено уште светките ми фалат, не ко сијалица туку ко рефлектор сум во цело лице и тоа во просторија, а не дај боже па надвор на сонце со пудрава ко светец би била. Не би се дрзнала да искочам денски со пудрава. Е ама за тие што имаат сува кожа е друг ефектот на светките, другарка ми што има сува кожа баш ја проба и кај неа светките даваат здрав и свеж изглед. - Целокупно шминката изгледа многу убаво ама негативнио е што мора многу често да се тапкам со палома за колку толку да го ублажам сјајот за кратко. - Поради стакленото паковање не е баш погодна за носење во ташна. Не знам како испаѓа на слики сеуште не се осмелив да се сликам. Цена 600 и нешто не се сеќам баш точно. Заклучок: За комбинирана и мрсна кожа НЕ, а префектна е за сува кожа. Ќе ја пробам зимно време кога ми е посува кожата, а летово само за навечер. Љубоморна сум ви на сите што имате сува кожа поради пудрава.
^ Сликите на денско време се одлични, тоа тврдам. Не блеска лицето како запотено, иф ју ноу уат ај мин. За да биде уште потрагично нели ... Инаку, за топлово време јас си го најдов лекот. Минералната пудра во прав на Artdeco, нанесена над L'Oreal Triple Active кремата. За секој случај го поминувам лицето со малку од фиксаторот на Essence и толку. Поприроден изглед од ова - здравје. Не ми се прави дополнителен сјај, а верувајте се случи неколку пати да акам по жештиниве низ град.
Може да ми кажеш дали е покривна? Уште одамна сум заинтересирана да ја купам но сум скептична околу покривноста (сепак од пудра очекувам барем средна покривност) и дали се познава на лицето како камените пуди кога ке се нанесат како "брашно", би соодветствувала за комбинирана кожа?
Јас имам мрсна кожа и не се осудувам било која пудра да ја пробам без малку фиксатор или камена пудра на Т-зоната. Таков ми е ритуалот и со оваа, па не би можела да кажам дали е добра или не - мене во комбинација со додатоците ми е супер. Не се познава затоа што ја нема таа структура на типична камена пудра и кога се нанесува над подлогата со голема четка се соединува и легнува на лице, па нема шанси да се примети дека станува збор за пудра во прав. И мене не ми се веруваше кога ги читав коментарите, но навистина дава кадифен изглед. Дури би рекла и дека делува доста поприродно од стандардните течни пудри. Покривноста не е за занемарување; флеките се камуфлираат одлично, но за црвенилата ако се поинтензивни, мене барем потребно ми е минимално количество коректор, исто и за темните кругови не сум ја пробала без коректор, но штом убаво ги покрива темните флеки, сигурна сум дека и тоа би било пристојно средено. Јас би дала солидна 8/10 за пудрава и си стојам на тоа дека барем мене ми е идеална за во лето.
еве што најдов за пудрата на Севентин Natural Velvet напишано на нивната официјална страна , само нели пред тоа пак да прашам тука па да одам да ја зимам .......Добар избор за сувата кожа е течната пудра Natural Velvet. Наменета е за сите типови на кожа, меѓутоа во нејзинииот состав има витаминани А, Е и F и полисахариди кои обезбедуваат дополнителна хидратација и заштита од појава на брчки што ја прави оваа пудра совршена за сува кожа. Не содржи масла, трае преку целиот ден и дава мат ефект на вашато лице. Кремастата структура обезбедува висока покривност и лесно нанесување. Има заштитен фактор СПФ 20 за заштита од штетни сончеви зраци и слободни радикали.......
Дали некој ја користи оваа пудра на Боржуа? Пред некој ден бев во Космо тинекс ја погледнав, сакам да ја купам, па некоја што ја користи нека пише збор два за тоа каква е дали е покривна, колку часа држи....? Сепак не е баш евтина, ми се чини 830 денари беше.
Јас ја користев , инаку за комбинирано/мрсно лице е , јас не бев многу задоволна зашто светнував брзо на т-зоната а и не е многу покривна пудрата
Пудрава е буквално тониран крем, нема ни П од покривност Јас не знам зошто и' е толкава цената искрено, ова е една од најлошите пудри што ги имам пробано и искрено се каам што ја купив, зашто се залетав читајќи ги позитивните критики во темава. Ниту покрива, ниту држи мат подолго време, се познава на лице прилично... Според моето искуство би рекла лоша, прилично лоша. За таа цена постојат мал милион подобри пудри. Ете ја дома така ми седи со месеци, на крај ќе ги прежалам парите и ќе ја фрлам Општо, пудрите и ББ кремите на Буржоа мене лично ми се катастрофални, никогаш повеќе не би купила нивна пудра. Една Римел пудра од 300 денари (Stay Matte) е 10 пати подобра од оваа.
Девојки во Космо ги има ли камените пудри на Севентин со алое вера и витамин Е, во мојот град има само една камена на Севентин таа е од постарите, гледам во каталогот има две нови, со заштитен фактор ако некој има сретнато нека каже, кога ќе наминам во Ск да си земам. Јас до сега не бендисав камена пудра, може оваа ќе се погоди за топлото време
Пудрава нема мат ефект, кој црн мат ефект го спомнуваат, кога апла блишти пудрата откако ќе се нанесе на лице. Дефинитивно не е за мрсна кожа, за другите сигурно би била добра. Покривна е, ама премногу е леплива. И барем мене ми ствараше чувство на нелагодност и лепливост ако си го пипнев лицето со раце. Мене пак оваа пудра ми беше најдобра и ја користев неколку години по ред, додека очигледно не и` го сменија составот и не ја унаказија. Мислам дека нешто не е во ред со нијансите и дека сега се малку потемни отколку што беа претходно. Солидно покрива и далеку подобра е нејзината покривност од онаа која може да ја има тонираната крема. Не е до толку слаба како што ја опишале. Но, ако имаш потреба од поголема покривност или ако не ти се даваат толку многу пари, барај некоја друга.
Која нијанса од Rimmel Stay Matt ќе ми одговара, никако неможам да најдам соодветна. Користам севентин мат плус Medium beige 04, сакам да ја пробам римелот сега исто и за камената пудра Stay matte ако може да ми помогнетe. Фала многу
Женски ај помош. Сум ја утнала нијансата на пудрата, сум земала потемна. Како да ја погодам посветла да биде, а да не ја изгуби покривноста. Да си земам друга па и не ми е ефтино баш зошто ја платив 800 и нешто.... Од Буржоа 123
Aко користиш камена, земи посветла и од твојата кожа и некако да компензираш. Или да ја измешаш со друга многу посветла.
Кога се бира пудра потребно е да знаеш каков тен имаш и кој подтон на кожата. Значи може да имаш светол, медиум и темен тен, додека подтонот на кожата може да биде розов, жолт, зелен. Исто така треба да знаеш дали одговара за твојот тип на кожа т.е мрсна , мешовита или сува. Кога се купува пудра битно е да одговара со бојата на телото дури иако лицето е посветло од вратот или обратно. Пробај од пудрата да ставиш на самата вилица, бидејќи тоа е делот најблиску до вратот така да од прилика ке одредиш која од нијансите најмногу се совпаѓа со бојата на вратот. Што се однесува до камената пудра на Римел мислам дека на македонскиот пазар ја има само во три нијанси така што нема да згрешиш. Доколку си медиум тен ке ја земеш втората нијанса,а доколку имаш светол тен првата. Се надевам ова ќе ти помогне. Поздрав
Ја зедов денеска пудрава на Yves Rocher - Comfort Cream Foundation и првично сум ептен задоволна. Покрива ама баш се, го измазнува лицето, му дава некој кадифен изглед, меко е самото лице, делува многу природно и има неспецифичен мирис, малце јак ама сепак убав. Само што нема Спф фактор не ми се допаѓа, ама сепак се на се супер е 40 мл за 659 денари