некоја од вас ја има ли користено пудрава на Ревлон ? Ја најдов на ибеј мн евтино па сакам да ја порачам , има неколку нијанси се надевам и дека ќе ја погодам , ја користам на Есте ама викам малку да сменам за да не се презасити кожата.Инаку пудрава е во вид на крема и читав многу позитивни критики за неа ако некоја ја има користено нека пише
ја немам користено .. но девојки ИМПАЛА ви е најдобра и најефикасна за вашето лице јас ја користам подолго време и ми помага дури и го смирува лицето од акни и мозолчиња.. супер е
ИМПАЛА е најдобра??? Дај ве молам не давајте недобронамерни совети со кои ќе му наштетите на некого и на неговиот најголем орган- кожата. Импала е најполна со парабени и разни хемикалии. Никако барем оваа !!!
Импалата ти го смирува лицето и ти лечи акни? Хаха не ме смеј, полоша пудра во животов немам купено. Како паштета е дури и ако многу малце ставиш, го мрси лицето, остава флеки и малце ако се допреш и се забележува од километар дека имаш ставено пудра. Ако е покривна, не значи дека треба да е тешка и да се забележува. Викаат дека била за зрела кожа, но после тоа што сум читала критики за составот, нема ни тогаш да ја купам. Подобро ќе дадам уште 100-150 ден. и ќе купам на есенс, мис спорти и сл. (бидејќи најчесто сите се залетуваат заради цената).
Прикрива или не прикрива за оваа пудра имам слушнато нешто најлошо како и за/малена подобро дај уште 100-200 ден и земи си некоја поасална на пример од Римел или Есенс барем ке си сигурна дека нема нешто штетно внатре
Имаш 14 години , те советувам да ја исфрлиш таа пудра од употреба и да и дадеш на твојата прекрасна младешка кожа нешто што заслужува, што ќе те кошта 100/200 денари плус.
јас таа ја користам но сега кога слушнав дека не е добра ќе ја сменам што побрзо ви благодарам за советот и што ме преупредивте за последициве,..
Женски , кажувајте , која пудра е подобра за мрсна кожа? Се мислам помеѓу овие две , која е по мат и што е разликата помеѓу двете? или
ни една ни друга не ми се допаѓа едната мама ја користи а другата по грешка ја купив...според мене има една минерална на ardeco што е супер за масна кожа и за ова време со тоа што јас имам комбинирана кожа не ми е масна на цело лице него само на т-зоната ако ти е масно цело лице можда и ќе ти одговара мада мене не ми чини ни една ни друга....а тек на масна хорор
Масно ми е на тзоната највеќе другите делови не , а сакам малку да сменам од есте долго време ја користам о септември пак ке си ја земам , значи овие не се за мрсна кожа како што разбрав така? Ај баш да прочитам и др мислења па ќе размислам
Користаки Photo Ready дефинитивно не е за мрсна кожа, има во нејзиниот состав некои светликави честички значи на мрсна кожа ќе даде дополнителен сјај. Сепак одлично покрива и во поглед на трајноста е одлична. Мене на сува кожа супер ми одговара ама ја користам само за вечерни излегувања и некои прилики кај што ми треба поголема покривност и постојаност на шминката, би ја сместила во тешка пудра и за разлика од други пудри малку потешко се отстранува. По јака е во смисла на покривност и трајност од Color Stay исто на Ревлон. Цената и е околу 1200 денари, не се сеќавам точно. Залудно потрошени пари нема да бидат ама јас за секојдневно користење не би ја препорачала, не изгледа баш природно преку ден, а и со тие честичките светкави може да добие некој безевезе сјај лицето + од сонцево ќе биде too much! Уште една негативност, стакленото шишенце е лесно кршливо, мене ми падна на тепих и се скрши одма, среќа собрав некој дел во пластично кутивче па сеа така глеам да ја дотрошам Другава не сум ја пробала ниту пак видела кај нас.
Mims јас овие ги најдов од нет , првата е околу 15 евра а за мојот тен нема многу нијанси единствено 03 ми одговара а оддругава има нијанси и е поевтина малку околу 11 евра епа тогаш да не ја гледам воопшто оваа првата штом викаш дека има честички па тзоната кога ќе засвети ко лампион ќе бидам за оваа втората читам дека е по мат од првата па изгледа неа ќе ја порачам
Значи лицето буквално ми е жолто. Ама светло, многу бледо. Ко дух сум. Каква пудра да си купам? До сега сите што ги користев, течни и камени, ми го прават лицето портокалово. Навистина портокалово. Иако користам пудра само за родендени и сл, овој период имам повеќе обврски кои бараат чисто, убаво лице. Помош? :/
Јас ја имам whipped creme, кај нас ja нема уште, мене ми е порачана од странство. Убедена сум дека ќе ти биде подобра, бидејќи во споредба со претходната Photoready, дефинитивно е попокривна. На прв поглед сигурно ќе те разочара структурата затоа што навистина изгледа премногу течна, но ќе видиш кога ќе ја нанесеш на кожа дека ќе се смени и ќе се фиксира. Не е од оние пенасти пудри кои мене лично ми се безвезални и воздушести, не тежи на лице и не остава траги по облека. Понекогаш превентивно ставам камена само на Т-зоната, но супер ми е и без неа, не сум приметила да ми се избрише, а лицето се масти минимално, дури би рекла и неприметно. Мислам дека оваа повеќе ќе ти се допадне, но пробај ги па кажи што си направила.
Ќе одбереш пудра со жолт подтон, означени се со буква W односно топол тен кај бројчето ама за жал не се сите пудри така означени. јас до сега само на Лореал пудрите сум ги забележала дека имаат и букви до бројчето на нијанса, посоветувај се со девојките во парфимериите.
Сакав да ја пробам на Римел ластинг финиш и ја купив ама некако како да се зафрканв откако ке ја намачкам некако како да лепи,дали можеби да не ставам крем под неа ,што викате?ај хелп