Презадоволна сум од оваа пудра, ја купив пред некое време по препорака на продавачката од Еликсир. Воопшто не погрешив, лесна делува, а убаво покрива. Супер е
Женски,како нанесувате камена камена пудра и на кои места од лицето ја нанескувате.Јас ставав на т-зоната само ама сега од летово како што потемнав изгледам многу неприродна
Оваа линија на Авон колку што знам е за зрела кожа. Моја другарка имаше не беше задоволна од течната воопшто.
Девојки ај ве молам кажете ми некоја поефтина а добра камена пудрава.Сакам да ја комбинирам со Севнтин тајм плус... Фала однапред
Јас ја користам на Кетрин арли, мислам 140 дека ја купив од Голден роуз, поубава ми е отколку таа на ГР. Ја користам веќе 3 месеци и помалце од пола ми е потрошена.
Во врска со шминаката јас повеќето работи ги зимам од Deborah тие се највпечатливи и најдолготрајни. Со години ги корисам имам пудра, сенки и камен пудра и од сите нинв сум презадоволна. Ги земав по препорака на другарка и воопшто не се каам, добро сега малку се поскапи ама барем се супер.
680 денари ама да знаеш дека многу брзо се троши, треба да земеш поголема количина за да ја нанесеш убаво и рамномерно на лицето, а има само 18мл. Неисплатлива е тотално ама супер е на суво до нормална кожа, па и мрсната би ја држела мат некое време. Покривност со еден слој ок ама без проблем и без тежок изглед лесно се надградува. Хидратанстна е ама не е долготрајна. Колку што има + толку има и -, неисплатлива инвестиција би рекла сепак.
Минералната пудра во прав од Орифлеим ја има ли користено некој, да не е за зрела кожа ? Долго време сакам да си земам пудра во прав, ама кај нас ја има само на Артдеко а во Ск не ме носи ич пат, мислам дека Артдеко е далеку подобра и без парабени, ама барем оваа да ја порачам ако не е за зрела кожа, и дали одговара на комбинирана / мрсна кожа ? Или пак ми преостанува по некој да ја порачам Артдеко од Ск ама немој да ја утнам со нијансите, имаше само три нијанси од неа ?
ме снајде нешто чудно штом ставам пудра зборам течна пудра - ја користев на estee lauder double wear light и супер ми беше дури и ми го опорави лицето ми ги сушеше акните ама, потоа почнав да ја користам dermablend на виши и исто ми беше ок...со тоа што светнивав на т-зоната после негде 5-6 часа ...па пак се вратив на estee lauder веднаш од неа акни само што ставив пудра лицето лом...пробав пак и пак исто...кога не ставам пудра сто пати ми е подобро ама бе луѓе морам да користам пудра не можам така без ништо навинката сум така да си го гледам лицето...леле сега сум во дилема незнам што веќе да купам стварно дали можда некоја ББ крема ???? дајте препорачајте нешто цената не е битна и онака есте ја корисрам подолго време а ја плаќам по 3000 ден .од космо!
можеби да пробаш нешто полесно сега во лето , таман и да го одмориш лицето од пудрите можеш да земеш бб кремата на Есте, јас ја немам користено но моја другарка ја има и е задоволна , samo немој да очекуваш дека бб кремиве ќе покриваат како и пудрите