madilyn за таа од лореал не сум ја користела а од буржуа не бев воопшто задоволна,и не е покривна пудрава и многу брзо ми светнуваше т-зоната цената на таа од буржуа е околу 820 ден
Немам некоја проблематична кожа, во пмс знае малце да ми забега инаку ми е чисно ама немам рамномерен тен, имам некоја бледа боја и многу темни кругови под очите од кои неможам да се спасам никако. Не дека ми треба 100% покривност ама сепак ..
Сакам да кажам, за пудра што не прави ништо , парите се многу, можеш да ја пробаш на Rimmel Stay Matte и е поевтина мислам околу 300 ден и многу девојки ја фалат на форумов можеш да ја пробаш нема ништо да изгубиш
Јас ја користам таа од Лоереал, а таа другата не сум ја користела.Искрено таа од Лореал мислам дека е подобра, меѓутоа за покривноста не знам што да ти кажам.Јас користам пудра како подлога за шминка и нормализирање на тен, не користам пудри кои покриваат многу.
Само што ја земав пудрава, сега гледам си ми препорачала, во секој случај фала многу Од пред некое време ми е на must have листата ама никако неможев да си најдам соодветна нијанса, или многу темно или на розово мава а јас имам некој медиум, не многу темен, блед тен. Случајно испаднав по коректор, за пудра си одложив зошто неможев да одлучам, па ми се погоди да има нијанси. Јас ја земав 103 True Ivory, оваа баш од сликава совршено ми одговара на кожата, ја земав и камената исто мислам дека 03 беше бројчето не сум сигурна. Ги пробав веднаш и двете, неможев да издржам лесни ми се, ми одговараат и со боја и се, засега задоволна па ќе видиме понатаму.
Мене и оваа стеј мат ми е чудна некако, ми го пресушува лицево, а имам масна т зона и се нервирам, не е дека не светнувам ама па после некои 5-6 саати како да немам пудра воопшто. Еве веќе 12 пудри имам во шкавчево дома и ниедна не ми одговара, од некоја брзо светнувам од некоја па многу ми е суво лицето. Посебно сега летово не знам што ќе правам со пудриве стварно ќе мора по 300 пати на ден да се шминкам. А не ми е убаво кога не сум нашминкана, не дека имам некои не знам колку страшни проблеми со лицево или ми е срам да излезам ненашминкана, ама поубаво си се чуствувам кога сум средена макар и за по дома. Рутина ми е кога ќе станам да се средам ама до вечерта нема шанси да ми изгледа нормално лицево
Кога веќе кажа дека имаш испробано повеќе пудри, дај ми совет за некоја, имам пречисто лице, ставам пудра само поради тенот, затоа што сум бледа и поради подочници Имаш начекано некоја таква лесна пудра? Не ми треба за покривност, само да дава убав тен
Ти препорачувам пред да ставиш шминка,маснотијата од лицето да ја исчистиш со хартиени марамчиња за отстранување на маснотија,потоа основа за пудра и течната пудра.Јас имам масна т-зона и редовно ја применувам оваа постапка за подолго да се задржи шминката.Марамчињата ги има во пакување од 50 парчиња во каталозите на Орифлејм по цена околу 150-160 ден.
Пробај некоја ББ крема, можеш на Дебора одлична е, лесна, минимална покривност дава, лицето ко прави свежи и изедначува тен имаат и убави нијанси, околу 600 денари чини. Исто и на Каротен ББ кремата ја пофалив во темата за ББ крема (разгледај има критики за повеќе ББ креми) таа ти е исто супер, има 25ка фактор, исто минимална покривност има ама супер лесна структура и убаво ко прави лицето да изгледа природно, чини околу 250 денари. Штом не ти треба голема покривност дефинитивно не си за пудра туку за ББ крема.
Пудра за лице што покрива се Ми треба помош да одберам течна пудра. Имам комбинирана кожа, мрсна во пределот на челото и носот само. Имам пробано од поевтини, до скапи пудри и никако да си ја погодам пудрата што нема да ми дава дополнителен сјај а ќе покрива повеќе. Пробав пудра од Manhattan и воопшто не бев задоволна,Импала-за која подоцна прочитав дека содржи мн жива, Џордани од Орифлејм,Класикс-Голден Роуз,итн. Ве молам споделете искуства. П.С имам многу светла кожа што дополнително ми отежнува.
Пудра за лице што покрива се Имаш тема за ова со многу корисни мислења. Ако не си ограничена со буџетот, ти ја препорачувам Double Wear - Estée Lauder. Гарантирам дека не постои поубава пудра за комбинирана/мрсна кожа. Кај нас чини 2890 ден. Ако имаш можност да ја земеш од Грција, многу често имаат попуст. Или можеш од нет да ја порачаш, исто поевтино.
Пудра за лице што покрива се Double wear - Estee Lauder исто и јас ја препорачувам , скапа е ама вреди за парите
Да, штетна е, и тоа многу штетна, во нејзиниот состав има парабен и многу други штетни состојки што негативно влијаат на кожата особено на младата кожа.
Препорака за некоја пудра лесна, летна за тен односно за покривање на црвенило кога ми е жешко вивнувам во лицето. Дали можеби ББ крема ке помогне за ова? И да ми препорачате некоја и каде ја има да е до кај 300-400ден
Девојки, ако може малку помош. Имам пробано мнооогу пудри, но ниту една не можам да погодам. Или ми е згрешена нијансата(немам ни премногу темен, ни премногу светол тен, жолтеникав тен-или нијансите ми се претемни, или пресветли.) или не е покривна, или пак многу светнувам. Секој месец фрлам пари за џабе. Имам испукани капилари на носот кои само со артдеко камуфлажот си ги покривам. Имам нормално лице, одредени суви делови, препорачајте ми некоја пудра со добра покривност, не е битна цената. Долго време ја користев l'oreal infallible, но со новото пакување, некако како да ја изменија, и светам во лицето, Flower Perfection - 2 пати ја имам згрешено нијансата и веќе се откажувам!
Дали некој знае бренд на пудра што го има кај нас, но е на поприродна основа, т.е. oil,wax,mica free, bismuth-oxychloride free? Имам мали мозолчиња на челото, subclinical acne, и прочитав дека биле предизвикани од овие состојки на пудрата