^ Ги има некоја од вас користено, како сте задоволни? Поконкретно ме интересира за пудрата, колкава покривност има и колку трае мат ефектот?
Феминки дадете некој совет за некоја лесна пудра, по можност да е покривна..да речеме како Rimmel Stay Matte, ете некоја таква покривност да има но да не светнува толку брзо..На работа сум 6 сати, со Rimmel Stay Matte и одозгора камена ставам но џабе...премногу ми се мрси лицето, светам ко сијалица по 4-5 саати, може и побрзо...Па ако знаете некоја добра течна пудра, што се задржува подолго време на лицето pls help, или пак некоја камена што убаво ќе ми го фиксира лицето и што ќе можам да ја користам врз течната Rimmel Stay Matte...понудете ми нешто што мислите дека ќе ме спаси од ''лампион face''
^За многу мрсна кожа од Менхетен во црно пакување мислам дека ќе ти биде супер ако ја немаш пробано досега.. 400-500 ден. Супер покривна е. Лореал true match исто така ама не стои многу долго на лице, сега гледав во ДМ е на попуст 600 ден. И ревлон колорстеј околу 700-800 ден.
Што да земам за летово, се мислам меѓу некоја од Боржуа, конкретно би и дала 2ра шанса на 123, можеби хелти, или пак некоја трета?? Сакам да е покривна и солидна за летово. Бај д веј, морам да ја "допофалам" vichy дерма блендот дека не држи повеќе од 4-5часа, во комбинација со летово е ужас. Ставам и чим малку се испотам на лице по кратко време,таа се губи, и кај косата над челото исчезнува, а ти остануваш шаренило. За тие пари не вреди, во многу прилики ми потврди. Со Боржуа,Ревлон,Менхетен,Севентин немав ваков проблем, такада очигледно е дека или не ја бива пудрава или мене не ми одговара.
За многу мрсна кожа ти ја препорачувам на Revlon colorstay whipped, сосема е мат,држи цел ден, не се брише од облека, со неа не ти треба и камена да ставаш. Иста е како Еста пудрата само оваа е ефтина варијанта , чини12 евра ја порачав преку нет ако сакаш да ти пратам линк слободно пиши ми
Девојки предложете ми некоја пудра за нормална кожа... до сеа користев од Авон Luxe, но сега сакам да сменам малку па сакам да најдам некоја добра пудра...
Пред некој ден си купив пудра Rimel Lasting Finish..значит прееедобра е, лесна, убаво измазнува, покривна е...Ви ја препорачувам
месец ден ја користам ББ кремата на Есте и мозам да потврдам дека ама баш ништо не покрива....абе ко ништо да немам ставено не сум задоволна....е така е тоа после 4 години употреба на есте пудрата сега се ми изгледа за никаде пошто double wear е дефинитивно најдобрата пудра - совршенство за масна кожа...се после неа е заникаде ......штета што мора пауза да се прави ама и таа пауза незнам со која да ја направам.....
викиимацко, сигурна ли си дека е до есте пудрата? сигурна ли си дека таа ти го прави проблемот? да не е некоја крема за лице или нешто друго и мене ми е нешто најсовршено и затоа викам да не е од нешто друго сега кога не ја користиш подобро ли ти е лицето? а да пробаш пак да ставаш? бб кремите,која и да ја ставиш не покрива како пудрите, јас да ти кажам најдов и една друга пудра на Revlon Colorstay Whipped , ама ја порачав на ризик од ибеј (мислам дека ти ми пиша за Photoready дека не ти се допаднала) , за многу мрсна кожа е, есте е полу мат оваа е сосема мат , не се масти лицето во никоја случај исто ко Есте , седи цел ден,ама за лето многу ми е тешка некако и мирисот е катастрофа мене ми заврши есте пудрата и дека сега ја имам оваа на ревлон, не планирам да ја купувам од есте од септември па натаму ќе чекам некое попустче овде кај што живеам баш пробај пак да нанесеш од пудрата ако не тогаш девојкиве нешто друго нека те советат
да ти кажам право испитав се живо и на крај искочи дека хормонално пореметување су имала ....абе ужас така да не било до пудрата еве сега ги земав резултатите од лекар .....а ја веќе ја дадов пудрата сега пак ќе треба да купувам абе не сум нормална дефинитивно нема боља од неа се сум пробала верувај есте е закон...сега сакам и на clinique да пробам како за лето можда се некако полесни ..има плус и попуст во космо ....да не си користела некоја на clinique ако си зимала пиши препорака пошто изглеа имаме иста кожа? ако не пак ја зимам есте...што е сигурно сигурно е...поздрав!
Барем знаеш што бил проблемот не сум користела од Клиник а и мене ме интересира , имам слушнато дека добри пудри и они имаат , инаку имаме иста кожа , мрсна Мислам дека Мимс89 пишуваше едно време за пудриве од Клиник ако не сум грешка Мислам дека за мрсна кожа е оваа на Клиник ако пробаш баш пиши ми како ќе си задоволна па и јас да пробам
Јас ја имав купено пудрава во DM пред едно 3 месеци мислам има и за 700 денари али реално вреди за сите пари,преквалитетна е за нормална кожа и знаете што ми се случи? Одам во Космо вчера по фарба за коса и на една полица си ја начекав мојата пудра со креон во понуда од 500 денари.Ваква останав. .Ви ја препорачувам навистина
Менхетен ја користам и римел... Римел е добра, а менхетен некако ми е сува и кожава ми ја прави сува нз зошто а предтоа нанесувам подлога од радиант.. Е сега сакам да ја купам од seventeen matte plus. Ќе може ли да ми кажете цена на seventeen доколку знаете ?
Женски,вие што сте користеле пудри на Клиник за мрсна кожа која е најдобра од овие три ? сакав од мк да си земам но има попусти 35% на пудриве па да пробам и на Клиник некоја прочитав дека биле добри ко на Есте пудрите
Не ти ја препорачувам особено не за летно време и тоа денско.Многу е тешка барем мене ми беше така за нијанса е полесна од менхетенот
Коритсаки јас имам користено на Клиник ама за сува кожа, така да нема да ти бидам многу од корист. Supermoisture и Even Better ги имам користено. И во МК има попуст во Космо, до крајот на месецов ќе им бидат цените со попуст. Како и да е во Грција ти се сигурно поефтини.