девојки сакам да си купам подлога за пудра, пудра коректор за подочњаци обичен коректор и камена пудра сакам сите овие пет работи да си ги купам ама од каде не некој пудри од 1000 некој така поевтинки ама добри..сакав да ве прасам кај продаваат некој добри пудри..?
Прво кажи каков тип на кожа имаш за да ти предложиме што да купиш. Добри пудри за прифатливи цени имаш во сите парфимерии и дрогерии. Како подлога за пудра може да ти послужи било каква хидратантна крема, немора да купуваш специјални подлоги за пудра, пудрата и без тоа може да ти трае. Коректор за подочњаци и обичен коректор ти е иста работа, коректор си е коректор, а ти каде сакаш можеш даго ставиш. Камена пудра ќе ти биде потребна само ако имаш масна кожа или евентуално комбинирана. Ако ти е сепак желба да имаш и камена пудра може одлично да ти послужи за да си ја фиксираш шминката одозгора и така ќе ти трае подолго. Напиши каков тип на кожа имаш и од прилика до колку пари да те чини се па ние ќе ти дадеме предлози.
Морам да ја пофалам пудрава,за цената е одлична Ја купив пред некој ден и ја тестирав,одлична се покажа како денска пудра.Подобра ми е од Ластинг Финиш за топлово време а полесна од Севентин Мат + која останува за вечерно шминкање.Читав доста за Стеј Мат новата сменета формула и навистина е добра,за разлика од старото пакување кое беше лошо.
Девојки ај препорачајте ми пудра некоја поевтина до кај 250-300 ден. од Авон, овие на Орифлејм ич не ме бендисуваа. Имам сува кожа и чисто лице, ама на некои места имам белези и сакам да ги покривам.. моментално ја користам оваа ама не ме бендисува, покрива само на саат-два и после исто како да не сум ставила пудра.. ја имам пробано и оваа на Авон и не ме бендиса, тешко се нанесува, а и како да сум ставила гипс на лицето
Јасби ти ја препорачала оваа од Авон calming effects, јас ја користев и е добра. Цената во овој каталог и е до 400 денари. Лесна е, не изгледа како да имаш премногу ставено, и покрива.
bebushe јас би ти ја препорачала maybelline afinitone mineral,и јас имам мн.сува кожа,ми се перути од шо ми е сува,(ама од третманот на акни,но и така ми е сува и пред да имам проблем со акните)само да знаеш дека не прекрива многу доколку имаш некои брунчиња или некои белеци од акни,а за лесна да ептен е
Имам 16 ипол години, не сум користела пудри. Отсекогаш се сакав природно. Ама не знам сеа што ми текн, одлучив да си купам пудра, која ми би ми била соодветна за моја возраст? Иначе лицето не ми е скрос чисто, имам по некое брунче, повеќе на левата страна ми излезе црвенило... и лицето ми е нормално, повеќе накај мрсно. Предлог некој, до 400 ден?
^Оваа пудра е препорачлива за тинејџерска проблематична кожа. Јас ја користев едно време иако немав проблематична ниту мрсна мене не ми ја сушеше, мислам дека ке ти биде и тебе супер. Антибактериска е, лесна, не е многу покривна за тоа можеш да користиш дополнително коректор кој го има во оваа колекција. Пудрата е 400-450 денари. Исто така од оваа колекција има друга пудра која е попокривна и е повеќе за мрсна кожа. Оваа е целата колекција: Спојлер Ете поназад ако прочита ја препорачуваат и Rimmel Stay Matte, која исто така е препорачлива за мрсна кожа. На Римел има и друга пудра која јас ја имам користено и која ми беше доста покривна, цената на Риммел пудрите е 300-320 денари. Спојлер
Имам сува кожа и на некои делови ми се перути, на лицето имам црвени точки но не се од акни туку поткожни некако. Некоја по покривна пудра да ми препорачате и да не е многу скапа
Дали во Битола има негде козметика на Римел? Ми треба камена пудра ама незнам каде да барам зошто не сум од тука.
Јас денес си ја купив оваа 550 денари, ја пробав пред некој ден и презадоволна бев, буквално цел ден ми траеше, ми покри се, не ми е тешка на лице, конечно некоја пудра шо салам ќе ми одговара.
Ми треба многу покривна пудра, и што ке трае доволно долго не ми е ионака за секој ден, се мислам меѓу Max Factor, Revlon, или некоја од Мaybelline, некој предлог плус?
^ Мој предлог ти е Ревлон колорстеј, доколку ја немаш користено. И онака викаш дека не ти е за секој ден, бидејќи е малку потешка за секојдневно користење. Пудрата е 90% покривна, трае се додека не ја отстраниш од лице, плус па ако користиш и фиксатори како јас што правам ехее со денови ќе стои Мејбилајн не ти препорачувам, ни максфактор според мене и мој вкус , земи си ревлон без размислување ако ја нема пробано нема да згрешиш ич Најефтина е во Зегин како што памтам околу 750 денари
^Наменета е за осетлива кожа, одговара на сува и нормална кожа, а на мрсна со камена, можеби би била во ред.
Јас ти ја препорачувам на Ревлон Колорстеј Вајпед еве оваа многу е покривна , стои цел ден на лице , мат е и многу е густа како пудинг инаку е за многу мрсна кожа, ја земав околу 12 евра од ибеј