Ми треба нова пудра замена за max factor Face Finity 3 in 1, предлог за некоја слична на оваа (зашто од оваа сум презадоволна ама најтемната нијасна 75 веке ми е светла) имам нормална кон комбинирана кожа. фала
Здраво би сакала да прашам доколку го има некоја од вас истиот проблем или сличен да ми помогне во изборот на пудра бидејки јас во животот барем еднаш да си најдев пудра која би ми одговарала никогаш немаше да ја менувам Вака имам многу светол тен дури од некои пудри најсветлата мене ми е темна Моментално користам SEVENTEEN (TIME PLUS бр.3) и ја мешам со STAY MATTE (TRUE IVORY бр.103) и сега кога ја користам само севантинот многу ми е бела мисалм не е толку бела колку што изгледам како дух на слики плус некако не ми одговара на лицето ми го прави светкаво а оваа другава е малку потешка бидејки е многу густа и покривна и со мало количество покрива се но најсветла е од истата но на мене ми е темна и ми се двио од вратот Сакам да ја сменам но зенам каква да купам кога одам и ги гледам стикерите ми одговараат кога ја ставам на цело лице како да не истата пудра. Дали би можеле да ми препорачате некоја што ке биде така по покривна и што ке стое природно на лицето.... бидејки оваа што е на stay matte се згрутчува после неколку цаса и морам да поминувам со прстот за да не стое како не размачкана P.S Немам некој голем проблем со лицето но сепак имам брунчиња а сум премногу префекционист бидејки порано имав проблеми со лицето и можам да кажам дека сум опседната со нив па макар и едно да е само постојано му ставам пудра смао на него и го гледам во огледало на секои 10 мин помоооош прикрај сум со пудрите планирам усте утре да си купам нова се надевам дека овај пат ке си ја погодам
Предложете ми пудра што останува цел ден..ја користам од менхетен црната тубичка добра е ама не ми е многу трајна 1-2 сата стои после како да немам пудра ставено имам мрсна проблематична кожа
Цел ден , па ако сакаш некоја од поевтиниве пудри мислам дека треба да ставиш добар прајмер под неа за да ти издржи цел ден ако не јас ти ги препорачувам Estee Lauder Double wear и Revlon Colorstay ,само оваа на Есте е многу поскапа ама да знаеш дека со сигурност ќе ти стои цел ден. Незнам колку пари сакаш да дадеш,ама оваа е навистина добра пудра
Јас употребувам пудра на макс фактор со години. Компактна е и ги покрива испуканите капилари на лицето. Исто да напоменам дека долго трае на лицето.Цена околу 720 денари. Инаку имам сува кожа.
Здраво Тука дојдов на темата за да напишам позитивни и негативни страни за Rimmel Match Perfection. Ја купив пред некој ден од ДМ околу 570 и некој денар. Ја имам пробано пудрава неколку пати на лице и еве кое е моето мислење: Позитивни страни: -Многу течна структура, кога ќе ја ставиш на лице не се осеќа -преубаво мириса -трае околу 3-4 часа (повеќе ја немам тестирано) -Има средна покривност што е одлично за мојата кожа -Стандрадно пакување од 30 мл. со пумпица што е многу хигиенски -Има Spf 18 и е супер за во лето Негативни страни: -Ако имате проблематично лице нема да ги покрие сите неправилности -Не одговара на мојава кожа. Пудрата би ја препорачала за некој со сува до нормална кожа. Многу ми фати око пудрава па морав да ја земам. (што ќе правиш жена како жена ) инаку имам комбинирана кожа ама со камена или пудра во прав не светнувам за саат,саат ипол. Ќе гледам да ја дотрошам пудрава па следна на листа ми е Rimmel stay matte
И јас имам мрсна проблематична кожа и истава пудра ја користев,од Менхетен црната,и по задоволна не сум била од ниедна пудра.Не знам зошто не ти стои на лице,убаво ти предложиле некој прајмер,или пак ако не тоа,бидејќи нели би требало да измазнува,а пудрата Менхетен на некој начин цементира,стави си одоздола хидратантна крема која што одговара на твојот тип на кожа,имаш разни,оди во ДМ или во некој маркет и разгледај,имаш и за пониски и за повисоки цени,глеј да си врши функција. Е да,и пудрата ако ја нанесуваш со прсти трае пократко.Обиди се да ја нанесеш со сунѓерче beauty blender или со четка за течна пудра,рамномерно по цело лице,ти гарантирам дека повеќе ќе ти трае.
Леле, колку ја замразив Менхетенот мат. Чисто оти нијансата ми е погодена (најсветлата) и ја ставив две вечери по ред, луѓе лицево од црнки никад нема да го исчистам. Ми се плаче, сериозно. Ја фрлив за да не паднам во искушение да ја ставам пак, чисто оти со Estée ептен ја згрешив нијансата. И веќе Estée не планирам да ја сменам. Уште да си ја најдам вистинската нијанса, ама на прав пат сум. Бај д веј, ако имате на ум страна со минимален шипинг или free (освен strawberry.net) за Есте, предложете ми. koritsaki, ако ме читаш те молам провери во Грчка дали ја има 1N2 Ecru. Вечно ќе ти бидам благодарна.
Истиов проблем и јас го имав. Од мала оваа пудра ја знам како најфалена за покривност. Си ја купив и ем ми го прави лицето суво, а имам мрсна кожа, од каде ми ги вади тие лушпи и суви делови и јас се прашувам. Од покривност 0, ем светнувам по два саати, ем изгледам како да немам ништо ставено на лицето. И џабе викате стави крема прво, или нанесувај ја со четка или сунгерче значи пробав секако, пак истиот ефект го добивав. И со база и без база, и со крема абе како сакаш ставај ја не бива. Зависи кај секој е различно. Ако имаме мрсна кожа не значи дека кај сите исто ќе делува една те иста пудра. Баш напротив па мене ми се погоди онаа на Римел ластинг финиш- 350 денари - благодарение на Лепа ( а јас и Лепа имаме тотално различен тип на кожа). Ни на крај памет не ми беше дека со толку ефтина пудра ке добијам таков ефект.
Дали некој знае колку се отприлика камените пудри на Golden Rose и ако може да ми препорачате некоја убава која дава мат ефект?
те читам ама денес си дојдов во мк , а ќе се враќам почеток на септември и таа ли нијанса ја нема во мк ? http://www.ebay.com/itm/ESTEE-LAUDER-DO ... 1252720113 овде ја најдов таа нијанса ако можеш од овде да порачаш
^^ Ја нема бре, ништо нема тука ептен се слаби со нијанси. 1N1 Ivory Nude ја има, ама таа е пресветла. Нијансите кај нас се или претемни или пресветли, средина нема.
Марамке, нели немаше кај нас светли нијанси од таа? Така мислам прочитав низ темата тука. Која е најсветлата шо ја има кај нас од неа?
Сестра ми ја зема пред некое време 103. Посветла не знам дали има, мислам дека и она бараше посветла ама па кога ја проба одлична и беше на тенот. Сестра ми е прилично посветла од мене на тен.
Нема кај нас светли од Римел стеј мат, за жал. Јас ја земав последниов пат, најсветлата нијанса што ја имаат - 103, и не е доволно светла, него премногу ми се двои во пределот кај вратот, па со камена некако средувам, башка ми се чини и дека оксидира по некое време па станува уште потемна. Баш штета, арна пудра е за мрсно лице, фина текстура има...
Има ли светки плавата пудра на Римел Match Perfection како wake me up (портокаловата) што има? Се заљубив иначе во wake me up од тоа како убаво ми го прави лицето. Со еден слој има мала покривност ама со два слоја дава средна покривност, а не изгледа воопшто тешко како кило пудра да имам на мене, а како па ми го измазнува лицето, мераци. Ми се допаѓа што не е мат ( за сува кожа е пудрава) некако баш природно делува само светките не и ги поштувам на пудрава ама ич, премногу свети лицето со нив ама добро тоа дека немам јас сува кожа па со светките ми е премногу.
^ Нема светки, чиста пудра си е. Многу е убава и мислам дека ќе ти одговара, воопшто не е за мрсно лице. Мене моментално ниту една пудра која ја имам не ми одговара, дури избегнувам да ставам преку ден и практикувам само навечер. Премногу ми се масти лицето и ми се гади од самата помисла на пудра и дополнително оптоварување на кожата. Си ја користам Normaderm Teint (Vichy) постојано во последно време и веднаш забележувам разлика во однос на црнките и поткожните митесери. На некои места од лицето имам малку порпоширени пори и било која пудра која сум ја користела ми ги затнувала и ми се појавувале дури и премногу црнки. Со оваа не ми се случува така и навистина дојдов до заклучок дека сепак медицинската козметика си е нешто попроверено, барем кога се работи за лицето. Не ми се допаѓа тоа што не ми е доволно мат, а следно во секој случај би купила пудра на Clinique; неодамна добив на подарок мала верзија на една од нивните пудри и останав фрапирана. Ќе се почастам од следната плата, под услов ако успеам да ги испотрошам оние кои ми се при крај.