Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    За сите оние девојки кои имаат мрсна Т-зона,денеска ги купив овие марамчиња од парфимеријата каде што си ја земав и пудрата.Девојчето што работеше таму ми ги препорача.Многу едноставно се користат,си земаш едно марамце и нежно поминуваш на местото каде што светиш како сијалица,мрснотијата се апсорбира на марамчето а пудрата не се брише и се постигнува мат ефект.Ја сега само што си дојдов од работа испробав пред да си измијам лицето и навистина се брише мрснотијата без да се избрише пудрата.
    Позз...
     

    Прикачени фајлови:

  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Која цена се?
     
  3. angiee909

    angiee909 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Јас ја користев оваа пудра пред некое време и задоволна бев , покрива добро и го прави лицето мазно и убаво. Ја порачав од Авон , единствена грешка ми беше што порачав еден број потемна али во каталогот ми беше посветла некако :?: ама сепак ми стоеше . Не е лоша, слободно купи си ја :D
     
  4. sassyM

    sassyM Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    27

    Ако не се лажам 110-120 денари се. И јас сум презадоволна од нив, веднаш си купив второ пакување откако ми се потроши првото. За тие со мрсна кожа навистина се must have. Секогаш ги носам со себе во чанта, кога ќе почувствувам дека лицето ми изгледа мрсно со еден лист цела мрснотија ја собирам. Освен Аура, и Есенс има вакви листови но мислам дека беа малку поскапи околу 150 ден.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Пудрава ви ја препорачувам на сите вие шо имате нежна и осетлива кожа...
    стои скоро дури до 20 часа (не се брише сама, како некои други) :D
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89, vikiimacko и koritsaki им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Станува збор за хартиени марамчиња за отстранување на маснотијата од лицето.Може да се користат и пред нанесување на шминка на чисто лице,а може и по неколку часа од нанесување на пудрата.
    Јас имам искуство со вакви марамчиња од Орифлејм.Редовно ги користам,особено пред нанесување на пудра и многу сум задоволна.Едно пакување има 50 парчиња по цена од 153 ден. која варира во каталозите.Може да се најдат и поевтини.Ги има во тековниот каталог.
    Ги препорачувам на сите девојки со масна т-зона.Лесни за употреба и практични за носење во чанта,а толку неопходни во текот на денот.
    Еве слика

    [​IMG]
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има користено пудрата од Luxe на Авон? И како е задоволен?
    Во новиот каталог на Авон е намалена од 800 на 369, Па ми требат искуства, каква е шо е :)
    [​IMG]
     
  8. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79

    Јас ја користам пудрата откако е излезена во каталогот и сум презадоволна, со никоја друга не можам да ја заменам. Во новиот каталог за прв пат е намалена толку и дефинитивно ќе ја порачувам пак. Така да јас ти препорачувам да си ја порачаш бидејќи навистина е добра, не е како другите пудри кои што се во каталогот. Мене совршено ми легнува на лицето, покрива доста и не се познава дека имаш ставено, и лесно се вади, доволни се само влажни марамчиња. И многу убаво мириса, не е како некои од останатите пудри кои што имаат тежок мирис...

    Уште еднаш ќе кажам, дефинитивно ти ја препорачувам! :D
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Женски јас имам и друго прашање..
    Што Ставате пред пудрата? Препорачајте ми нешто, само да не е крем.
     
  10. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Да ве замолам да ми препорачате течна пудра за лице, за комбинирана кожа, меѓутоа никако да не содржи жива. Знам дека пудрите што се поевтини имаат жива, но сум купила и поскапи и повторно сум забележала дека има. Да не фрлам веќе пари за џабе подобро некоја од искуство да ми каже. На пакувањето од пудрите најчесто тоа не е напишано па подобро е да се провери.
    Лесно се проверува ако на лицето каде што има ставено пудра се помине со златен прстен (или нешто друго златно). Ако остане црна линија значи има жива. :?: :doh:
     
  11. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    GOSH Velvet Touch Foundation Primer Се стават пред пудрата,лесно се впиват иако е мрсна,мене супер ми одговарат...околу 700 ден е,вредит за парите. позз
     
  12. bebushe

    bebushe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    19
    http://mk.oriflame.com/products/product ... Code=26595 да не ја има некој пробано пудрава и да ми каже дали покрива..и ако може да ми кажете пудра покривна многу за мрсна коса,поетинка не мн скапа :)
     
  13. Maarina

    Maarina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Девојки ќе ве молам за информација, каде во Битола можам да ја најдам пудрата менхетен слушнав дека многу била добра за мрсна кожа ... јас имам комбинирана кожа т.е многу мрсна т зона останатиот дел сува кожа.
    До скоро ја користев на севентин тајм плус ама брзо светнувам како лампион, некни случајно купив импала со пумпица и има добра покриеност АМА кога прочитав дека во составот има 3 вида парабен косата ми се крена .... зошто воопшто се продава оваа пудра :x
    И дали има светли нијанси на менхетен и цена ?
     
  14. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    4.050
    Пол:
    Женски
    bebushe- Ако имаш комбинирана-мрсна кожа ке ти одговара, лесна пудра е и не многу забележлива за сува кожа не е баш како брашно на лицето иди.

    Maarina- Менхетен можеш да најдеш во Шатци, во Божо и во Фемина мислам така се вика продавничето карши ГТ слаткарница низ Широк Сокак. Ама има две нијанси само колку што знам провери може ке ти одговара. :)
     
  15. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Пред неколку месеци ја купив пудрава па решив да кажам овде неколку збора за неа.
    Има пенеста структура. Има мат ефект. Покривноста е средна, што не ми се допаѓа тоа воопшто. Достапна е во 4-5 нијанси јас ја имам Matt ivory која мислам дека беше најтемната од сите а на мене е светла изгледам како дух па морам да ја комбинирам со друга потемна и со камена над неа.

    Неколку позитивни и негативни критики од мене сумирани во еден концепт.
    Позитивни
    Одоговара за комбинирана кожа најмногу но може и за мрсна
    Ако сакате слаба до средна покривност
    Ако сакате мат ефект
    Ако сакате полесна текстура

    Не ви ја препорачувам поради
    Тешко е да се погоди соодеветната нијанса бидејќи изборот е слаб :|
    Тоа што е во тегличка е нехигиенски за користење
    Изгледа како малтер ако ставите повеќе на лицето
    Ако имате сува или нормален тип на кожа

    Се на се од мене 4/10
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,5 KB
      Прегледи:
      128
  16. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Женски, јас дојдов да ја пофалам козметиката на Catrice, во овој случај "Nude Illusion Make Up" пудрата :)
    Досега ја користев онаа на Ревлон, која има висока покривност, што понекогаш ми сметаше, затоа што апсолутно не е за дневна варијанта.

    Случајно ја земав оваа пудра, најпрво заради ниската цена (не знам точно ама околу 350-400 ден.), па ми се исплатеше да ризикувам. Сега имам само пофални зборови :D
    • Иако на официјалната страна пишува дека има лесна покривност, на моето лице (со комбинирана кожа, мрсна во Т-зоната) - има средна накај висока покривност.
    • Убаво ме покрива, а и толку си ја погодив нијансата што воопшто не се разликува од мојата кожа, изгледа многу природно.
    • Има мат завршеток! Воопште не сјае, а лесно се нанесува на лицето (има и пумпица)
    • Единствено, не можам да зборувам за колку време трае, затоа што не ја носев долго време, само на кратко :?:
    • Ако треба да бирам помеѓу Ревлон и оваа, дефинитивно оваа е мојот избор. :)

    • За оние со помрсна кожа на лицето, има уште неколку видови пудри кои мислам дека повеќе би ви одговарале.

    • оф топик - го земав и прајмерот на Catrice - Prime and Fine Smoothing Refiner. Уште при нанесување се забележува разлика, а според мене, подобар е од оној на Гарниер.

    • За оваа пудра станува збор:
    [​IMG]
     
    На softy, Sky-butterfly, rainbowec и 2 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Aaaa јас и ти сме иста кожа душа, фала што пиша. Ќе си ја земам наскоро.
    А за оваа камена пудра да не виде цена случајно?

    [​IMG]
     
  18. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    ^ И да сум видела, за жал не сум запамтила :( Но мислам дека немаше ништо поскапо од 450 денари.

    Он топик: Продавачката инаку ми кажа дека другата колешка што досега користела Лореал пудра, ја заменила со оваа на Catrice и била презадоволна ;)
     
  19. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    Девојки и јас сакам да ја пофалам пудрата на Catrice, брачедами ми ја поклони...
    Кога ми ја кажа цената не верував дека ќе биде добра...
    Но јас сум изненадена пријатно ова е таа пудра која ја барав цело време...
    Имам едно прашање до тие што биле или некој допрва ако оди нека види што како има
    па нека пише дали ги има палетите сенки,камената пудра.
    Брачедами не се секава... А јас сум од охрид но наскоро ќе одам ск кај другарка па би било добро некој да каже што има .
    :*
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Фала Сања, јас ќе одам после во ДМ па ќе видам. Мора да ја земам.