Здраво девојки, сакам да прашам користам пудра од Malena 2+ затоа што имам средно темна кожа, кога си ставам со раце некако не ми се размачкува убаво и ми остануваат линии. Користев и сунѓерче за камена пудра ама и со тоа повеќе како да ми замириса лицето на лош мирис и тоа ми остави линии дали е до пудрата дали помалку да ставам незнам некој искуство со Malena ?
јас ја користам истата, ама немам никаков проблем со нанесувањето и не ми остава линии пред да ставам пудра ставам крем на лицето и ја нанесуван (ама малку, бидејки ако ставаш премногу не изгледа убаво) со рацете вртејки крукчиња како стрелките од часовникот и обратно и потоа со прстите нежно (удирам) тапкам по лицето а можеби пудрата да не ти одговара на типот на кожата
После долго мислење дали да ја сменам L'oreal True Match, ја зедов Max Factor Face Finity all day flawless 3 in 1 foundation. Пудрата е добра, средно покривна кај мене со мат финиш, стои долго на лицето плус немам потреба после да користам коректор или подлога пред да ја нанесам тоа е еден голем плус. И дава многу природен изглед што е многу погодна за секој ден. Ама сепак Лореалот подобро излгеда на лицето, ама тоа кај мене траеше само првите 30мин, после ми се собираше на лицето и многу ми ги истакнуваше сувите делови на лицето. Пробав со разни подлоги ама секогаш истиот ефект. Сакам пудра што ке имам природен сјај на лицето, не сакам 100% матт финиш. Е сега, да прашам дали некој од вас ја користела Loreal Lumi и колку сте задоволни? Или некоја друга пудра што не е со 100% мат финиш. Јас имам нормална/сува кожа.
Да ја пробаш Хелти микс? Мислам дека е таква каква што бараш, јас каква и пудра да пробам, на оваа секогаш се враќам. Нит ги истакнува сувите делови, нит се собира преку ден (иако јас имам мрсна т-зона и суви образи, преубаво ми стои на лицето цел ден). Преубаво се размачкува и убави светли нијанси има.
Јас ја користам оваа пудра веќе 1 година, премногу добра пудра, многу убаво покрива со мат ефект, значи не светиш ко лампион, многу е лесна на кожата, ја израмнува, и дава сјај, не сум имала алергиска реакција ко со останатите пудри и многу лесно се вклопува во контурирање, нема потреба од камена пудра. Ја купив од Грција, цената и беше околу 700 денари.
Јас моментално ја користам Seventeen Time Plus пудрата и супер задоволна сум. Едно време користев посветла пудра - Everlasting од Oriflame и ок беше али не ме воодушеви, а од оваа се изненадив. Средна покривност има што ми одговара пошто не сакам да сум скрос мат, сакам поприроден изглед на кожата а оваа пудра ми е супер за тоа, со пчелин восок и со 15ка заштитен фактор за летно време е топ, поготово како што имам фатено боја потемнава нијанса таман ми се погоди!
Феминкиве ја фалат оваа пудра на Catrice, и баш е таква за природен изглед на лицето... Мене ми е следна за купување кога ќе ја потрошам оваа што ја имам сега. http://www.catrice.eu/products/face/mak ... p-010.html
Искрено не знаев во која тема да го поставам прашањето, ако има некоја посоодветна слободно нека се премести. Решив да прашам тука бидејќи темава е поактивна и за да не бидам офтопик ќе ѝ го препорачам на Росе ова, иако јас лично го немам користено но не се сомневам дека е добро и дека ќе ѝ даде сјај и свежина на лицето. (секако мислам на Dewy верзијата). Е сега моето прашање: Зарем има NYX козметика во Македонија? Случајно налетав на странава на фб и се изненадив. Знае некој нешто подетално околу ова? Цените се доста пристапни ако тие на сликите се точни. Ако го бива некого за истражување, дај нека ни каже каде може да си купиме NYX производи А таман мислев да порачам од нет, ама вака е уште подобро, го гледаш производот пред да го купиш.
Мене како најдобра ми се покажала на Max Factor. Околу 600 денари е, ама барем година дена најмалку има секако да ја користите, доволно мала количина да ставите... Барем мене извонреден ефект ми даде.
Оваа страна е валјда да порачаш преку фб , бар така мислам, а за продавница мислам дека нема во мк нивна продавница. Јас nyx порачувам од ибеј ако те интересира повеќе пиши
Во Македонија нема NYX козметика нажалост, јас имам порачувано онлајн. Повеќе можеш да прочиташ овде.