Здраво јас ја користам максфактор лонг ласинг и дефинитивно ми е совршена за моето лице комбинирано и масно на т зона, ја пробав и римел стеј мат и задоволна сум и од нејзе за промена само што малку носот ми го перуташе ама не е страшно пудрата е повеке од одлична за тие пари, комбинирам со камена на мејбилајн од која сум презадоволна лицето ми го прави многу мазно и ептен е мека како кадифе ја препорачвам
Ако може некој да ми помогне да си ја најдам вистинската нијанса за L'oreal True Match Незнам колку пати имам пробувано тестери од пудрава и никако да си ја погодам нијансата. Таман ќе се одлучам за некоја и ќе одам да ја купам и баш таа нијанса ја нема Ако некој ја има користено, би ми било од корист да ја спореди нијасата од Лореал со некоја друга пудра. Иначе од Римел сум 103, Макс фактор (мусот) 50, Буржоа 52/53.
Пробај на сајтов. Ќе си внесеш што си користела и ќе ти даде предлози и за оваа. http://findation.com/ П.С. Од страна ти излегува листа со брендовите и ќе си одбереш Лореал. Ако случајно не се појави во листата која системот ја дава како резултат. П.П.С. Кај нас ја нема нијансата 1С1 Shell од Есте Лаудер или мене така ми се чини? Таму кај што бев имаше тестер само, а пудра немаше.
Девојки, користам севентин пудра веќе 3-4 години и сум прилично задоволна од неа но сега сакам да сменам малку затоа што имам мрсна Т зона и севентин не помага, туку напротив по 30 мин пак светнувам цела Барам некоја доста покривна пудра. Благодарам однапред
Која Seventeen ја користиш? Ако станува збор за Natural Velvet, замени ја следниот пат со Seventeen MATT+. Можеби повеќе ќе ти се погоди, баш е наменета за мрсна кожа. Ако не, види ја Rimmel Stay Matte.
И јас од риммел ја користам 103, а од Лореал D1W1 Golden Ivory пробај ја на тестер уште еднаш за по сигурно, многу добро стои на лице
Фала ти многу. Незнам дали ги има во Скопје сите нијанси што постојат од Лореал ама ќе одам утре до Космо и се надевам ќе си најдам соодветна нијанса.
Јас сум многу задоволна од пудрите на Essence, имам пробано повеке видови , само што малку се потемни пудрите, пробај од тестерите . Траат долго , прекриваат , соодветна цена имат , јас сум задоволна
Девојки, може ли да ми кажете дали го има Healthy Mix Serum foundation кај нас и која цена е? Најдов слулчајно тестер по дома, и перфектно ми се погоди на лицето...
Мислам дека веќе го нема, освен ако во некои парфимерии не им останале неотворени од поодамна. Откако ја пуштија кај нас на пазарот новата амбалажа на Healthy Mix, ги повлекоа и старата НМ и серумот.
Јас со коректори немам проблем, само со пудрите. Имам масна т-зона кај носот и кај брадата и челото. Ја користам Extra Lasting пудрата од орифлеим, но за неколку часа светнувам, ако не поправам со камена пудра за помалку од два часа мене целото лице ми светнува. Сега незнам се мислев на Артдеко да земам и не сум баш упатено со пудриве више аман.
Види ја пудрата, можно е да ти се допадне, речиси исти им се карактеристиките. Пробај ја Ревлон Колорстеј за мрсна кожа, нема шанси да не бидеш задоволна. За мрсна кожа е измислена. Само малку е потешка за потоплите периоди од годината, ама за есен-зима е одлична. Со душа чекам да залади за да ја ставам редовно, лицето нема мака со саати. Максимумот кога ми била на лице е 12h, така да не се сомневам во издржливоста.
^Не бидете мрзеливи... Не е тешко на гугл да пишеш Revlon http://www.revlon.com/products/face/fou ... 5410013||1 За нијанси не би ти препорачала да гледаш по интернет. Различни слики со различно осветлување а една нијанса ја даваат на дваесет начини. најубаво сама да си избереш на лице место, да си пробаш. Ама внимавај оксидира пудрава, барем така девојкиве се жалеа, што јас лично не го забележав но добро Спојлер
^ Да се надоврзам околу муабетот за нијансите. Малку пудрава се прилагодува на нијансата на лицето откако ќе ја ставиш. Инаку кај нас има мал избор на нијанси. Кај нас ги има 110, 150, 180, 220, 320, 330.
Да, слаб е изборот, ама па и не е толку лош. И да напоменам, не се подлажувајте по нијансата 180, посебно ако имате многу светол тен. Најчесто таа нијанса ја земале сите и речиси сите продавачки ја туткаат истава без пардон. Го обрав бостанот јас со лошото светло и со нијансава, среќа што на време ја исправив грешката. Buff (150) ми е идеална, со онаа 180 сум како да сум била во солариум. П.С. И јас не забележав да ми оксидира или да менува состав по некое време.
Како мислите да оксидира? Не го разбирам зборов баш. Не ми е тешко да побарам на нет, во брзање пишав.