Да ја менува бојата по некое време откако е нанесена на лицето, да потемни за некоја нијанса. Мислам дека не би требало да се случи, барем ете кај мене не беше така.
Оксидирање значи да кога некој производ кој бил херметички затворен дојде во допир со кислород почнува да ја менува својата почетна состојба. На пример еве со пудриве, особено оние кои се без пумпичка само со отворено шишенце најчесто брзо се расипуваат, ја менуваат својата боја во посветла или потемна како и својата структура, некои се згуснуваат, а некои стануваат уште потечни. Исто како и кога пудрата ќе ја нанесеш на лице и одма добива друга боја или по некое време ти избледува или станува потемна зависи...
Mishela,дали имаш забележано дека Ревлонот кој е оилфри,претпоставувам тој го користиш,последнава година е некако покремаст во шишенцата а не течен како порано,со напор вадам за да се намачкам.Ова со две шишенца ми се деси, купени во две различни продавници,чак и од два града,со размак од месеци:Покривноста е иста или минимално послаба.Таков лот е или што?Да напоменам ,купени ми се од мк,од интернет или тука каде живеам не сум купила до сега.
Да, тој истиот го користам и јас, а истово го приметив и да ти кажам се тешев дека е до мене, затоа што многу време помина откако ја користев оваа пудра и знам дека не ми беше толку тешко да ја нанесам на лице. Го навалувам шишенцето надоле, ама додека да дојде пудрата до врвот, мислам дека до тогаш би успеала да го нанесам остатокот од шминката. Не гледам некоја разлика во покривноста и јас, ама и не ми се суши толку брзо кога ја блендам. Порано чинам веднаш се матираше и ако не бев спретна со прстите не ми се размачкуваше рамномерно, сега овој „проблем“ го немам, а трајноста си е како што беше, издржува многу без да ми засветат масните зони. Одлична пудра е, ама можеа барем да стават една пумпица и да ни олеснат. Ако нарачаш од странство и видиш некоја разлика, пиши коментар, барем да си ја обезбедам и јас преку интернет. И мене таа мисла ми се мота во глава во последно време, ама чекам прво да го потрошам ова шишенце.
Да се надоврзам и јас во муабетов за Ревлонот. Долгогодишен корисник на Ревлон, од кога ја користам 2-3 пати ја менуваа формулата. Издржливоста на лицето е останата но покривноста е многу помала сега за разлика од порано, и додека ја мачкаш порано одма се сушеше сега некако како леплива ми е чудна. И и мене ми се случи со последното шишенце да е многу кремаста, едвај се вади а порано си беше течна.
Здраво девојки ве молам кажете некоја добра пудра значи стварно да покрива и да го измазнува лицето.Јас инаку го користам буржоа ама сакам сеа да сменам позззче
Јас го имам Ревлонот од странство ми е веќе една година откако го имам, најчесто го користам во зима оти ми е потешка пудра за во лето. Немам проблем со шишенцето од едно навлување си течи пудрата, убаво се размачкува, покривност задоволителна, а за оксидирање и јас имам заприметено како да ми потемнува по одредено време 180 ми е нијансата.
Благодарам Мишелче, јас па баш сакам да изгледам ко да сум била во солариум малце, имам светол тен и плава коса и поубаво стои малку демек исончано лице
^ Ако сакаш пудра која ќе ти даде природен изглед и нема да ти се познава, тоа е тоа. Не е многу покривна, а моето искуство ми покажа дека без камена пудра на комбинирана или масна кожа, пудрава буквално се „лизга“ и ја снемува од одредени делови на лицето по некое време. Мислам дека за осетлива кожа би била супер, многу нежна текстура има.
Денес по втор пат си ја купив пудрата на Estee Lauder Double Wear пак начекав попуст , нијанса Fresco 2C3 , побарав посветла и мии рекоа дека само Ecru нијансата е посветла од фреско ама некако многу па светла ми стоеше па затоа ја земав fresco најубавата пудра на светот,повеќе за ништо не ја менувам
И 2N1 Desert Beige е посветла од Фреско. Те излажале. Баш ти ми кажа дека ја имаат и таа. Како и да е, со среќа да си ја користиш.
Јас мислам дека конечно си ја најдов совршената пудра Не пишав одма кога ја зедов од причина што не ретко знаев да се залажам па затоа сега имам полн несесер со неистрошени пудри Ја зедов Seventeen Natural Velvet , совршено ми се прилагоди на лицето, покрива ама баш се, и трае со часови. Особено ме радува што има заштитен фактор. Онаа предходната што ја користев на Yves Rocher се топеше од сонцето, цело лицето ме чешаше и делував ко излигавена Давам чиста 10ка за пудрава. Ја зедов 590 од Дм, во Космо е малце поскапа. За сите типови пишува дека е, јас имам сува кожа и ептен ми одговара
Пипл ај ве моолам препорачајте ми пудра докај 500-600 денари немам средства моментално да испробувам нови пудри, ја користев онаа на орифлем ама во последно врем не ми е како што беше некако сакам некоја поможност мат пудра, ама единствени мат шо ги гледав беа во веро околу 800 и нешто ден
Пробај ја од Maybelline, Affinimat. Има многу убави нијанси и би требало да ти се допадне. Мене ми е следна на листа, а чини 500 и некој денар.