Ту, зашто пишав, се зареков Мене денеска пудрава ми оксидираше. Маж ми ме построи, ми вика што си шљакала на лице види како си црвена целата кога се видов чиниш 5 потемни нијанси сум ставила. Стварно чудно ми падна, недела дена супер си беше и сега вака, од дождот да не е Ајде феминки кажувајте вие што ја имате користено, ви има ли оксидирано?
Драги феминки, морам да ви ја пофалам мојата нова пудра која ја купив во Дм. Се работи за оваа пудра која е со средна покривност и онака не ми треба некоја со голема покривност бидејќи имам скоро па чисто лице, инаку имам комбинирана кожа. Пудрава нема голем избор на нијанси негде околу 5. Одлично прилега на моево лице, го измазнува и изедначува тенот. Денес ја тестирав и на мене стои веќе 7-8 часа без да се избрише. Замислете дури и не ми светнува лицето, маснотијата на т зоната ми е регулирана. Абе совршенство, дефинитивно најдобра до сега што сум ја користела.
^ Мене со Natural Velvet никогаш не ми се случило нешто такво иако ја користев краток период. Да не ти се растекла од влажниот воздух, ако не си ставила камена над неа. Aма до толку пак да потемни не знам, да не е рокот пред истекување.
Не,не, супер си беше, не беше растечена или слично, ама бојава ептен темна. Ја имам земено 04 ( втора нијанса по ред) а како да имав ставено на лице 08 Камена пудра не користам, ептен ми е сува кожата. Не е фер, и оваа ли пудра да ја фрлам Никад нема да си најдам совршена пудра, никад Уф, а за рок никаде не можам да најдам да пишува. На етикетата пишува сугестивен рок 12 месеци. Рок на траење 24 месеци, не знам што им значи ова а дата на производство не пишува.
Јас оваа пудра не ја препорачувам за мрсна кожа, барем на мојата не одоговараше. Иако пудрата има фини нијанси, фино се слева со тенот, но издржливоста и е прилично слаба. Ем испарува од лице, ем ако имате посуви делови лошо ги истакнува. Сестра ми има нормална со мрсна Т зона, која понекогаш и се суши и на неа фино и стои ама со камена пудра. Кога и е посува кожата многу лошо изгледа, буквално ко лушпи да има по неа.
Е, тоа не знам, стварно. Моето искуство со Maybelline Affinimat беше кратко и во текот на зимскиот период кога кожата не ми се поти воопшто, па ми беше убава. За мој вкус е премногу течна, но со камена или фиксатор не забележав да ми бега од лице, барем 5-6 саати, а тоа и ми беше доволно тогаш. Секако, со проба извесно време пред купување најдобро ќе си утврди дали е добра или ќе се бара друга пудра.
Јас ја имам користено ама немам вакво искуство да ми оксидира, ова е единствената пудра која ми се совпагаше со мојот тен, без да двои, само мене бргу ми засветуваше лицето, имам комбинирана - мрсна кожа .
Еве ме мене, веќе редовен потрошувач на Афинимат пудрата Мишела веќе е запозната, имам пофални зборови за пудрава, нијансите се супер, посебно за тие со светол тен, зашто има избор и за оние со розев и со жолт подтон. Ја користам цело лето, мат е, многу нежно го прави лицето, тоа што е течна мене ми е и малце кон позитивно, зашто со мала количина лесно се поминува целото лице, покривноста и е солидна, не ги истакнува или затвора порите, не е брашнеста, напротив, се слева со тенот и не се познава воопшто, не иди до израз дека имам ставено пудра, и изненадена бев што на комбинирана и осетлива кожа ко мојава, ова е првата пудра што не ми направи лишаи околу носот и устата, значи не ми ги истакна сувите делови. А ете Марама се жали од ова, што значи секоја кожа разлино прима Само, баш пред некое време забележав, дека штом ставам неколку дена со ред(а имав неколку такви пригоди во континуитет кои си бараа класична шминка), ми се прават како поткожни, не акни, туку како црнки на образите, се повлекуваат одма, ама по мое изгледа е до тоа што има алкохол во составот(така барем си велам). И издржливоста и е ограничена, значи трае докај 5-6 саати најмногу, макар и со камена пудра или фиксатор. Само добро, јас досега ионака не сум сретнала пудра која и покрај бакнување(ете свадбарски на пример ), играње, потење, би издржала докрај, малце ми е и нереално, можда на Есте, Коритсаки и Сенца нека потврдат Сепак, една од подобрите пудри што досега сум ги испробала. Спојлер Ама, јас тешко се врзувам за одреден козметички препарат, и тоа секогаш го препишувам на фактот дека штом не би го купила пак, не ги задоволува целосно моите критериуми, па сигурна сум дека пудрава ќе остане во мојот несесер како резерва, а сепак следниот пат ќе купам некоја сосем друга за која што сметам дека ќе ми одговара. Значи, не сум ја нашла совршената. А и згора на се, веќе безборј пати сум пишала, имам чуден тип на кожа, па сеуште се обидувам да најдам крај измеѓу комбинирана, па масна, па сува териотрија
Во врска со на Есте пудрата потврдувам 100% дека цееел ден стои на лице , од сабајле до вечер , не се брише од облека јас дури имам и спиено со неа на лицето , кога сакаш да ја извадиш тешко се вади и кога ке го измијам лицето со сапун и отпосле ке го исчистам лицето со мицеларна вода пак имам пудра на памукот а пудрата не е мат , можат и тие што имаат и сува кожа да ја користат. Претпоследниот пат кога отидов да купувам пудра продавачката ми рече бидејки земав една на Клиник , дека само на Есте пудрата ја регулира маснотијата на лицето доколку имаш мрсно лице и навистина е така. Јас сум презадоволна , да ти кажам искрено јас имам користено пудри од Буржуа , Менхетен , Римел , Ревлон итн ама досега ниедна не ми завршила работа само џабе парите безвеза ги фрлав . и јас не верував дека постои совршена пудра. А некој може си вика абе не сум луда да давам толку пари за пудра ама вака ќе дадеш пари за пудри што не ти вршат работа а можеш да дадеш повеќе за пудра што ќе бидеш задоволна и ке ти трае со месеци сега секој си знае , затоа и си има тестери да си пробаш и да видиш
Kako што гледав на нет пудрата е многууу покривна, лице со многу несовршености покрива, го прави стакло. Можеби е убава пудрата не велам не, ама јас не би ставала на лице нешто толку покривно и што потешко се отстранува.
Жени препорачајте пудра за мрсна кожа и проблематична? никако да си погодам,во пролетта имав проблеми наеднаш ми излегоја повеќе мозолчиња потоа ја зедов Авене козметиката ми се стреди,сега на одмор додека бев од солта ми се надразни кожата и пак ми излегоја неколку мозолчиња сега пак ми се врати во нормала, но страв ми е пудра да ставам т.е незнам што да користам поточно...
Девојки, совет,искуство со некоја од пудриве: Catrice all matte или Catrice photo finish. Денес ги гледав,не можам да се одлучам. И двете се со иста цена, околу 450 денари. Значи лицето ми е комбинирано, со масна т зона, ама сега во поладни денови и не толку мрсна. Дури во зимава лицето ми станува скоро суво. Сакам средна покривност со природен изглед. Која да ја изаберам?. Се плашам од оваа матте да не ми го исуши лицето сега во поладните денови. Помош
За фото финиш не знам да ти кажам, ама за матот можам да кажам од прилика како мене ми се виде. Уште не можам целосно да дадам извештај затоа што ја користам неколку дена. Инаку не е нешто многу покривна, онака средно, прилично густа е пудрата и лесно се размачкува. Јас имам комбинирана кожа и немам навика да користам камена. Не ми светнува лицето, во тој дел ок се покажа, ама не ми се допаѓа долготрајноста. Зависи од денот и од температурите ама 5-6 часа стои преку сила. Не знам со камена како ќе се покаже, ама вака без, буквално како да испарува од лице. Дури и со тоник кога поминувам минимално пудра има на памукот. Значи вака од прво гледање е ок ама ништо посебно и дефинитивно не би ја купила пак доколку некако магично не ми се смени мислењето понатаму. Римелот би ја ставила пред неа и покрај тоа што е поефтина 100 и кусур денари. Пробај ја ако сакаш, може кај тебе поинаку ќе се покаже. Во секој случај не изгледа вештачки и не го суши лицето, туку баш природно делува.