Пудрата на Max factor facefinity 3 in 1 дали е погодна за комбинирана кожа? Некој ако ја има користено оваа пудра да ми каже во кратки црти некои карактеристики за пудрата. Пример покривност, долготрајност и сл.
Да, мислам дека ќе ти одговара. Наменета е за сите типови на кожа, но јас мислам дека е идеална за комбинирана и мрсна кожа. Мене лично многу ми се допаѓа пудрата и ако си ја погодиш нијансата нема да ти се познава многу и на дневна светлина, а има голем избор на светли нијанси, тоа уште повеќе ми се допаѓа. Покривноста е средна до висока, убаво покрива акни и флеки, црвенила зависи колкави и какви. Нема некој типичен мат ефект за да изгледа како да дава брашнест финиш, но го држи лицето матирано и без дополнителни маснотии околу 5 часа (со камена пудра). Стварно се исплаќа за парите, барем така мислам јас.
Јас ја користам пудрата на Catrice аll matte и добра е . Имам масна кожа , не покрива баш многу , трае долго , дава многу природен изглед. Не се плаши мислам дека нема да ти го суши лицето и баш како што бараш има средна покривеност со природен изглед
Што мислите за мат пудрата на голден роус, колку е квалитетна, дали добро покрива и се назмачкува, некои ми ја фалеа, а гледам и цената е пристојна до некои 200 ден.
Последен пат користев пудра на essence ама многу ми го сушеше делот околу носот и како да ми се лупеше, многу грдо.Препорачајте ми некоја што покрива а делува поприродно на лице не сум толку упатена со пудриве..Фала
Slatkaaa мене воопшто не ми се допаѓаше, многу се познаваше на дневна светлина, а и изборот на нијанси им е лош. Особено на топло беше катастрофа. Ако сакаш добра за тие пари отприлика земи од She гледам ја фалат, или од Есенс.
Јас ја земав Catrice Photo Finish пред некоја недела од љубопитност. Генерално сум задоволна од пудрата, има средна накај висока покривност. Лицето делува како фотошопирано и преубаво изгледа како во живо така и на слики. Јас имам комбинирана кожа и ја користев заедно со прајмерот и водоотпорната камена пудра на Catrice (Prime and Fine) и можам да кажам дека издржа лицето околу 6 часа без да светне во Т зоната (ова во затворена и климатизирана просторија), а потоа имаше некој сјај на челото, носот и малку кај образите, но не делуваше воопшто лошо. Ми издржа на лице сигурно некои 12 часа без да се растече или избрише што за мене е голем плус. Ја носев и пред некој ден, но на отворено и многу топло време и ми светна лицето после некои 3-4 часа, но до крајот на денот воопшто не се помести ниту пак избриша. Ја имам најтемната нијанса 05 бидејќи ми се чинеше дека таа ми одговара најмногу на исончаниот тен кога ја купував, но сега веќе не ја користам бидејќи почнав да приметувам разлика со мојата кожа и гледам дека има розев подтон што претходно не го забележував. Мене од една пудра ми е најважно да издржува долго зошто 8 часа поминувам на работа, плус ако после тоа шетам некаде може да ми се фати и по повеќе од 12 часа да треба да поминам со шминка. Пудрава можеби не е најдобрата што ја имам, но со оглед на цената дефинитивно ги исполнува очекувањата.
И јас се одлучив за оваа фото финиш, имам читано само пофални зборови на интернетот за пудрава, пред малку само малку ја нанесов на измиено лице, и мене ми се чини добра покривност, мада мене ми треба само за изедначување на тенот, така да не ми значи тоа многу, битно ми е да не е тешка на лицето. Погуста текстура, ама убаво се размачкува, друго не можам да кажам бидејки ја немам се уште асално испробано. И многу мириса, мирис на дива роза или нешто слично. Јас земав најсветлата нијанса 010 sand beige и ми одговара нијансата. Се одлучив за неа после добри критики дека е одлична за проширените пори, па останува уште да ја испробам. Не е скапа 449 ден. во ДМ ја зедов.
^ Леле да, скроз заборавив тоа да пишам: пудрава ама ептен мириса Многу се осеќа и ми пречеше на почеток ама среќа не трае долго.
Хелти микс пудрата нема ли заштитен фактор , зарем за 800 ден не заслужува ? Ја пребарав темата и на нет никаде не видов да има заштитен фактор, или па сум почнала и да не гледам :geek: ,ако ја има некој дома нека ми пише дали ја има барем некој минимален заштитен фактор да има. А баш и се намерачив, од серумот бев прилично задоволна. Ако нема до утре да размислам за друга пудра, при крај сум со пудра, не знам за која да се одлучам, секогаш ми тупнуваат во продавница нешто без веза ако пред тоа не разгледам по нет .
Нема СПФ, сега проверив. Никаде не пишува, не верувам да ми се избришало, не ми е толку старо шишето.
Ја користам течната блескава пудра со смирувачки ефект на Авон долго време, презадоволна сум и не би ја менувала.
Фиксаторот на есенс е сто пати подобар според мене, овај на арт деко се џабе фрлени толку пари. Јас не сум задоволна.
Ако има некоја која ја користи Rimmel lasting finish - во ДМ има некаква акција, пудрата оди заедно со кармин во симпатичен несесер и мислам дека сетот беше околу 460 денари.
Девојки малце помош барам. Ретко ја посетувам темата затоа не сум баш во тек бидејќи не практикувам на менувам пудри на секое бидеќи имам проблематично лице. Долго време бев во потрага по мат покривна пудра и ја земав по препорака Seventeen Mat +, исто така ја користев и Rimmel Stay mate и Lasting finish.. Сите по препорака како најпокривни пудри. Не сум ја пробала уште Менхетен но не ми ја препорачаа бидејќи била многу тешка за лицето. Е сега не знам што се случи, дали дека долго време ги користам овие пудри.. година и повеќе и неубо ми седат на лицето.. за на вечер се во ред, ама дење изгледам баш како зациментирано Ми треба покривна пудра, не мора да е како на овие погоре.. нека е средно покривна бидејќи и онака ставам камена пудра, само да не ми се познава на лицето многу, да изгледа природно.. и по можност да е некоја шо има поголем избор на нијасни бидејќи имам многу светол тен. На Јутуб ја следам Лорен Куртис..шминка беспрекорно и лицето и е баш толку светло колку моето, видов дека ја користи L'Oreal True Match.. Ако ја има некоја од вас користено ја замолувам да ми каже збор два за пудрата, или да ми препорачате некоја друга.
^^ Јас сум скоро исто како тебе, проблематична со пудрите никако да си погодам лесна мат пудра. Ги има користено горенаведените пудри, и Ластинг финиш ми се покажа како најдобра но кога е времето поладно, не за во лето. И јас ја следам Лорен Куртис и по толку фалење на L'Oreal True Match-от решив да ја купам. Прво кај нас има многу слаб избор на нијанси, јас бев помеѓу N2 и D3W3, ама некако N2 ми маваше по на розево, а јас имам жолт подтон, па ја земав D3W3. Пола нијанса ми е потемна ама не е страшно. Инаку покривноста и е средна. Пробав да ја нанесувам и со прсти и со четка и со блендер(сунѓер), и со четка ми е некако најок. Но нешто не ми е ко што треба кај пудрава незнам зошто. Некој ден ми изгледа супер, наредниот сум како сијалица за помалку од 1 саат. Не викам дека не е добра пудрава, мене ми е подобра од оние на римел на пример, ама пак не е како што очекував. Без камена не се ни осмелувам да излезам од дома, и да речеме на 2-3 саати морам да го потапкам лицето со палома и ако е потребно да нанесам многу малку камена. Све у свему ја би и дала 7.5/10 на пудрава.