Затоа што нејзината првична работа е да го услужи клиентот. Кога ќе прашам има да ми пее, да ми препорачува и што уште не. Јас со ова имам многу проблеми пример, кога бирам пудра. Немам толку вишок време да се заберам по интернети да пребарувам рецензии да гледам,да споредувам за една пудра. Дојде време кога на човек му е незгодно нешто да праша. Моментално јас користам од essence all about matt oil-free, бидејќи имам прилично мрсна кожа, оваа многу ми се погоди за 250 денари е одлична за преку ден, меѓутоа за навечер не е нешто посебно. Имам уште една од neutrogena демек со заштитен фактор 20, на почетокот ми беше океј, покривна е, трајна е, меѓутоа страшно многу траги остава на облека. Кога и да се облекувам или слекувам морам крпа да ставам на глава за да не си ја размачкам облеката од пудрата.
Eliksir парфимерија , Cosmo tinex [/quote] Колку чини кај нас пудрата на Есте Лаудер??[/quote] 2800 денари
^^^ Штом немаш време или желба да си одбереш сама пудра на нет, тогаш веројатно ќе добиеш препорака од продавачка ама на крај голема е веројатноста да си заминеш со несоодветен производ во рака. И што после, ќе ја оговараш дека е неспособна? Што ќар од тоа? Таа може да ти каже најосновни работи, за каква кожа е, колкава и е трајноста (според она што ќе го прочита на производот) и сл. или очекувате сите козметички препарати лично да и се испробани на свое лице? Дури и да и се испробани, дури и да чита доволно и да знае за секој производ се’ детално, како очекувате од продавач да критикува производи како што ние го правиме тука на нет, да кажува како ќе светнеш за половина час или дека ќе ја снема од лице за час, или дека парфемот не е траен а маскарата за брзо време ќе ти се исуши? Посебно пак ако има шеф во близина што ја набљудува. А сум сигурна дека нема да потрошиш толку време на нет колку што ќе очекуваш она да ти пее, препорачува, убедува и што ли уште не, а ќе добиеш покорисни информации.
Се согласувам со Ашлинг, не за џабе секој месец одат по обуки и презентации за сите нови производи, девојките во парфмиериите мора да ги познаваат производите детално и да знаат да ти препорачаат кога ќе побараш нешто. Затоа и неможе секој да работи во парфимерија зашто треба да знаеш, да учиш, да памтиш и да знаеш како да комуницираш со клиенти, на крај клиентот да е задоволен со изборот и со услугата. Кај нас повеќето гледаат само да ти го тупнат најскапото, ама така е кога незнаеш што бараш. Во поголемите парфимерии во Скопје Шатци, Космо и Еликсир знам дека ги праќаат девојките на обуки особено на скапиве брендови, затоа МОРА да знаат се, а не да се понашаат ко изгубени германци кога ќе побараш нешто (има и такви случаеви али најверојатно се нови и неупатени). Значи целта е да бидат објективни и да го понудат она што вистиснки би му одговарало на клиентот да знае да каже „не ова нема да ти одговара„ - мислам ние тука знаеме од прилика што би одговарало за одреден тип на кожа што не, а не пак девојките во парфимерии кои имаат поголемо искуство. Исто така за секој бренд има и промотерки, за Есте Лаудер, Диор, Ланком, Клиник, а има и на поефтините Менхетн, Дебора, Фреш Минералс. Мора да сте ги приметиле стојат кај своите штендери во секоја парфимерија. Е од нив по стручни за брендот мислам дека нема, ама сега зависи на која ќе налетате и која ќе ве убеди да го купите нејзиниот производ е работава, ако незнаете што точно барате. Секако се од помош и повеќе знаат за нивните производи одколку вработените во парфимеријата. Конкретно за Дабл Веар на Есте има околу 9 нијанси кај нас што мислам дека не е случај со ниедна друга пудра, обично има по 4-5, а ова доаѓа дупло. Незнам зошто неможете да си донесете, валда ги имаат тие нијанси што најмногу одговараат на нашето поднебје. Мене ми одговара 2C3 fresco имам среден тен, беж, мислам дека малце на розево мава ама супер е на лице, баш природно. Сенза пиша дека ја зимаш за 30 евра од каде? И дали и е таа редовна цена или само ја начекуваш на попуст кога е? Затоа што дури 1000 денари се во прашање, не е малце
А оваа што ја постави Сенза, и оваа на сликава исти ли се? Еднава има плус заштитен фактор, ги има и двете во продажба или едната е како замена за другата? Затоа што ако се тука со цените повеќе се исплати оваа со фактор да се земе Спојлер Инаку и мене ме интересира каде се наоѓа за 30 евра пудрава? Претпоставувам од Италија ја купува Сенза Затоа што реално, како невработена и студент многу ми е да им побарам на моиве 3000 за пудра, а вака пак некако ќе поминат тие 30 евра.
^ Ако е во странство тогаш можеш да ја начекаш на некој новогодишен попуст или нешто слично, инаку цената околу 40 евра е. Во Мк 3000 ден е? Убаво ве насадиле
Во Сефора е 37$. http://www.sephora.com/double-wear-stay ... Id=1465186 Ја има некој порачувано од интернет и од кој сајт?
Ја има на StrawberryNET и тоа често на попусти плус со бесплатен шипинг ама без да си ја знаеш нијансата мислам дека е преголем ризик да се купува зошто не е евтина пудрава. Странава е сигурна, до сега имам нарачано два парфеми, сјај за уста и пудра Calvin Klein и стигаат отприлика за недела дена работите со тракинг број од Шведска. Јас мојава кога ќе ја дотрошам дефинитивно ќе ја земам пак ама од тука зошто многу поевтино доаѓа.
Се надевам вака ќе ја отвара http://eu.strawberrynet.com/main.aspx и побарај во search барот Double Wear. Сум приметила на странава дека многу од производите не ги покажува ако се бараат преку Shop by brand, ама преку search дава повеќе избор.
Знам декаа многу од вас ја користеле, ве молам збор-два за пудрава за покривност, дали ги истакнува порите и дали денски не изгледа страшно тешко. И дали знае некој која е најсветла нијанса од пудрава?
30 евра е и во Грција , и тоа скоро секоја недела се става попуст на скоро сите производи во Сефора до 35% попуст , така да ако одите во гр поминувајте во сефора продавниците може нешто и да начекате
Јас ја користам, мене ми е незаменлива. Доколку ја користиш со подлога воопшто не се познаваат порите и не изгледа лицето како зациментирано. За покривност според мене нема подобра пудра, мене ми стои без да засветам добри 8 часа, а доколку ставам и камена пудра издржува и до 12 часа. Најсветла нијанса мислам дека е 80, јас ја користам 84 карамел и за мене е како измислена.
Од момци сум добила најпозитивни коментари како ми изгледало лицево кога ја користев пудрава Инаку мене ми се допадна, но делот околу нос и уста, оние мали линии кои се прават кога е посува кожата или од смеење ужасно се истакнуваа со пудрава. За мрсна кожа е супер, со тоа што ако имаш некои суви делови може да биде малку проблематична.
Бре кога го сменија изгледот на странава, дури за момент помислив јас да не сум разгледувала на некоја погрешна. Инаку сигурна e и производите не се фејк. Се наоѓаат доста работи што ги нема кај нас, или некои што ги има ама за доста поевтино. Особено им се добри тие дневните акции, се наоѓаат топ работи за џабе пари. Само за пудрава пазете по која цена ќе ја порачате за да не ви ја царинат, па да не ви испадне скоро исто. Инаку колку ја испофаливте, ќе морам и јас да земам една Не планирам да користам толку тешка и покривна пудра за секој ден, ама за некои посебни прилики убаво е да се има таква пудра, сепак е база на цела останата шминка, пудрата ако е утната се друго е џабе. Гледав рецензии на јутуб, нема збор, стакло го прави лицето и цел ден не мрда. Е сега скапа е, ама па според мене вреди да се инвестира за таков џокер во ракав што се вика, па да знаеш дека имаш решение за моменти кога сакаш да изгледаш беспрекорно и ко од шминкер да си излегол. Инаку ај додека сум тука да кажам и збор-два за мат пудрата од Сatrice. Има вкупно 5 нијанси, со поголем акцент ставено на светлите. Јас ја земав третата по ред, а имам релативно светол тен. Ја тестирав и за излегување и за на работа и на топло и на ладно, па дојдов до некој генерален заклучок иако ја користам 1-2 недели. Искрено повеќе очекував, со оглед на тоа што доста е испофалена фирмава. Прво не држи мат долго време, јас имам непроблематична комбинирана кожа па брзо ми засветува челото, а не па некој со помрсна кожа. Дефинитивно мора да се користи со камена, што мене не ми се допаѓа, затоа што не секогаш сакам да трупам слоеви пудри за да изгледам како што треба. Камената ми е за мазен и убав финиш и за поголема долготрајност, а не за да заврши пола работа на течната пудра. Покривноста не е многу голема, дури едвај средна, нијасните се природни и убаво се размачкува. Текстурата е погуста и пакувањето е со пумпица. Не треба преголема количина за да се покрие цело лице. Не е леплива и не остава многу траги на мобилен и сл, ама сепак остава малку. Се на се би рекла дека е онака ептен просечна пудра, апсолутно ништо воодушевувачко, а за тие пари или нешто малку плус има подобри пудри на наш пазар. Еве се' уште ја користам и планирам да ја дотрошам затоа што се намалија температурите па малку попристојно изгледа, а јас среќа немам што толку да покривам, инаку во лето нема шанси да ја ставам, едноставно се губи. Цената е 455 во ДМ.