Од се што прочитав тука, највеќе мерак ми праи estee-lauder-double-wear пудрата. Имам потреба од покривност, но највеќе во ПМС деновите, проблемот ми е што имам мрсна т-зона, а прочитав дека оваа пудра одлично ја регулирала мрснотијата, патем и дека траела доста саати. Колку мл е и колку време ви трае пудрата? Јас не мислам да ја користам секој ден, како вие ја користите? Има ли потреба од подлога и камена пудра/пудра во прав? Имам бледо лице, всушност тенот ми е прилично бел, и користам пудра со нијанса потемна од мојата кожа, но сеедно пак сум бледа. (таква сум...шо да праам) Препорака за нијанса?! Имам подлога од есте, донесена од Германија, прекрасна е, и совршено го израмнува тенот, меѓутоа на делови ми ја перути кожата, па ја избегнувам. Единствено се мислам дали и пудрава би го имала истото влијание...
Пудрата е одлична,еве јас ја имам и веќе второ шишенце употребувам, јас дека секојден ја користам околу 8 месеца ми трае, но се става и по малку и мала точка се покрива, немора подлога да ставаш, еве јас не ставам и не светнувам цел ден,пудрата си стои од сабајле до вечер. Инаку за камена пудра исто како сакаш и да не ставиш нема проблем да имаш а ако ти ја перути кожата на некои делови можеби таму ти е суво лицето сепак ако можеш од некаде да си се снајдеш со тестерче најубаво ќе ти биде да ја пробаш неколку пати и да видиш како ке е. Јас ја купувам од Грција поточно од Сефора со 35% попуст ја земам 29 евра , што е супер цена за пудрава, исто и за нијанси во грчка има повеќе избор доколку во мк се малку нијансите, јас би ти препорачала доколку имаш можност од гр да си ја земеш
Не знам дали е до мене , ама јас на пола лице ја пробав Есте лаудер double wear И есте лаудер maximum cover и се одлучив за втората. Мислам степенот на покривност е зачудувачки , текстурата за толку тешка пудра која покрива ми изгледа прилично лесна.Јас кога ја нанесов на половина од лицето бев запрепастена , значи јас имам комбинирана до масна кожа , масна ми е само на Т зоната и многу се мислев дали да ја земам double wear пошто знам дека ја регулира маснотијата , но воопшто не зажалив што ја земав оваа.Некако maximum cover ми е и посува од double wear, и воопшто не светнувам иако не користам камена пудра врз неа. Ја користам за вечерни излегувања, бидејки тогаш ставам многу шминка на мене, додека за дневна употреба ја користам на ревлон колорстеј. Јас не дека имам некои мозолчиња , акни , бубулици да покривам , ама сум манијак кога е во прашање покривноста и навистина пудрава е прекрасна , просто сум возбудена кога ја користам
Течна пудра со средна покривност за комбинирана кожа и да стои на лице 3-4 саати. До кај 300-350 ако има некоја, инаку имам 16 години. До сега имам користено само Малена и Тренди, и двете ми беа добри, само после 1 час, како ништо да немам ставено, само ми свети лицето.
Римел ластинг финиш и римел стеј мат. Имаат различна структура и нијанси, најдобро да си пробаш на тастер. Инаку двете траат доста, особено ластинг финиш, додека стеј мат е помат некако. Цената на двете е 320 ден., ги има во ДМ, но ако ги начекаш на друго место уште поубаво, бидејќи тука тешко да начекаш тестер.
Јас би ти ја препорачала пудрата на севентиин .Јас веќе 4 год ја користам у сум презадоволна. Но , во космо ти е околу 410 денари .
Првата е прилично тешка пудра со солидна покривност, но никако не би ја препорачала за преку ден. Не знам дали од причина што јас преку ден не користам пудра, па не сум навикната и ваквите пудри кои се покривни ми пречат, или самата текстура на пудрата е таква. Јас ја користам за шминка за излегување, па во комбинација со камена пудра, доволно е добра за цел вечер. Една од најпозитивните страни и е тоа што ми го покрива црвенилото на образите (кои ги добивам од промена на температура зиме, топло- ладно). Додека втората пурда е многу лесна и има слаба покривност, повеќе е како ББ крема, па е посоодветна за преку ден. Позитивна страна и се нијансите, особено natural beige, која воопшто не се разликува од бојата на кожата.
angel1 , мислам дека ја имам видено пудрава во мк , нешто попокривна е од double wear , а за цената би требало околу 3000 да е како и другава
Јас ја користев севентин долго време , додека не сфатив дека ужасно брзо светнувам од неа.Оваа пудра не е за масна до комбинирана кожа , за 1 саат ќе светнеш , за сува кожа е супер , една другарка ја користеше ама јас светнував многу брзо од неа.
Многу скромна, 3-4 саати да трае. И јас ти ја препорачувам Римел ластинг финиш, пред една недела ја земав и сум презадоволна. И стои неверојатни 25 часа навистина, дури и ако легнеш со неа а пример ти е ставена од синоќа и не поминале 25 часа, кога ќе станеш стои додека не поминат 25 часа. Навистина, приметив.
Ја имам користено втората. Многу лесна пудра, погодна е за почисто лице колку да прикрие ситни недостатоци. И воопшто не се познава дека ја имаш на лице.
денес си ја купив оваа пудра, 06 ама нареден пат ке пробам 07. Беше на акција со гратис маскара за 499ден. Многу нежно се размачкува и го прави лицето кристално.