Вчера си ја земав Rimmel Lasting Finish и многу сум задоволна. Ептен е лесна и убаво покрива. Ви ја препорачувам
Јас сум презадоволна од дебора милано пудрата за мрсна кожа дека многу ми трае и не се познава премногу дека имаш пудра а најважно ми е тоа дека не ми ја прави кожата уште помрсна и не ми изгледа како паштета на лицето
ке сакаш ли да ми кажеш која шифра мислам на бојата ја користиш.. која е најпогодна за природна боја на кожа мислам нешо како натурал.. некако ми се чинат како многу темни и многу светли http://mk.oriflame.com/products/product ... Code=20386
Доста е тешко да се најде комбинацијата лесна а покривна пудра. Од мое искуство ти препорачувам Буржоа (flower perfection) мислам дека така беше називот или Ревлон (color stay).
Имам комбинирана кожа, мрсна т зона и суви образи, сакам да ја купам на Revlon Colorstay само незнам која да ја земам за сува кожа или за мрсна?
Ја користев пред година дена, уште прв пат кога излезе во каталог, оваа нијанса: Porcelain Шифра:20386 Имам блед тен.
Мислам дека ќе ти одговара таа за комбинирана и мрсна кожа, но пробај ја пред да купиш. Не е воопшто агресивна со осетливитие и посувите делови од лицето. Мене кожата кајпочетокот на челото и околу носот вклучувајќи ја и областа над усните ми е баш сува и Ревлонот за комб.-мрсна кожа одлично ми делува. Со соодветна матирачка подлога немам мака од утро до мрак.
Околу 850 е низ парфимериите, мислам дека едно време збореа како наводно во Зегин била најефтина, но навистина не знам за која Зегин станува збор. Нека каже некоја, ако случајно уште има. Не би било лошо да се искористи и тоа.
Решена сум да го земам Хелти Микс Серумот на Буржоа заедно со камената пудра, ама се мислам дали ќе ми одговара на мојата сува (не премногу) кожа Ако некоја девојка знае која им е цената, убаво би било да пише. Благодарам
Хелти Миксот веќе го нема во продажба кај нас, одамна е повлечен. Види ја Хелти Микс пудрата, можеби таа ќе ти одговара, околу 850 денари е.
Значи да не го барам по парфимериите серумот, да си го порачам од Асос како што и си мислев Цената на Асос му е 11 фунти, значи околу 780 ден.
Не би ти препорачала затоа што серумот е официјално повлечен од продажба уште од Јануари-Февруари, значи тие што ги продаваат се сигурно застарени залихи (немора да значи дека се со поминат рок ама сигурно им е пред крај). Инаку баш се наменети за сува кожа, можеш да ја пробаш новата подобрена верзија на Хелти Микс пудрата, ја има низ сите парфимерии. Бидејќи ги имам користено сите Хелти Микс до сега и серумот и фундејшнот и новава би рекла дека новата е навистина најдобра, подолготрајна и попокривна, за сува кожа е топ. Природно изгледа на лице, лесна и течна структура има, убаво се размачкува.
Имам комбинирана кожа и се мислам помеѓу Римел Стеј мат и Ластинг финиш стварно незнам која да ја земам. Ми треба пудра што нема да ми ги истакнува сувите делови на лицето но во исто време и да го држи мат бидејќи многу бргу светнувам во т- зоната.. Совет?
А камената пудра можам да ја најдам во нашите парфимерии? Збор два за неа, каква е? Благодарам Мимс за сеопфатниот одговор
За каква кожа е? мојата е нормална накај мрсна и нормално мрсна Т- зона, но да наведам и склона кон акни,значи осетлива кожа.И каква подлога ставаш? Прашањето е за феминката tirkenbal
L'Oreal - True Match Позитивно: - Пакувањето (стаклено шише со пумпица) - Огромен избор на нијанси но не и кај нас во Македонија, но сепак за разлика од пудри на други фирми од пудрава кај нас се наоѓаат светли нијанси. - Избор на каков подтон сакате, неутрален , топол (W) или ладен (C) - Нема мирис. - Супер лесна за нанесување и блендање. - Изгледа многу природно како да немам пудра на мене. - Не е мат но не е ни светква, дава баш онака природен здрав сјај. - Не ми предизвикува бубулици или алергиска реакција. - Не оксидира. - 30ml - Цена 630 ден. на попуст е месецов од Еликсир, редовна цена 840 ден. Негативно: - Ниска покривност, мора да ставам по два слоја за да добијам приближно средна покривност, не покрива целосно црвенила исто и пори, делумно ги покрива. Најубаво изгледа и највеќе добива на покривност кога ја нанесувам со четка. - Претечна е. - Трајноста не и е целодневна, би и дала 7 до 8 часа. Се на се супер пудра за сува кожа. Во последно време им се навртев на пудри за сува кожа зошто ми даваат поубав и поприроден изглед, а и во поледно време не љубавм баш да ми е 100% матирано лицето. Пудрава ми се допаѓа многу иако не е баш за мојава комбинирана кожа со мрсна т-зона, би и дала оценка 4 од 5 поради малата покривност и поради што по 4 до максимум 5 часа светнувам како лампион, си ја осеќам мрснотијата, изгледа како да сум испотена, иначе првите 4 часа изгледа совршено. За летно време воопшто нема да ми одговара ама есенва и зимово со задовлство ќе ми биде верен партнер. П.С. Поефтина и многу слична на оваа пудра ми е Match Perfection на Римел.