Јас искрено сум разочарана од Лореалот Тру мач. Очекував поголема покривност и да трае подолго, мене некако не ми одговара ама ич, немам ништо посебно да покријам, ама сакам убава покривност од пудрите, Вичи каде каде повеќе покриваше, жал ми е што пак не си ја купив, ама ајде да сменам си викам. Мејблин дрим сатин ми е сто пати поубава од Лореалов(многу ми се слични пудрите) а и поефтина е, ама па ни таа не ми траеше нешто посебно долго а и двете ми оставаат траги по сакоата, тоа забележав и многу се изнервирав, посебно од Лореалот, пошто реално не е баш ефтина пудра. Предлог за пудра за комбинирана кожа, од средна до голема покривност, до 1200/300 денари.
Луѓе,какво мислење имате за Maybelline Better Skin ? И што мислите,таа или Stay Matte новата од Римел?
Не можев да најдам соодветна тема па реков тука да прашам, дали некој може да ми каже каде пишува на пудрата дали има парабени и колку има (може и со слика)
Барај во составот на пудрата, на задната страна од шишенцето. Најчесто се залепени една врз друга и одозгора на горната етикета пишува општи карактеристики за пудрата, па има едно знакче како „одлепи“ и на етикетата одоздола го пишува полниот состав. Кај некои пудри нема, но може да се најде на интернет. Ако си користела пудри на Виши и ако ти се допаѓаат, тогаш без сомнеж би рекла Дермабленд! Презадоволна сум од Дермабленд, би ја купила повторно кога ќе ја потрошам, да ми се наоѓа. Покрива феноменално, трае и со камена и без камена, а пази, имам мрсна кожа. Најверојатно е до периодот, ама јас си препознавам кога одредена пудра ми одговара, а кога не. Мислам дека беше 1400, не се сеќавам, ја фрлив кутијата. И Нормалдерм е супер, презадоволна сум и од неа, но не е за осетлива кожа склона кон реакции - има алкохол и парфем и наутро кога е постудено малку ми го суши и перути носот, но за топло време е повеќе од одлична.
За мене се пари фрлени во вода за пудрите на Лореал и Мејбелајн. Вторите се малку поевтини но Лореалот за таква цена ништо не нуди. 2 пудри имам од Лореал користено не знам точно кои беа, но и двете не покриваа и лицето светнуваше за брзо време. Ни 300 денари за нив не би дала. Мејбелајн ми се слични, веројатно се повеќе за сува кожа па истиот ефект и со нив го имав. Пудрите на Буржоа се малку подобри, но сепак иста цена се со Ревлонот кој е далеку подобар и би ми бил прв избор. Во ист ранг на цени се и Макс фактор кои добро покриваат но (некои од нив, ги немам сите пробано) премногу се познаваат на лице и не стојат природно. Слични со нив ми се Менхетен, но барем се поевтини. Значи од пудри до 15-20 евра според мене вреди да се купи Ревлонот, можеби и Дермабленд- еднаш ја купив, ја утнав нијансата и одбивност имам, па можеби да ја погодев позадоволна ќе бев.
Јас ја гледав во Зегин во Гтц, но немаше тестери ама тоа беше пред 1 година и цената тогаш и беше 730-750. А дали сеуште ја има незнам.
Внимателно со оваа пудра,многу е тешка еве јас имам мрсна кожа, а едвај ми се размачкуваше.Има доста висока покривност, како зацементирано изгледа лицето.Јас ја користев sand нијансата не знам која бројка е ама не сум баш задоволна
Девојки некој да ми каже збор два за Минералната пудра на Maybelline Инаку имав нормална до сува кожа.но во последно време поцна да ми се мрси,осетлива ми е и склона кон акни.Пудрата била многу лесна,но бидејќи ми е помрсна кожата дали ќе е штетно доколку ја користам без крем,бидејќи и самата била како крем пудра. Ве молам за одговор кој ја има користено
Ја зедов пудрата вчера и вечерта одма ја пробав морам да кажам дека е мн лесна супер покривна,јас имам мрсна и проблематична кожа и мн.ми ја препорачаја се надевам дека од тоа како ќе ми делува на лицето ќе бидам задоволна....
Бидејќи пишам стално рецензија за секоја нова пудра што ќе ја купам, иако има полно мислења за оваа пудра сепак и јас да си го пишам моето можеби на нејкоја феминка ќе и биде од помош. Претходно пишав за Rimmel - Stay mate, неа ја користев некои 2-3 месеци.. Сега се подновив со L'oreal Infallible па да пишам збор два за неа. Ја земав 800 и нешто денари, нијанса Golden sand.. Со оглед на мојот премногу блед тен како на мртовец кога ќе ја ставам ми го враќа лицето во живот. Можеби е малце потемна од мојот природен тен ама не се забележува многу, има убав избор на нијанси. Текстурата и е течна, на прв поглед изгледа како пудра која не покрива многу ама откако ќе се стави и ќе легни на лицето покривноста и е доста добра што ме изненади. Прво би ја препорачала на оние кои имаат некои помали недостатоци, како флеки или нерамен тен, мислам дека на нив би им била совршена.. Но мене образите не ми се чисти, имам акни и флеки кои бараат баш висока покривност и за жал не успеа да ми ги покрие сто проценти како пример што успеа да ми ги покрие Севентин - Мат плус. И двете пудри се наменети за мрсна кожа, Мат плус на Севентин е многу погуста и на крајот дава баш мат финиш, но за разлика од неа Лореалот не го прави лицето како „зациментирано“ и тоа е тоа што првенствено го барам кај една пудра и затоа престанав да ја користам Мат плус. Да се вратам на Лореал Инфалибл, значи се на се задоволна сум од тоа што го прави лицето свежо и му дава боја и главното што не изгледа зациментирано, но сепак едно нешто штоо ме разочара е и покрај тоа што е наменета за мрсна кожа јас би рекла дека е повеќе за нормална до сува кожа.. Во неполни 3 часа ми светна Т зоната и покрај тоа што нанесов камена пудра, но не е ни чудо кај мене бидејќи досега од сите пудри ми светнувала па дури и од Мат плусот така да изгледа ќе треба да побарам добра камена пудра. Како и да е.. мојата потрага по пудра со совршена покривност (и без зациментиран изглед) продолжува.. Но кога еден ден ќе го средам лицето од проблематичните акни, дефинитивно би ја земала пак Лореал Ифанлибл!
Дали некој ја има користено оваа пудра? Сакам да ја нарачам од iherb, имам мрсна кожа, ама сепак сакам да слушнам мислење од „прва“ рака
Здраво, ве молам препорачајте ми пудра за суво осетливо лице, кога ќе нанесам пудра, лицето ми станува уште посуво и ми се лупи кожава на лицево, имам пробано со сите пудри на avon , orifleme , maxfaktor и за џабе, сите ги фрлив Ако некоја има што може да ми препорача некоја пудра али добро да покрива, за пари не е проблем
Мила среди си го прво лицето. Значи правилна нега за суво лице. Мислам дека еуцерин има линија за многу суво лице кое се лупи. Кога ќе имаш убаво хидрирано и мазно лице, било која поквалитетна пудра ќе ти биде топ. За пудра имаш на ревлон за сува кожа, е сега малку тешка е за мене затоа што немам проблеми со лицето, но ставам минимална количина и лицето ми е перфектно. Во твојов случај ако имаш кожа која се лупи било која пудра ќе ти стои како тесто, затоа срцка прво среди си го со правилна нега .
Лицето ми е средено, имам собореа, али само користам крема за собореа и крем против брчки за осетлива кожа од Леа, али штом ставам пудра ми се влошува лицето...
Ок, баш сакам да ја пробам Ревлон пудрата, бидејки читајки наназад на страницава имаше многу позитивни искуства, само сакам да прашам каде можам да ја купам и колкава е цената?