Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Ја имаш Шатци, Космо и Зегин во ГТЦ ама таму нема тестери. Цената и варира од 800 до 860.
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Не би ти ја препорачала на Ревлон затоа што е доста густа и многу покривна па може пак да ти го досушува лицето. тебе ти треба некоја пудра со лесна стуктура која лесно се размачкува и го хидратира лицето.
    Јас би ти ја препорачала на Буржа Хелти Микс, околу 800 денари е во сите парфимерии ја има. За суво лице е одлична, многу лесна текстура има, покривноста и е средна со коректор ќе ти изгледа супер покривна. На лицето му дава некој здрав сјај, не е матирачка, природно изгледа на лице и мислам дека нема да ти се суши кожата и лупи дополнително.
    Мене обично во зима ми се лупи лицето, а со пудрава ми е спас немам никакво лупење.
    [​IMG]
    Доколку си во можност и сакаш да инвестираш во поквалитетна пудра би ти ја препорачала и од Клиник Supermoisture пудрата, наменета е за многу сува кожа, делува и како крема покрај тоа има одлична покривност и постојаност, а лицето го прави чисто и како воопшто да немаш нанесено пудра. Хидратирана е кожата цело време додека ја имаш пудрата на себе нема воопшто да почувстуваш сувост на лицето. Барем кај мене е така, лани имав големи проблеми со лупење на челото, носот и образите, а оваа пудра ми го среди сето тоа. Значи не и е намената само колку пудра да се стави туку го лечи и проблемот со дехидрираност и сувост на кожата на лицето. Цената и е околу 2400-2800 во Космо и Шатци. Често е на акции со вредни подароци од Клиник.
    [​IMG]
     
    На kolovoz и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    ^^се сложувам со миме за Буржуа Хелти микс , но воедно би ти препорачала да пробаш и ЦЦ крем. Тие се баш наменети за по сува кожа. А за разлика од ББ кремот имаат и покривност. Навистина мислам дека можат да ти се погодат. Или пак стави Primer for dry skin пред да ставиш пудра би требало да ти помогне зошто се наменети за тоа. Така ќе немаш проблем со нанесувањето на било која пудра.
     
  4. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    мимс-89 благодарам за информацијата , е сега од тие две пудри ме интересира која има поголема покривност ???, бидејки тоа ми е најважно :)
    Буржа Хелти Микс или Клиник Supermoisture пудрата ???
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Clinique Supermoisture дефинитивно е попокривна и подолготрајна. И двете се по 30мл. Јас со секојзневно нанесување ја користев некаде околу 5-6 месеци, така да се исплати за цената мала количина е доволна за да се прекрие цело лице.
    Прошетај низ Шатци, Еликсир, Космо и Плаза(Рамстор) можеби некаде е на попуст, јас ја земав еднаш за 1800 денари што е одличен попуст. :)
     
  6. alonegirl

    alonegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Со задоволство ве известувам, до сега нај задоволна сум од течна пудра Импала бр. 3, совршено ме мазни а камената пудра од Кетрин Арли бр.7 ми дава посебен изглед на лицето...постигнувам мат ефект со свилекаст сјај... :)
     

    Прикачени фајлови:

    • impala.jpg
      impala.jpg
      Големина на фајлот:
      24,6 KB
      Прегледи:
      214
    • pudra_1.jpg
      pudra_1.jpg
      Големина на фајлот:
      29,7 KB
      Прегледи:
      213
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.644
    Допаѓања:
    106.683
    Пол:
    Женски

    За овие пудри на Импала имаме пишувано 100 пати на темава , нема полоши пудри од нив , ако додадеш + 200 ден ќе си земеш асална пудра , за жал има уште многу девојки што не се запознаени дека имапала и малена содржат жива , олово и др опасни хемикалии :|
     
    На Elence93 и Sfera им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^
    Кои зборови треба да ги избегнуваме кога читаме состав на пудри, што би било жива и олово?
     
  9. alonegirl

    alonegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3

    За овие пудри на Импала имаме пишувано 100 пати на темава , нема полоши пудри од нив , ако додадеш + 200 ден ќе си земеш асална пудра , за жал има уште многу девојки што не се запознаени дека имапала и малена содржат жива , олово и др опасни хемикалии :|[/quo

    Не сум знаела..сум пробувала и други пудри од авон имам доста долго време користено, ама некако оваа Импала ми е посебна...Како да се дознава дали пудра содржи жива и олово ...
     
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.880
    Допаѓања:
    5.216
    Пол:
    Женски
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    ^
    Баш ги читав пред пола саат. Супер се линковите, најважното е кажано во кратки црти.
    Инаку за тие што не знаат lead е олово на англиски, а mercury e жива. Сите останати тешки метали што се спомнуваат се со ист назив како кај нас.
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^
    Знам како се на англиски, само ја прашав koritsaki дали таа знае и дали го има прочитано составот на импала па ги сретнала состојките, општо колку се разбира во состојки, или сите само како папагали се повторуваат за една или две пудри колку се со штетни состојки внатре, а другите 200 денари поскапи се баш ок. И дали е задолжително секој производител да ги стави сите состојки на производот или може и да испушти некоја. И кое количество на одредена штетна состојка вистина може да направи проблем на лицето, оти и во фондан за торти пример се става отровна состојка па е во мала количина и не штети воопшто на организамот. Такви работи ме интересираат, не некој само фирми и марки да ми кажува туку дали вистина се разбира.
     
    На 2036 и OmniaVanitas им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    На пудрата Малена конкретно, пишува дека не содржи парабен, олово и жива па е 130 денари. :D

    Полн состав мора да има напишано на амбалажата, тоа барем е регулирано со закон. Може да пријавите ако нема точен состав, ако нема на самата амбалажа мора да стои на декларација и имате право да пријавите во пазарна инспекција па да се санкционира продавачот или увозникот.
    На интернет исто така на официјалните страни на производителите може да најдете полн состав на производот па после детално информирајте си се за состојките.

    Не и го знам составот на Импалата ама знам дека е тежок цемент па нормално е после редовно користење да ви се појават и брчки од пресушената кожа, а тоа може и да нема врска со составот.

    Парабен содржат 99% од производите на пазарот, се што има рок подолг од 6 месеци мора да има парабен, иначе како очекувате да ви трае година-две без конзерванси?

    Ако нејќете парабен лупнете повеќе пари за Лавера, Биотерм итн... Нив барем и по грозниот мирис ќе ги приметите дека се природни и по краткиот рок на траење како и поради тоа што се залојуваат после кратко време.

    Еј, а што правиме со воздухов то го дишиме? Ама битно е парабен да немало, доброоооо :emo:
     
    На Salome, OmniaVanitas, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Добро Bridget, значи воглавно си ми ок форумски лик затоа што знаеш да направиш дискусија, ама понекогаш не знам зошто си беспотребно толку груба :^)
    На крај краева ете пошто знаеш англиски прогуглај дознај, ако не знаеш, наместо да ги вреѓаш сите оние што одвоиле некоја минута од своето време за да споделат тука некоја информација, дека биле папагали.

    И да сто пати е зборено дека овие две пудри, особено Импалата дека содржат токсични состојки, меѓу кои и тешки метали. Можеби тоа не го пишува на амбалажата (не знам не сум ни помислила некогаш да ја користам) затоа што или никој доволно не го регулира тоа или си имаат начини за тоа да го заобиколат но факт е дека се малтер тежок.
    Прво да не заборавиме дека ние не сме во ЕУ и дека доста закони што важат за скоро цел свет, кај нас можат да се заобиколат. Во ЕУ се банирани преку 1400 од познатите состојки што се наоѓаат или наоѓале вообичаено во козметички производи кои содржат доволна количина од овие тешки метали за да влијаат на човековото здравје затоа што се знае за нивната токсичност. Во САД како и очекувано не се банирани но има тешки рестрикции.
    За еден производ да има жива или олово не мора директно од кесиче да се стави во мешавината кога се прави пудрата за да содржи. Тие можат и на многу други начини да стигнат внатре, преку разни додатоци кои дошле како екстракт од растителни продукти кои при одгледувањето биле загадено од овие метали (од ориз, памук и сл. ) и преку на пример маслото што е добиено од нив, тие метали можат да стигнат до одреден производ. Исто металите како олово, железо, алуминиум и тн. се користат за добивање на разни козметички бои, доста често ќе ги сретнете кај пудрите, сенките, кармините и сл. Обележани се обично со некоја бројка или буква и пишува нешто како iron oxides (Cl 77491, Cl 77492, Cl 77499). Исто така при добивање на тие бои се мешаат доста штетни метали кои нормално никој не ги пријавува ако не мора. Маркетиншки фори има мал милион, особено па во земји каде има простор да се се продава секакво ѓубре затоа што нема закон или асална контрола што сето тоа ќе го спречи.

    Уште па ќе пишуваат немало парабени и сл. Иако тоа веќе е сосема друг муабет. Што вика Мимс, за 120 денари секако дека верувам дека не содржи ништо штетно. Мхм...мижи асан да ти баам.
    Можеби не содржи парабен но козјнае што друг ѓавол има наместо тоа. Нема конзерванс што не е штетен, ни за во храна ни за во козметика. Има само природни начини за конзервирање што нормално не траат толку долго. А со оглед на тоа што скоро цела козметика е со рок на траење над 6 месеци, секако дека имаат разно-разни состојки кои се заслужни за тоа да е така.

    Не дека Римел или Есенс пудрите не се штетни, штетни се и тие на Макс фактор или Мејбилин што се малку поскапи од претходниве, ама имааат барем контролирано производство. А оваа да ја речам пазарска козметика ( не знам зошто Космо се нафатија само да продаваат малена од пред некој месец :?: ) не може да се рамни со нешто што е правено по стандард, можеби стандард за источна Европа, но сепак стандард. Има и доста производи што ги имаме тука што се правени исто како и за останатите ЕУ држави.

    И весниците едно време се печатеа со боја што содржи олово, па видеа какви последици има за менталното здравје на луѓето, па фино лепо ги укинаа. Замислете дури и кај нас. Амалгамските пломби што се користеа на времето, оние сребрените исто имаа ненормално количество на жива, па се заменија со други понови, пософистицирани.
    Најмногу страдаат мали деца, млади луѓе во развој и трудници и се особено на удар од вакви производи. И има милион докази колку лошо влијаат сите тие тешки метали кога ќе се најдат во човековиот организам и како се таложат по сите меки ткива и органи и предизвикуваат разни проблеми, почнувајки од имунолошки, хормонални, репродуктивни, па се до тешки невролошки пореметувања.

    Па кој сака нека чита и нека купува што сака. Сите си одговараме за сопственото здравје. Јас не велам дека користам стриктно органски козметики, погодни за вегани и сл. ама барем сакам да знам дека е колку-толку не ставам малтер на фаца со бог знае што во него.
    Подобро ќе помалку козметика ама барем ќе знам дека не внесувам секојдневно отров во мене, наместо да ми се претураат несесерите со разни пазарски, сомнителни, кинески и сл. ѓубриња од козметика.

    П.с за фонданот не знаев, еве прв пат слушам од тебе. Но фондан не јадеме секој ден (башка не знам што состојка е тоа), а шминка се става секој ден на велико, па и да е иста количината не се споредува нели.
     
    На Sexybaby86, anuskaNESTLE, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.644
    Допаѓања:
    106.683
    Пол:
    Женски
    Bridget , значи не сум користела производи на импала и малена па така да го незнам точниот состав , но како што рече giovanna мора ли секој пост да ти е така груб (зашто не ти е прв пат ) незнам каков проблем си имаш , но и да имаш немора тука да се празниш на форумов негативно па да доаѓаме до расправии и сл. И не сме ние папагали туку вас ве мрзи да пролистате поназад а темава има околу 900 страни , 100 пати останатите девојки пишаа што содржат овие пудри и какви последици можат да остават.

    Јас искоментирав на девојчето бидејки и така пиша дека незнаела дека е штетна пудрата на импала па да си знае за во иднина што да купува , секој неможе да си дозволи скапи работи тоа разбирам , но ете ќе додадеш уште 200 ден и ќе си купиш нешто поасално Есенс , Римел , Мејбилајн , барем денес на пазарот има толку избор

    На крај краева кој како сака нека си прави , кој што сака нека купува , на форумот сме да даваме совети а не да се расправаме
     
    На Sfera му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Реков папагали затоа што секогаш кога ќе се спомне импала пудра некој веднаш скока како да со отров ќе го мачкаш лицето а немам сретнато некој фино да објасни каде пишува жива и олово во нивниот состав. Видов на нет и тие состојки не ги најдов, па затоа прашувам дали некој вистина се разбира или само по цените го проценувате производот или е чиста рекла-кажала. Имам читано дека најмногу штетни состојки се најдени во многу производи на лореал, мејбелајн. Исто дека не е строго регулирано да се напишат сите состојки на производот а и сама кажа дека и тука има простор за доста манипулации. Дерматолошки тестиран пример ти е живо срање, чист маркетинг, ниту пак им се прави детална контрола затоа што не се лекови, козметика е, и најчесто плаќаш за име и добар маркетинг. За цената, не знам каде е импала произведена имам слушнатo Бугарија, може е грешка, па да те прашам, иста ли е ќе е цената на нешто произведено во земји во кои трошоците на самото производство може да се 10 или повеќе пати поскапи за разлика од друга земја како нашиве во регионот пример?
    Менхетен црната пудра не е како глина да ставаш на лице? Макс фактор ластинг не е паштета? Ако само по тој критериум ги отфрламе тогаш овие први ќе ги отфрлам. Јас и моите другарки како помали користевме импала и тоа со години со речиси секојдневно користење, не ја купувавме на пазар туку во парфимерија, и проблеми со лицето ниту една немаше. За разлика пример од менхетен, лицето после некое време користење лушпи ми се прави.
    Затоа велам, дајте ми доказ дека овие пудри со отрови се полни а другите од мед и млеко или барем помалку штетни па тогаш да дискутираме.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Секоја кожа е приказна за себе, тука никоја од нас не може да генерализира, тоа на секој треба да му биде јасно како ден.
    Мене од пудра на Макс Фактор кожата ми доби некаква пигментација, која одвај ја тргнав од глава со креми препорачани од дерматолог.
    Од Импалата како средношколка добив лишаи и суви делови по лицето кои никогаш сум ги немала, а имам другарка која не дека не може да си дозволи, туку ете се навикнала на фамозната Импала и тврди дека за неа нема подобра пудра од оваа. Лицето и' е стакло, дури почисто и посвежо од моето кое е многу понегувано и потинтрено од нејзиното. :)
    Јас од лично искуство никогаш повеќе не би се навратила на пудри од овие фирми, има билион други со кои сум експериментирала додека не си најдам некоја што ќе ми одговара во секој смисол.

    А ова козметика без парабени и штетни состојки ми е буквален аздис. Факт е дека парабени има во сите производи, без разлика дали е наведено во составот или не, како инаку пудрата би имала рок на траење од 12 месеци ?!
    Тотално успешен маркетиншки трик - без парабени, конзерванси и што уште не. Им симнувам капа, нема што, но лично не се придржувам до тоа. Си гледам тоа што ми прија на кожата и тоа е тоа.
     
    На softy, Sanjichka007, A-j-a и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Ок тогаш со оглед на тоа што ја немам пред мене пудрата Импала за да ги видам точните состојки, не можам понатаму да расправам детално, но ќе се обидам да ја најдам кога ќе имам време. Ако ја има некој дома супер би било и да ја слика, па да видиме какви точно состојки има, барем од пријавените.

    Што се однесува до намалувањето на трошоците на производство поради бедно платената работна сила, тоа не е тајна дека многу козметички и дизајнерски куќи ги стационираат своите производствени погони во земји каде што ќе им работи некој за џабе, но тоа не значи дека сепак не се прават по стандард. Сепак има и зошто тој бренд се изградил, а репутацијата може секогаш да се сруши.

    И да, можеби козметичките производи не се тестираат на исто ниво како лекарствата, што е нормално, но се постојано под надзор и производите им се далеку од неконтролирани, само е потребен помал период на тестирање пред да се пуштат во промет. Но барем гледам дека кога и да се заклучи дека некоја состојка е штетна дека веднаш се банира и се исфрла од производство. Секоја од тие поголеми козметички фирми има и своја лабораторија со доста спремен тим за иновации на кои им е работа да синтетизираат нови состојки, подобрени што ќе ги вметнат во производите.
    Денес како што е разработен интернетот и како што вирално знае да се прошири некоја информација, не знам баш дали им е сеедно што се им содржи козметиката. Особено па на тој избор. А ги имало, а ги немало, секогаш замена ќе се најде.

    Ниту велам дека се мед и млеко, ниту дека немаат воопшто штетни состојки, но и секоја состојка не е на исто скалило кога е во прашање штетноста. И затоа и без да прочитам состав сум сто посто сигурна дека импалата е тешко ѓубре, затоа што никој не ја конторлира како што треба, па има којзнае колку заостанати состојки што одамна се исфрлени од употреба кај другиве. А уште па на таа цена. И да, некогаш се раководам и според цената, затоа што многу често ми се докажало дека квалитетот се плаќа и дека денес никој ништо не ти дава без пари, не го сфаќам тоа како некој грев. И нема некој што ќе ме убеди дека пудра од максимум 150 денари, или колку и да е, нема се и свашта во неа.
    И btw се додека не сте ја купувале со другарките од некоја парфимерија во странство или пак од некоја наша, но каде што знаеш дека производите се од сигурни дистрибутери, тогаш македонскиве мали ноу нејм парфимерии не се никаов фактор во приказнава. Затоа што таквите парфимерии што држат брендови како импала земат и друга слична козметика што се наоѓа по пазарите, само со 20-30 денари поскапи цени, за апсолутно ист производ. Не е ова Диор па сега да се прават копии на Импала, па имало разлика дали од пазар или од продавница.

    А кој какво лично искуство имал со различни пудри тука се има дискутирано на долго и широко во сите овие 900 страни. На некој менхетенот совршено му одговара, на некој му прави лишаи и црнки. Макс факторот исто ја имаат кажувано како добра пудра. Но тука јас не зборувам за субјективното доживување на пудрата од моментот кога ќе ја ставиш на лице, туку за она што не се гледа,а навлегува длабоко во порите, а понатаму и се всадува во нашиот организам. Зборував за оние тешки метали коишто во големи количини знаат да бидат и те како штетни. Инаку ако сакате козметика без штетни состојки, тогаш се знае. Или органска или никаква. Тоа е тоа.
     
    На Sexybaby86, koritsaki и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Импала користеше една другарка до пред некоја година, значи цело средно ја утепа од користење, а лицето и беше ужасно, значи пресуво и се лупеше и се, а за да го спречи тоа нанесуваше Бекутан крема претходно. Сега има брчки на челото. Значи не викам дека е од пудрата ама сигурна сум дека и тоа допринело, затоа што на сува кожа уште тоа и фалело да ја угуши до крај.
    На сите ни е јасно дека производителите си произведуваат исти производи со различен сосотав за секој пазар. Ние спаѓаме во областа Адриа и кај нас Нивеа произведува специјално за Адриа, исто и Дав, P&G, Гарниер и Лореал како една фирма итн... Прво нормално е дека во секоја област луѓето имаат и различни потерби и желби, исто како што е со храната така е и со козметиката. Нормално дека кај нас нема да носат нешто што им прија на Швеѓанките или нешто што не се вклопува со нашиот стил, а е омилено кај Парижанките. Во скандинавските земји луѓето имаат повеќе проблеми со пигматанцијата на кожата и нормално е дека состојските на кремите кои им се потребни таму ќе бидат поразлични од оние кои ни се потребни тука. И затоа после коментирате дека шампонот Нивеа купен од Америка и оној купен во Македонија немаат врска. Ај тоа поминува, ама кога ќе ми каже некој дека некој козметички производ купен во Хрватска и Македонија е различен е тоа нема врска затоа што спаѓаме во иста група на пазар. Се ќе беше супер ако ги гледаа само потребите ама тука го сметаат и фактот дека Балканскиве земји се многу либерте во однос на законски дозволени/недозволени супстанци и нема некои закони со кои се регулира тоа па полесно им е да ни продадат било што.
    Колку што имам истражено ова важи за тие козметички производи наменети за широка потрошувачка.
    Одиме со скапите, не сум нашла податоци кои кажуваат дека Диор, Есте Лаудер, Кларинс имаат фабрики на друго место освен во Франција и Америка. Ма да за Есте не ми се верува да имаат фабрика само во Америка затоа што незнам колку би им се исплатело тоа...
    Конкретно за Кларинс тврдат дека имаат само една фабрика која се наоѓа во Франција и таму произведуваат се што дистрибуираат на пазарот. Малку неверојатно ама најверојатно е вистина.
    Е кај нив нема разлика во квалитетот дали е купено во Париз, Скопе или Пекинг. (Барем така тврдат).

    И уште нешто, без хемија нема лепота. Џабе се крстите во тие природните пилинзи, маски и такви работи, ако беше толку лесно со природните состојки да бидеш убав никој немаше да троши пари на козметика и немаше да постои ботоксот.
     
    На Sexybaby86, anuskaNESTLE, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Leee kako pocnavte ke se stepate :D znaci suma sumarum sekoj ima rezlicna koza i ne sekoj proizvod odgovara na sekoj. Zatoa i proizvoditelite imaat od ist proizvod poveke artikli so poveke nameni I za razlicni vidovi na kosa koza lice ili sto I da e.
    E sega vo vrska so tie stetni metali i slicno.... Da i preku kozata se resorbiraat ama ako zememe vo predvid sto se vnesuvame so hrana dosega site prebase da bideme otrueni. Taka da resorbcijata preku koza e nisto ;)
    Velite se stavaat vo pudrite kremovite i sl. a da znaete sto se im turaat na ovosjeto I zelencukot, so sto se gi prskaat, a da ne spomnam i okolni faktori me treba da ne kasnite za da ne se otruete :D bez navreda
    BTW za impala i jas znam deka e katastrofa od pudra i deka sodrzi ziva. Mene toa mi go kaza prodavackata vo parfimerija kade kupuvam se od strana na kozmetika. Jas koristam rimel pudra ili Ingrid eftini se i pomalku stetni a i zlatna da e pak ke e stetna :!: taka da :) isto mi se faka


    [mod-kirilica:2fsyhjnm][/mod-kirilica:2fsyhjnm]