Мојата девиза: "Подобро ќе одам без пудра, отколку да ставам срања од типот на Импала, Малена, Кетрин Арли, итн." Aко немам пари ќе штедам месец-два и ќе си купам пудра Bourjois, Revlon, Max Factor или сл. Во спојлер сликичка со состав на Импала... како што можам да прочитам пишува само колаген, витамин Е, специјални минерали и УВ - филтри Спојлер
Јас ја користев импала 3ка, супер ми беше, но сега ме исплашивте . Некоја пудра до 1000ка, но иста боја како импала 3че? Бојата многу ми се погоди.
До 1000-ка ти се повеќето пудри, Bourjois, Revlon, Loreal, Max Maxtor, Rimmel, итн. Твое е која марка ќе се избереш (ако не можеш сама консултирај се со продавачките во парфимерија, каква е твојата кожа, која пудра би ти одговарала), ќе си бараш тестери од избраната пудра и се надевам дека ќе си ја најдеш соодветната нијанса (па и да не ја најдеш од прва, не се разочарувај, можеш според мислењата да видиш колку од нас пробале де една де друга пудра, некои си ја нашле "идеалната", некои сеуште се во потрага по истата
Со самото тоа што содржи колаген придонесува кон прерано стареење на кожата ако ја користите пред да наполните 30. Тој природно си се лачи до 30+ години, а потоа неговото лачење почнува да се намалува па добро е да почнат да се користат производи кои содржат колаген. Доколку на 20 и некоја година користите производи кои содржат колаген постигнувате обратен ефект, кожата ќе види дека и го давате колагенот од друга страна и таа самата ќе прекине да лачи и ќе се опушти, тонусот, ќе почне да се суши и ќе се појават брчките. А оној колаген што ќе и го давате со пудрата нема да е доволен колку нејзиниот природен и ништо нема да направите. Значи штом во составот нешто има колаген рачунајте дека е за над 30 години. Ова нема врска со останатиот состав на пудрата кој несакам да го коментирам додека не прочитам и споредам со други пудри што содржи.
Морав да ти вратам кога ги забележав одговорите на другите девојки над мене кои ти препорачале пудра за сува кожа. Не знам дали знаеш ама себорејата е кожен проблем кој најчесто се појавува кај лица со мрсна кожа. Може да е предизвикан од стрес, хормони и многу други причини кои се' уште не се познати. Се мисли дека може да има нешто генетско, а можеби е и до исхраната. Јас го имам овој проблем, бев многу пати по дерматолози, козметичари и добив одговор дека себорејата се појавува кај лица со мрсна кожа, а додека егземата кај лица со сува кожа. Всушност самата кожа лачи себум, и на тие места каде што најмногу има лојни жлезди се појавуваат такви проблеми како црвенило, јадеж, лупење на кожата и др. односно проблем познат како себореја. Така да, мој совет прво обрати се кај дерматолог да ти каже каков тип на кожа имаш доколку самата ти не можеш да увидиш. И се разбира, прво третирај ја кожата со препаратите кои ти ги препорачале, најчесто препишуваат медицински шампон со некаков лосион наменет за тоа. Се разбира, сето тоа е во зависност од тоа колку себорејата е застапена. Откако ќе увидиш каков тип на кожа имаш, многу полесно ќе можеш да одбереш препарати кои би требало да му одговараат на твоето лице. Но, никој не може да ти каже точно што би и' одговарало на твојата кожа, затоа што сето тоа е релативно. Треба да пробуваш повеќе продукти за да на крај ги одбереш оние кои ти одговараат повеќе. Многу има пишувано на темата за различни пудри наменети за различни типови на кожи и секако секојдневно излегуваат нови, релативно подобри пудри. Да не должам уште многу, пиши ни откако ќе го дознаеш типот на кожа и јас или девојките поупатени од мене слободно ќе ти дадат совет.
Женски , некоја да ја користела пудрата на Radiant Natural Fix? Многу ја фалат а на форумов читав дека овие производи ги има и во мк па ако некоја ја користела нека пише Исто многу ја споредуваат со на Есте пудрата поради тоа што ја регулира маснотијата на кожата . Јас секогаш користам две пудри наизменично , ми се потроши таа на Клиник но не бев задоволна многу брзо светнував и не мислам пак да ја купам. Сега се мислам помеѓу оваа и таа на Бенефит ама за вторава читам дека не била толку покривна и брзо лицето светнува. А скапа е , па си викам џабе да не фрлам пари , баш сакам да ја пробам оваа на Радиант. Цената кај нас и е 21 евро
здраво да одговорам на твоите прашања Вака , јас порано имав мн мрсна кожа , не да беше мрсна туку мрсноти како да ми излегуваат од лицево , и последниве 4 години почна да ми се суши и да ми се лушпи лицево и ми открија себореја , али ми го дадоа кетоконезол шампонот и се мијам со него и на главава и лицево , али после одредено време ко ке престанам да го користам шампонот , пак ми се врака , па затоа барам јас пудра некоја што може да ми го покрие лицево без да ми се воспали и да ми се лупи ..........
Koritsaki,една моја другарка од Австралија беше тука летово и си ја купи оваа на Radiant-многу беше задоволна.Таа си ја користи од Е.Lauder max cover,ама за летото сакаше потемна нијанса и се пофали од оваа- и покривна и не свети лицето.Ама ме чудиш што велиш 21 евро,во Бт е околу 800 денари.
Женски, дали може да ми препорачате некоја пудра за повозрасна личност, односно за мајка ми. Она нема потреба од редовно користење, туку баш напротив, би ѝ било потребно само понекогаш, за покривање на црвенила на лицето (има нормална/комбинирана кожа). Би сакала да не е некоја тешка, но сепак да си ја врши својата работа Ако имате некој предлог, би била благодарна
^^ мислам дека и ЦЦ крема би и завршила работа. Видите ја со мајка ти ЦЦ кремата на Bourjois или пак на Мax factor. Мислам дека првата би и била одлична. Ако сум грешка нека ме поправи некој.
Јас ја имам оваа, многу добра пудра. Да речам до сега најзадоволна сум од оваа. Јас имам нормално и чисто лице, немам многу за покривање, ама сепак секогаш сакам да имам некоја пудра која има добра покривност. Така да за оваа само пофални зборови. На другарка која има мрсна кожа исто и ја препорачав, многу ми ја фалеше, воопшто не светнувала. Така да мислам дека се исплати да се купи, бидејќи не треба да ставаш многу количински, а има висока покривност. 10 од мене за пудрата. Предобра.
Епа истиот проблем го имам јас, и мене ми се враќа состојбата кога ќе престанам да го користам шампонот. Па затоа не престанувај да го користиш. Не знам каков гел за миење на лице користиш (покрај шампонот), лосин и крем. Но, би ти препорачала да ја користиш линијата на Avène за мрсна кожа, доколку си во можност. Друга опција ти се Eucerin, Nivea или Clean&Clear. Барем за мене сите овие се покажале како најдобри. Производите на Garnier никогаш не сум можела да ги користам, затоа што ми се прејаки за моево лице. Значи најди соодветни препарати за мрсна кожа. Што се однесува до пудрата, доста добри пудри се ArtDeco long-lasting oil-free (иако ми е некако претешка пудра за секојдневна употреба), Estee Lauder Double Wear, bourjois 123 perfect, seventeen matt +. Има и други пудри кои ги пофалиле девојките во темава, разлистај малку и со среќа во потрагата по совршената пудра.
Со тој кетоконазол шампон го миете лицето? Ова по препорака од дерматолог? Зар не е штетно миење на лице со шампон макар да е и медицински
и јас се чудев на почетокот , бидејки немаше логика , и одкако почнав да го практикувам задоволна сум мн чудна е медицинава
Девојки што мислите за оваа пудра? Дали е добра за мрсна кожа? Дали покрива доволно??? Видов дека е на попуст во ДМ па се мислам да ја земам!
olence, имав мало тестерче од неа , по структура ми се допадна , покривноста е средна но не ми се допадна што брзо лицето светеше (на тзоната посебно) за 2-3 часа како да немав пудра ставено на лицето. Најубаво е да си пробаш па да видиш , има многу девојки на форумов што ја користеле па и тие нека напишат нешто но еве лично на моево лице не стоеше повеќе од 2-3 часа
Читав наназад и сега се мислам која да ја земам. Која од овие три е нај добра за сува кожа и која има нај добра покривност и дали некоја од овие покрива добро црвенило?
Сите три ги имам користено и најзадоволна сум од Буржоа Хелти Микс. Со покривноста е тука некаде со Менхетн но подолготрајна е и поприродно изгледа на лице, а може да се пофали и со подобра хидратација. Мејбилин Афинитон воопшто не ми се погоди, одкако ќе нанесев ми се сушеше на лицето, а потоа испраруваше, никаква покривност ни постојаност. Менхетн е малку погуста од Хелти Микс - Буржоа и на одредени делови ми формираше лишаи. Мене најдобар избор ми беше Буржоа, напишав за неа и некоја страна поназад. Природно изгледа на лице, постојана е, лицето изгледа здраво и има мал сјај кај мене, црвенилата ми ги покрива (баш имам проблем со нив во зима на пределот од страните на носот), помали недостатоци сигурно покрива на другите делови можеш да нанесеш коректор ако не ти е доволна покривноста.