Butterfly , незнам до колку пари бараш , ама еве јас би ти препорачала пудрата Estee Lauder - Double wear , многу е добра пудрата за мрсна кожа идеална и убаво покрива. Исто така ако можеш да ја најдеш и на Radiant Natural fix и оваа е добра неколку девојки знаат кај се продава па нека пишат , а на Есте цената е 2800 а на другава мислам пишаа 900 ден
Задоволна сум од Catrice all matte пудрата.Наменета е за масна кожа и има мат финиш.Изгледа природно на лицето,убаво покрива и не ги затнува порите.После толку утнати пудри ја најдов вистинската и не планирам да ја менувам.Останува да си ја купам и камената
Ако може некој да ми препорача long lasting течна пудра за комбинирана кожа до 800-900. Значи да трае најмалку 7-8 часа, да покрива убаво и да не светнува Т-зоната по 2 часа. Знам дека има многу мислења за ваква пудра ама немам време да барам сега
http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/eBrochure.page?index=1&cmpgnYrNr=201415 Феминки дали некој ја има користено оваа пудра luxe од авон? Добра ли е, прекрива?
Ќе може ли некоја од вас да ме советува кој број на пудра би ми одговарал од пудрите на Римел- Ластинг Финиш. Немам досега користено пудра од овие марките, само коректори и ББ кремови.Овој ББ крем го користам и ми одговара со бојата на тенот.Е сега незнам кој број би ми одговарал од погоре наведената пудра. Бојата на кожата ми е комбинирана ама повеќе накај светла, па сега се мислам за бројче а во мојот град по парфимериите нема тестери за да ја испробам ://
Без да пробаш на лице големи се шансите да си ја утнеш нијансата. Кај нас најсветлата е 103 True Ivory, мене ми одговараше зошто имам светол тен. Ако ти изгледа премногу бела после нејзе е 200 Soft Beige малку е потемна од предходнава.
Не од 900, од 300 денари топло ти ја препорачувам од Rimmel Lasting Finish, стои до 25 часа, така пишува и не е лага, се уверив. Структурата е прекрасна и покрива а не се познава од авион дека имаш пудра, како други пудри што покриваат добро. Брзо се суши и не се копира. Тоа е моето искуство, всушност денес одам да си купам резерва иако не ми е скроз потрошена старата.
Па јас не сум ја пробала Стеј Мат ама можам да ти кажам за Ластинг финиш... и јас имам комбинирана кожа и мене ми е топ. Баш во постот над тебе пишав подетално. Ти ја препорачувам.
@Sw3et.Ang3l ги имам користено и двете пудри и од двете сум задоволна, но јас за разлика од Lovely би ти препорачала да ја земиш стеј мат, зошто оваа ластинг финиш е некако помрсна и повеќе свети..
Јас да се пофалам дека конечно ја најдов совршената нијанса за мене од Есте Лаудер - 2W2 Rattan (84). Имав среќа што баш во Лондон ја купив, па девојката од парфимеријата ми ја издвои и препорача баш оваа нијанса како најдобар match за мене. Значи со стручна помош се утврди истото И да биде уште подобро, видов дека ја имаат нијансава Rattan и во Космо Одлично! Патем, само да кажам дека имам жолт тен Е сега, за да биде се' почудно, нијансата 2C1 Pure Beige што претходно ја користев, а е со ознака C за розев подтон - мене не ми беше утка иако сум „жолта“, далеку од тоа, баш бев задоволна како ми стои и се вклопува на лицево, ама си реков да одам да видам да не постои подобра нијанса за мене, оти во Лондон изборот на нијанси е тродупло поголем од тука, нормално, и излезе дека 2W2 Rattan е совршената нијанса за мене (иако и таму ми потврдија дека и 2C1 одлично ми одговара). Оваа 2W2 е строго со жолти, „топли“ тонови, не е бледа туку баш light/medium (за споредба, 1W1 и 1W2 се посветли, така одат, според броевите) и како што реков, лично сметам дека ваквите тонови повеќе ми одговараат и подобро ми лежат. Отупев малце, кој сфати сфати, ама ваљда ќе му се најде некому ова од помош ако се обидува да си ја најде својата нијанса од ЕЛ, а е со жолт подтон како мене
Да се пофалам , денес ја купив пудрата на Benefit Hello Flawless oxygen wow , ја земав на попуст 29 евра од Сефора. Многу се мислев помеѓу оваа и на Радиант , ама реков ајде прво ќе и дадам шанса на оваа Структурата и е многу течна но на крај од кога ќе се нанесе е полу мат исто како и на Есте Лаудер пудрата , не е толку покривна како на Есте пудрата но стои скоро цел ден (со камена пудра ) Исто така лицето делува многу освежено , природно со пудрава , ми дадоа едно тестерче минатата недела за да ја пробам и затоа и се одлучив да ја земам. Имав проблем со одредувањето на нијансата , прво ја пробав нијансата petal ( im plush & precious ) но многу беше жолта на лицето па ја земав втората најсветла по ред ivory- im pure 4 sure , само првите две нијанси се светли со розов подтон а останатите влечат многу на жолто. Ми се допаѓа и тоа што има SPF 25 PA +++ што е идеално и за лето содржи виатмин Ц и Е продавачкава ме убеди дека пудрава ќе ми стане омилена и дека ќе посакам пак да ја купам и внатре во пудрата има тестерче прајмер за лице па ајде и тоа да го пробаме ми најде само една забелешка дека нијансата на Есте Лаудер 2C3 Fresco пудрата не ми одговара баш дека лицето многу портокалово ми го правело и за жал барем во таа продавница од каде што ја купувам не постои посветла нијанса.
Аll matt е наменета за комбинирана и мрсна кожа, а Photo Finish мислам дека најдобро би им одговарала на оние со нормално сува и нормална кожа. За осетлива која се перути или за комбинирана и мрсна не е воопшто. Барем мене не ми одговара во никој случај, по два часа светнувам и ми се лизга од лице.
^ Пудра со матирачки ефект, наменета за мрсна кожа. Пробај ја Ревлон Колорстеј за мрсна кожа, до 850 денари се движи со цената, каде како ја најдеш. За мрсна кожа стварно е измислена во споредба со другиве од покомерцијалните фирми. Мене лично и Буржуа ми се супер, поготово онаа 123 Perfect, ама некои се жалат дека не им е толку покривна, иако јас го немав тој проблем.