@simoncelicius јас некаде грешка сум прочитала пенаста структура Туку, нека земе девојчето тестери и ќе види што добро и одговара.
Не, таа на МФ е околу 800 денари, јас зборував за онаа на Римел лонгластинг или како и да беше, во моментот така ми дошло да напишам. Само со прсти за жал, со четка барем мене ми е речиси невозможно да ја нанесам, премногу количина губам кога нанесувам со четка. А и малку ми мава на жолто, па ја баталив одамна, а штета зашто баш добра формула има. Ако мислиш на Дебора мат пудрата, добра е за твојот тип на кожа ама треба да си пробаш за да видиш дали ќе ти биде тешка или не. Мене ми е супер за излегувања и сл. пригоди кога ми треба да ја носам на лице кратко време, а за секој ден не ми беше баш добра, како да ми ги затнуваше порите и се однесуваше малку како мат пудрата на Менхетн. Ти предлагам да ја видиш Фејсфинити на Макс Фактор, мислам дека постои можност да ти одговара.
А дали ти се собираше околу бубулиците после неколку саати? Јас пред да ја нанесам ставив хидратантна крема, бидејќи пудрава ја имав порано ама тогаш имав нормална кожа, па ми ја сушеше и затоа, но дури и со кремава (а имам мрсна т-зона сега) ми се собра малку околу тие „критични“ места. Исто, дали може коректорот да не одговара со пудрава (го користам тој Камуфлаж на Катрис)?
Да, ама околу ситните бори околу очите и оние мимичкие на челото. Лицето ми го држеше мат речиси цел ден колку што ми беше потребно, коректорот кој мислам дека тогаш го користев беше камуфлажот на Артдеко, а подлогата сигурна сум дека беше кремата од Нивеа за мрсна кожа. Со оглед на тоа што коректорите се со речиси слична формула, мое видување на „логикава“ со собирањето е дека најверојатно поради самата прашкаста структура така се собира во вдлабнатините на кожата. Истото ми се случуваше и со таа на Лореал во кутивче, пред долго време мислам дека им беше во продажба, сега ја повлекоа и ја пуштија истата само во тубичка, нормално со полош квалитет од старата. П.С. Ја чувам уште, баш би пробала со коректорот на Мислин дали ќе се случи истото. Ако не и' поминал рокот досега, иако мислам дека имам уште фора.
A да,мене Menheten пудрите ми се тешки,мислам дека ми се презасити лицето од нив.на max factor имам само една користена,ама ќе ја видам оваа facefininity,а дали случајно знаете отприлика која цена е??
Женски ако знае некоја да ми каже каде ја има пудрава и колку пари е. Ја добив на подарок и ептен ми одговара. Фала
Девојки денес имав ставено Maybelline afinitone mineral и си светев (незнам дали е до тоа што ми се плодни денови секогаш во тој период сум мрсна и со мозолка или не ми одговара ) а инаку прочитав дека не содржи масло и се чудев.Е сега земав тестер од обичната Maybelline afinitone онаа во тубичка што е,значи утре за работа ќе си се шлакам од таа.Разликата помеѓу минералната и она во тубичка бил заштитниот фактор.Барем така ми кажаа
И јас ја користам оваа пудра, сосема добро ми одговара на лицето не е многу нападна, веќе толку си се навикнав на неа што мислам друга не би можела да користам.
А каква кожа имаш? Јас ја пробав премногу е лесна,но не е трајна за 3-4 часа светнувам.Ја пробав без подлога,крем незнам дали е до тоа.Со каква подлога ја користиш,бидејки ми е страв ако не ставам крем (а и незнам каков да користам како подлога ) да не ми излезат бубулици Помош...
Love86, а мора ли од мејбилајн пудра? јас би ти препорачала нешто подобро за мрсно лице , на пример Bourjois 123 perfect , Loreal Infallible 24h или Loreal Matte magique . Само незнам до колку пари сакаш да е пудрата таа на Буржуа е околу 850 а на Лореал се мислам околу 600
Не е проблем,може и до кај 800,веќе пари за пудри не жалам,ама моето не е класично мрсно како на повеќето што имаат мрсни лица.Кај мене само носот ми е мрсен,околу устата и на страницно од двете страни на носот значи не цели образи .А да напоменам несакам мат изглед,зацементирана или пеплосана со брашно
Еве ја и на попуст таа од Лореал , според мене од сите овие што ги спомнав оваа ми е најпокривна. Има и тестери па пробај да видиш и дали нијанса ке си најдеш
Која од овие пудри е попокривна (да не го суши лицето,имам нормална кожа ама во зима малце ми се суши) и да не се брише, односно да исчезнува од лицето за неколку саати? знам дека наназад за секоја пишува посебно,ама да не лутам по мислења,ми треба некој ако знае да ми спореди. ty
Јас ја користам пудрата на Есте Лаудер Double wear , ја има по космо и еликсир , 2800 ден чини , пудрата стои по цел ден , ја регулира маснотијата на лицето а истовремено не го суши , јас имам мрсна кожа на челото и образите а на останатите места ми е нормална. Исто така не се брише од облека мојата нијанса е 2C3 Fresco ама мене лично многу ми е темна и лицето портокалово ми го прави па нареден пат ќе барам посветла нијанса инаку 3ти пат како ја купувам пудрата и многу сум задоволна. Ако сакаш поевтина многу ги фалат пудрите и на Виши мислам дека Мишела рече дека чини околу 1300 денари па можеш да провериш за оваа низ аптеките за тестери. Ама ако можеш да си дозволиш нема да згрешиш за таа на Есте