Може да ја напишеш твојата дневна рутина како го чистиш и негуваш лицето? Штом толку пудри не ти одговараат би сакала да добијам впечаток како и со што го чистиш лицето за да можам да ти препорачам некоја. Конкретно оваа што си ја постирала на Менхетн Clear Face е наменета баш за таква проблематична, мрсна/комбинирана кожа и плус е антибактериски, суши акни и спречува нивна појава. Гледам и дека си користела Loreal True Match а таа ти е за сува кожа и затоа не ти одговара, природен сјај дава што на мрсна кожа тоа би било хоро филм или да не кажам сијалица Камената пудра на Макс Фактор јас ја користам, транслуцентната 05. Таа не остава боја, ја користам на периоди само кога знае да ми се мрси кожата обично во лето за матирање на тие делови и ја нанесувам со голема четка за камена пудра па ми служи и како фиксатор за шминката. Што подетално те интересира? Во глобала сум задоволна.
https://fbcdn-sphotos-a-a.akamaihd...._=1423208139_d76e739f6152f0817a805822d37a723a Девојкии ја има ли некој користено пудрава да ми каже совет ? Имам прилично мрсна кожа и акни .. Гледав територијали на youtube се покажува дека е добра и доста покривна ... но сепак ме интересира ваше искуство или пак кажете која пудра би ми била соодветна на лицето ..Се двоуумам и помеѓу Manhattan powder mat make up-warm sand 83
Јас ја имам користено и мене не ми одговараше на мојата кожа, премногу ми ја сушеше кожата.Сеа ја користам од Лореал и сум презадоволна
Да ја пробаш оваа? Мислам дека е 550 денари и е една од подобрите пудри за мрсна кожа. Наназад има коментари повеќе а ако не се лажам и слика имам ставено пред и потоа.
Еднаш ја купив,а во план сум и повторно да ја купам.Значи пудрава е одлична.Покрива можам да кажам доволно,без да дава впечаток како торта да сте ставиле на лицето.Истотака нешто што многу ми се допаѓа кај пудрава е што трае неверојатно долго и цената е стварно приуштлива,200 денари и нешто е.
emocija ова е свиленкастата пудра од авон. Кажи ми како си задоволно јас се мислам помеѓу свиленкастава и магичната. Свиленкастава да се дава многу светол сјај де кажи ми искуство?
Не ја користам пудрава ама сакаш да кажеш дека е канцерогена? Од кај ти е информацијава баш ме интересира ? Знам многу што ја користат да пробам да ги разубедам. Јас знам дека се да стаиш на кожа не е здраво, затвора пори и сл. ама олку да се иде во крајност. Господе Боже.. Ако има состојки што предизвикуваат рак не верувам дека би била одобрена за продажба.
А од кај знаеш дека е ефикасна ако не ја користиш? Пудрава ко прво е како цемент да ставаш на лице , има пудри што не ги затвараат порите што не прават акни , ама овие пудри содржат триста хемикалии, за парабени незнам ама и 100% е за постари жени
Кај пишав јас дека е ефискасна ? Е многу мразам кога вака ги испревртувате постовите. Јас кажав дека има штетни препарати еве и имапалава нека е . Меѓутоа да се иде во толкава крајност дека се канцерогени без претходни сигурни аргументи ми е безвезе.
Колку чини пудрата? Презадоволна сум од козметиката на L'Oréal општо, сакам да ја пробам и оваа. Инаку имам нормална до комбинирана кожа, во зима повеќе ми е нормална, па ќе ми одговара
Повеќе пати се кажало од искуство дека пудрава не ја бива, ама не знам од кај вадите дека е канцерогена. И што, демек за млада кожа е канцерогена ама 100% ја бива за стари жени? Ако не ја бива, не ја бива оти е ефтина и никаква, а не дека за млади е лоша а за стари е супер. На крај краева колку пари толку музика. На некоја ако и одговара и не и направила проблеми, што па вие толку се потресувате?