Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Другарка ми ја оговараше делумно оваа пудра. Не одговарала за комбинирана кожа со мрсна т-зона.

    Инаку девојки јас ја пробав пудрата Лукс на авон, таа свиленикастата. Мислам дека полесна текстура нема, убаво покрива но не покрива подочници и други работи. Се препорачува за кожа која нема многу за покривање. Јас ја користам во комбинација со артдеко и нема ни П од подочници, на крајот ја завршувам со камена пудра од Катриц и сум презадоволна. Од друга страна пак мислам дека одговара за комбинирана кожа со мрсна т-зона бидејќи јас воопшто не светнав во текот на вечерта. Обично не порачувам пудри од авон бидејќи ја сушат кожата, но оваа има некој чуден состав за разлика од другите нивни пудри. Башка и мириса убаво. Топло ја препорачувам.

    За оваа пудра станува збор
    [​IMG]
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    106.687
    Пол:
    Женски

    Пудрава е наменета за мрсна кожа. Јас ја имав како тестерче , не е мат, треба побрзо да се нанесе за да не се исуши па да останат мали флеки на лицето , инаку е средно покривна и лично на мене ми стоеше на лице околу 10 часа (со прајмер и пудра ) инаку лицето ми е мрсно поготово на тзоната :) во врска со нијансите , ако имаш лице со жолт подтон ќе ти одговара оваа пудра
    ти пробај ја на тестер па види како ќе биде
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Јас ја имам ама некако ептем ми ја суши кожата баш а секој ден мислам не еи јас имам комбинирана кожа ама според мене подоро види пробај ја Лореал Infallible,мене ми е подобра од оваа :)
     
  4. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    5.216
    Пол:
    Женски
    Покривна пудра за комбинирана кожа до 400 ден. со жолт подтон? (не портокалов). До сега сум ги користела двете на Римел и мислам дека сите можни на Есенс. Римел стеј мат нијансите не ми се погодени и некако доста ми се забележува дека имам ставено, а ластинг финишот ми е малце леплива и кај нас ја нема 102 :(
     
  5. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    оваа пудра ја има некој користено, за сува кожа одговара ли, покривна ли е?
    perfect-coverage-foundation02.jpg
     
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.538
    Пол:
    Женски
    А добро вие што ги напаѓате Импала/Малена и слични нискобуџетни пудри- јас немам слушнато некоја да фатила рак или да умрела од евтина пудра.
    Малена користам од кога излегоа и ни брунче ми се нема појавено од неа ептен ми одговара.
    Како пмала користев на мисс спорту беше некае околу 130-140 ден ставав секој ден ми стоеше и до 12 часа и жива, здрава и лице како порцелан чисто ми е иако сум над 25 години :)

    Поздрав
     
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Да беа добри за кожата и плус 130 денари што се, верувај, сите ќе ги користевме само нив, и немаше да постојат пудри поскапи од 400 денари, и пудри од смешните цени како 50, 60, па и 70 евра од најпознатите брендови.
    Работата е што упорно се едно исто се пише, и се пише за наше/ваше општо и оштото добро на кожата на лицето која е толку фрагилна и си бара посебно внимание за да не кукаме на стари години, и упорно се труде некој како тебе (без навреда) да ја брани пудрата, т.е пудриве, кои се смрт за кожата.
    Ајде еве ќе кажиме - да, покриваат добро, имат покривност океј, може не мирисаат гадно како што им е гаден составот, и да, сега си презадоволна од пудрава, и на твои 25 години чудно и одлично е што немаш проблеми со кожата (можам да ја укривам генетиката одма), лицето ти е чисто како порцелан, мило ми е, ама не ми е мило што ќе ти кажам дека обратно на 25, на 52 твоето лице ќе ти биде мила, како да ти кажам, да не ме сфатиш грешка, ама верувај, ќе ти изгледа како да имаш 72, а не на 52.
    Тек за неколку години очекувам да пишеш какво ти е лицето, затоа што сеуште си млада сега, кожата се негува и штити додека се може, а тоа е најдоцна до 30тите, дури и тоа е доцна, затоа, за ваше добро, по милионити пат, ако сакате да имате повеќе години убаво, чисто и сјајно лице, кое што ќе се согласува со годините како што идат, 30, 40 +, инвестирајте во квалитетна козметика бар за лицето, не мора да е 1000+ денари, ама Малена и Импала, се далеку од пудри, тоа ти е самоуништувачка wanabe пудра, за која сеуште се излажуваат тинејџерките, кои фала му на бога побргу сфаќаат дека не е за нив, и жените како тебе, кои од ден за ден ја бранат, не фанавме рак, не сме слушнале, лицето ми е џам, ама не за џабе 90+ посто од нас пишат, сега му е мајката да го заштитите лицето, после џабе е, сте го отруле, и кожата ќе старее со брзина на светлината.
    Не дека немате 100 денари плус да купите нешто подобро, ама упорно ги браните и ги браните овие пудри, а зошто, врска немам.
     
    На sinorinJa, Love86, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Не го знам составот на Импалата нели дискутиравме за тоа неколку страни наназад. Ама доволно е што знаеме дека содржи колаген, а колагенот никако не е погоден за млада кожа туку е за жени над 30 па и 40 години би рекла.
    Што се случува кога ќе ставите колаген на млада кожа?
    - го гушите лицето
    -кожата добива сигнал дека има колаген и повеќе од што и е потребно па престанува да си го лачи природно
    -така се забрзува процесот на стареење на младата кожа
    -кај здрелата кожа колагенот има позитивен ефект, односно и го надокнадува она што веќе кожата го нема или малку го има
    Нема врска цената, ќе ја оставам на страна, вие млади девојчиња што ја користите пудрава па и други производи општо гледајте да не содржи колаген или други состојки кои се наменети за здрела кожа.
     
    На softy1, Sexybaby86, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Пред некое време на Битпазар низ тоа тезгите разгледував некои ствари и една жена бараше од пудрите на Импала. И кажав дека се многу штетни, а она ми се изнасмеа и и вика на продавачката - Дај ми две!
    На неа си прави штета, не на мене. Мои беше да и посочам, а она што ќе прави нејзина работа.

    Иако имам другарка која цел живот користи Импала, не ја ни мие шминката, врз стар слој става нов и лицето и е почисто од на бебе.
    А јас цело време внимавам што користам, го негувам лицето ама џабе е.
     
    На beatriz, softy1, Edie.S и 3 други им се допаѓа ова.
  10. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    [​IMG] Моментално ја користам оваа од орифлеим убаво покрива, дава пријатно чувство на кожата и изгледа природно.
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Eеее Марамке... Мојата најдобра другарка, со која сме цел живот заедно, користе Малена пудра од кога знам за неа, друга пудра нема купено, у принцип не се шминка она многу, само пудра, сјај или нежен кармин, и лицето го мачка само со павловичева СЕКОЈ ДЕН насабајле и навечер, за друг крем не сака да чуе, не и се давале пари за глупости Нивеа Гарниер од поевтиниве да речеш - ма јок, а лицето и е како на порцеланска кукла буквално, има таков тен, таков сјај, чисто чисто, ни пега, ни црнка, ни брчка, а на телото се мачка само со онаа кремата од Невен, по аптеките што ја продаваат за 90 денари, а исто и кожата на телото и е прекрасна, со сјај, мазна. Ниту употребува гел за лице, ниту млеко за лице, никакво средство за миење на лицето, само со вода и сапун чат пат, а лицето и е најсовршено од на сите девојки кои ги познавам.
    Јас сто пати и реков, смени ја пудрата и кремата, не ти е лицето бебешко газе (иако на некој начин и е, ама ја сфаќате поентата), аман жено, ма не бре, не сака да чуе.
    Незнам дали е генетика во прашање (мајка и, и баба и и двете имаат џам лице и не водат посебна грижа, освен што баба и цел живот се мачкала со Невенот и на лице и на тело, тоа била нејзината тајна еднаш ми расправаше додека пиевме кафе :coffee:), или после годините ќе покажат. Ете незнам, а јас ако ставам павловичева на лице утредента одма црнки ќе се изнаредат, обично кога ќе настинам и кај носот ставам да ми омекне тој дел и после оди расправај ги. :@
     
    На Love86, marama и senza.parole им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Марамке, тоа е така, затоа што различен тип на кожа има, плус тука игра голема улога генетиката, не значи дека се е до пудрата, бидејки ете кај неа е поинаку, за разлика од тебе, не значи дека ако е скапа пудрата, е квалитетна или дека иста пудра, кај сите исто ке делува, тоа е релативно.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Ти благодарам :) и мојата кожа е некако комбинирана ама повеќе накај мрсна со мрсна Т зона.Комшиката моја ја користи па ми даде да пробам и немав ставено уште,чекав некој коментар...Е сега сакам да те прашам пошто ми е како што реков повеке накај мрсно лицето тешко поднесувам крем,а и комшиката ја нанесува без крем.Ти со каков крем или подлога ја употребуваш ? Поздрав
     
  14. acvamarin

    acvamarin Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    25
    јас ок но не сум мн воодусевена
     
  15. Macyyyyy

    Macyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Девојки значи од импала пудрите по лошо ништо нема во светот....Паштетаа....Ви се молам препорачајте ми некоја ,имам чисто лице имам потреба од пудра за време на мензис....
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Наведи каква кожа имаш?
     
  17. Macyyyyy

    Macyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Извини се заборавив....имам претежно сува кожа.....
     
  18. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Потполно де сложувам.Барем за козметика без разлика за лице,тело и слично ,не треба да се жалат пари.И треба да се инвестира во добар,проверен бренд,а воедно и истиот да ви одговара на вашата кожа и да не ги содржи едни од најлошите состојки.
    А и јас лично од моја гледна точка не ни препорачувам пудра ставање секојдневно,и мн често.Освен ако некој навистина има таква потреба да покрие нешто,но сепак и тоа нешто може на др начин да се излекува и лицето чисто да биде по извесен период.А вака повеќето пудри ги затвараат порите,не му даваат на лицето да дише и само повеќе се ствараат бубулици или ако не тие тогаш како што кажа Анушка после неколку години ќе се покаже ефектот,односно контраефектот.
    Јас лично имам чисто лице,а и да ми излезе понекоја бубулица одма ќе ја отстранам со соодветна крема или течност за истата.И затоа никогаш за преку ден ,или за на факс или слично пудра не ставам.За некој прилики само.
    Мн ми е одвратно кога ќе видам некои девојки секојдневно, да не кажам нашлакани со пудра и еден куп шминка на себе.
    Што поприродниот изглед секогаш бил попривлечен.
    За маскара и убав кармин одсекогаш сум била и тоа и го ставам да,или тенка линија лајнер понекогаш.
    Но еден куп пудра,па руменило,па бронзер,па коректори ,па сенки и незнам кои чуда секојдневно па дури човек да помисли и за по дома така си седат.Ко оклоп да имаат па само стави и пред спиење вади :D
    Но како и да е не е темата за ова ,за пудрите конкретно е, и мој совет ,а и многу дерматолози истото го кажуваат ,што повеќе ги користите тоа повеќе ќе жалите покасно.
     
    На simoncelicius, anuskaNESTLE, Fatalnata и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми препорача пудра на природна база а сепак да има добра покривност? Во последно време ми е мн осетлива кожава па барам така некоја пудра со полесна формула..Anyone ? :)
     
  20. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Пудра има на природна база од Dr.Hauschka. Тие се 100% природни и имаат убава покривност,а и мн се лесни.Мајка ми и тетка ми веќе долго време само таа ја користат и мн се задоволни. За сите возрасти е, но имаат и колекција за тинејџери.
    Нивните производи ги има по некои аптеки.Во Кепитол,ГТЦ една аптека помала на ќош што е во редот на О ла ла.Во сити мол...
    За цената да не те лажам,но околу 1000 се или 1100-1200.
     
    На Barbie07 му/ѝ се допаѓа ова.