ваква користам само друга нијанса, оваа е за мрсна кожа а оваа е за сува кожа па добро сега за користење можеби не баш 3 ама до кај 5 терам секој различно. Би ти препорачала да појдеш во парфимерија пробај тестер намачкај се на лице на пр. на образи и види како ќе ти реагира на лицето, па ако ти одговара после врати се земи ја зашто друго е во моментот како ќе ти биде а друго е кога ќе ти постои на лицето па ќе видиш каков ефект има
Женски ќе може да ми препорачате некоја камена пудра или пудра во прав Сакам убав финиш да дава, ама сепак да не биде ептен ко маска. течна пудра користам на Maybelline Affinitone е сега сакам некоја камена или во прав да си купам. Ако може да ми препорачате некоја Фалааа
оваа камена пудра јас ја користам и после долго барање си ја најдов идеалната многу е добра го изедначува тенот и што е најважно трае.поздрав
^^^Оваа не знам, јас ја користам оваа најсветлата, и сум презадоволна, исто така сега имам Мејбилајн афинитон течна, совршени се двете оваа е околу 350 денари, не е ич скапа
Неколку год. користев течна пудра од Max Factor и џабе сум ја плаќала 750 ден. кога Impala која кошта 160 ден. ми одговара многу повеќе, ама што ќе правиш скоро од се др. од Max Factor сум презадоволна т.е. маскара, сенки за очи, па со пудрава по инерција кон фирмава ја утнав. Камени и пудри во прав користев порано, сега над течната пудра ставам само руменило од перли.
имам многу сува кожа, која пудра ми ја препораачувате...користев од Менхетен и многу ми беше убава, ама тие нон стоп ги менјаваат опаковките и сега неможам да ја најдам
Мојот прв пост на форумов Јас многу ретко користам пудра. За практикувам да не ја ставам ... фала богу имам чисто лице. А за навечер секако - не стои сминката убаво без пудрата. Моментално ја користам од Џордани најновата... Задоволна сум од неа.
Јас користам Manhatan Powder Mat течна и Deborah камена и многу сум задоволна. Голема благодарност да тој што ја препорача Manhatan стварно е супер.
Сум пробала мал милион пудри и пак си се вратив на старата добра Deline на Ilirija. Пудрата е со смешна цена (околу 150 денари), ама толку е лесна и пријатна на кожата што воопшто не осеќаш дека имаш ставено пудра, а супер си ја врши својата работа. Освен тоа, една нијанса од пудрава (2ка) ми е целосно идентична со бојата на тенот, и колку и да сум се трудела, никогаш не сум можела да најдам послична нијанса. Плус, мајка ми ја користи пудрава цел живот и со своите речиси 60 години на лицето нема ниту една единствена брчка
Е оваа пудра ја користев долго време. Мене добра ми е,со оглед на тоа што иам проблематична кожа. Земи ја па види како ке ти одговара тебе,ако не друго ке можеш насабајле да си ја ставаш
Јас ја имам Nude нијансата ама не ми е погодена, на фотографии сум како Мајкл Џексон во фацата (лесна му земја на човекот) ама морав да ви го доловам точниот изглед. Инаку е лесна е пудрата (мое мислење) за секојден ја бива, ама за вечерен или свечен make up не ја препорачувам, барем од сопственото искуство.
Девојки ја купив денес оваа пудра.Ја немав користено користев менхетен до сега,и решив да сменам ми ја препорачаа оваа во јуник ја пробав и земав.И еве сега гледам дека сум земала потемна нијанса јас имам светол тен ама дека во темно ја гледав и еве што си направив и фрлил 500ден изгледа за џабе.Ај некој нека ми каже каква е барем да е арна и за тоа да не се нервирам ај за бојата
Ставив камена ама ко зацементирана сум се мислам дали утре да одам и да прашам дали би ја смениле за друга нијанса? Не во јуник грешка,во космос имам и фискална ама се нервирам така ко циганка да прашувам за сменување .Изгледа нова ќе купувам
Ах тоа тешка работа во Македонија со Купената роба не се враќа. Пак ти пробај прашај ги не е срамота си фрлила 500 денари за нешто што нема да го користиш.
Ееее конфетка да ти се пофалам отидов им реков дека по грешка сум земала друга боја дали може посветла да ми ја заменат.а таа продавачката ми рече нема проблем ама од најсветлата немаше па ми рече еве избери си од која друга сакаш ептен се израдував и мислам дека си ја најдов конечно идеалната пудра за мене е оваа е