Не сум кој знае колку активна, но од сега планирам да бидам. Јас ум професионален шминкер, така да ако имате некое прашање, слободно прашајте ме во врска со било каква шминка Прочитав прашања во врска со пудра за мрсна кожа, па еве вака...Моја препорака е оваа пудра на Manhattan. Сува е, и досега се има одлично покажано. Н е многу скапа...Околу 470-500 денари зависи од кое место ја купувате.
Ја имам користено пудрава и воопшто лично мене не ми се допадна , имам мрсно лице на тзоната и образите ама па и нијансата не ми се погоди најсветлата портокалово ми го правеше лицето и пак светнував од неа иако беше многу густа. Како шминкер незнам со какви шминки шминкаш но јас сум презадоволна од Есте Лаудер и Бенефит пудрите
Kryolan TV Paint Stick-овите ги користам.....Нешто незаменливо според мене. Ја препорачав оваа како за секојдневна варијанта. Досега на оние што сум ја препорачала, биле задоволни. Но сепак, секое лице е различно
се работи за течен луминатор, се става над пудрата и го добиваш тој ефект. Јас порано го користев на Pupa ама веќе не е во продажба. Сега знам дека го има на nars, benefit вака изгледа оди на страната на sephora има повеќе
Со Krloyan ме имаат шминкано, ужасна пудра.... Прв и последен пат го нанесов тоа на лице, како фасадирано ми беше лицето, секоја линија ми беше изразена посебно некои брчки што ги имам околу очи ..... уф... погрозно нешто немам ставено. На слика да, убаво изгледаше, но во живо кој ме виде ме кудеше. И на крај си се направив сама со моите шминки.
Тој што те шминкал ти ја претерал пудрата...Се става умерено, бидејќи ако ставиш многу точно таква ќе изгледаш, ко да имаш фасада Бев на курс за шминка и таму шминкерот ме учеше која количина се нанесува...Не е само да се рече дека користиме професионални, квалитетни шминки, треба да знаеме и како
Девојки која е подобра за секојдневна употреба ревлон или севентин мат, да не бидам зацементирана, имам чисто лице, ама бргу светнувам, а на работа сум по 10 часа така да ми треба нешто потрајно само да не личам како фасада во лицето и да не е толку тешка, моментално ја имам Bourjois flower perfection ама не ми се допага. Иако за многумина е тешка мене ич не ми е тешка на лицето ама светнувам и од неа. Се мислам сега мегу овие двете која да ја земам, совет ?
ама со ова немаш ама баш никаков ефект ,а наменето е за пудрата да ти стои подолго време.Го имам коростено и не сум видела некоја разлика. Џабе фрлени пари
Со ова на гош нешто слично изгледа, не го имам коростено на цело лице пребела сум и не ми личи, а многу убаво изгледа и дава таков бронзен сјај на лицето јас го купив лани за многу смешна цена од 250 ден на попуст незнам која е нормалната цена и дали уште го има во продажба, ако некој знае лп.
Јас би ти ја препорачала catrice all matt.Наменета е за комбинирана и мрсна кожа , не содржи масла и не ги затнува порите.Чини 450 денари
Ангел мене ревлон ми е тешка за секојдневна употреба,другата не сум ја употребувала.Пишав претходно задоволна сум од Римел ластинг финиш или Стеј мат (ако си за ефтина варијанта).
Девојки ве молам за предлог пудра за мрсно лице, која и да ја ставам последно од ессенц ама зејтин до 12 се цеди.....значи стварно....аман