имам нормална кожа, но склона кон црвенило (состојба која се вика купероза), а лицето ми е чисто, освен малку изразени темни подочњаци затоа што имам бел тен. Сакам а сменам пудра, ама езнам каква. До сега имам користено Rimmel lasting finish ivory, Loreal true match, Bourjois Healthy Mix i Flower perfection, Max factor камена, a моментално Catherine Arley камената пудра од која сум задоволна, но сакам нова течна пудра која нема да биде тешка, но да биде покривна. Овие пудри кои досега ги користев се со парабени, а сакам нешто без парабени , но сите тие природни пудри некако не ми се многу покривни. Ист така, немам голем буџет на располагање, па препорака за некоја пудра но не многу скапа. Ви благодарам однапред
Девојки, денес ја земав на Aura refresh me пудрата, ја има ли некоја од вас користено да ми каже каква е?
@bubac погледни ги сликиве, овие производи на Есте ги има кај нас, можеш да одиш да пробаш може ќе добиеш некој сличен ефект. Ист нема шанси луѓе ова е фотошоп. Вака изгледа течноста ама незнам дали има нијанси кај нас или само една е. Има тестери оди пробај си, види дали се исплати и дали го доловуваат тој изглед.
@mims-89 ги меркам овие одамна ама не сум ги начекала на акција зошто се баш скапички, но наредниов месец ќе имам поголем прилив на пари па ќе си се почастам обавезно со овие бронзе годес на есте, и кремата за околу очи на Клиник. До тогаш ќе си правам некој фејк џ.ло глоу со хајлатерите и бронзерите кои ги имам .... и фала ви многу на сите за одговорите ми ја разрешивте дилемата
Само што ја испробав пудрата на Аура-refresh me, има лесна , дневна текстура, ама мислам дека ќе ја користам и за навечер затоа што сум 16год па не сакам да користам тешки пудри како паштета да имам на лицето.Пудрава го прави лицето убаво и се изедначува, само не сум задоволна од покривноста ( се чудам даи во мојов живот ќе најдам пудра што ќе ми ги прекрие ПОДОЧЊАЦИВЕ, секоја препорака од вас е добредојдена ) и тоа, океј е пудрава ама не е нешто wow. Ќе истрае додека да соберам пари за друга
Девојки да ве прашам за Flormar mat touch како стои со покривноста,долготрајноста односно генерално како сте задоволни?
Ја пробав но некако ми изгледаше тешка по текстура, планирам деновиве да си го купам коректорот камуфлаж крем од катрице колекцијата па ќе видам каков ефект ќе има со користење на пудрата + коректорот...
Сакав да купам некоја пудра од Catrice зошто нели на попуст се и мислам пола саат дремев во ДМ и на крај со прзни раце си отидов. Кожата ми е комбинирана, буквално се имам на лицето, и суви и нормални и мрсни делови...Моментално ја користам Loreal True match ама не сум нешто презадоволна. Мислам океј е, ама некако не е тоа тоа. Во некои денови ми е супер, ама некои денови воопшто не ми се допаѓа како изгледа на моето лице. Не сакам голема покривност од пудрата, доволна ми е средна покривност, бидејќи повеќе ја користам за изедначување на тенот. Е сега дилемата е која од пудрите на Catrice би ми била најсоодветна?! Искрено онаа Nude illusion најмногу ми фати око, а и нијансата 020 мислам дека би ми била супер за зимава.
Девојки дерматологот ми препорача поради акните дека треба да користам некомедони пудри, кои пудри се такви и како можам да препознаам пошто и да прашам по парфимериите нема да знаат да ми кажат и најголема е веројатноста да ме излажат.. Извинете ама не сум информирана многу за вакви пудри
Најчесто си пишува во самиот состав или на опаковката од пудрата Noncomedogenic. Такви пудри се со сигурност оние медицинските - Sante, Vichy, Neutrogena (ако ги има кај нас), Dr.Hauschka. Малку се поскапи од комерцијалните брендови, ама навистина се многу полесни на лице, а покривноста е задоволителна.
Имам cјајна кожа на Т-зоната и доста ми се мрси и единствено со Manhattan пудрата ми се изедначува кожата на лицето. Ја користам долго време и сум презадоволна, само летно време гледам да користам некоја полесна или воопшто да не користам пудра.
Мишелке која од пудрите на Кетрис е за комбинирана кожа,моментално ја имам Менхетен антибактериската ама како да ми ги истакнува сувите делови околу устата,а челото за 5-6 саати ми светнува.Се мислев за фото финиш или таа илусион или како беше незнам???? Фала
Онаа all matt plus е за комбинирана-мрсна кожа, солидна е и вреди да се купи само вака на попуст, затоа што слабо држи на лице, по некои да речам 7-8 часа се губи од лице, како да бледнее. Се уплашив кога се видов во огледало откако се вратив од факултет, буквално. Не ми остави некој многу позитивен впечаток, ама можеби не е за толку мрсно лице како моето, што знам. Лицето го измазнува и изгледа природно, ама ете, мене не ми е баш долготрајна. Photo Finish е подобра, доволно е мат во проблематичните зони, а не го суши лицето дури и кога нема да нанесеш толку хидратантна подлога на посувите делови. Јас имам проблеми со деловите кај ушите, ама од оваа пудра не се перутам, ми одговара повеќе и подолго се задржува на лице. Можеби со некоја соодветна база би била уште подобра, ама и вака ми е супер. Мислам дека веројатноста да ти одговара е голема, така да, гледај само да ти најдеш нијанса која ти одговара. Nude ilussion мене не ми одговара по структурата и не сум ја пробала до сега, па не би можела да ја коментирам.