Девојки дали некоја ја има користино пудрата Vichy dermablend, долго време ја користам Revlon (скоро 3 год.) и сакам да сменам некоја друга.......инаку имам проблематична кожа....кажете пофалби и кририки
Нема по парфимерии...Има некои дистрибутери што ги продаваат само на големо, но не знам каде. Мене ми ги порачуваат. Ѕирни на Гугл малце, ќе видиш перфектни се. Можеш да си порачаш од еВау https://www.google.com/search?q=kry...fnygPksICwAw&ved=0CAkQ_AUoAg&biw=1280&bih=923
Девојки нешто корисно што би требало да го знаете за транслуцентната пудра и за пудрите кои што содржат spf. Јас случајно побарав рецензии за оваа од make up forever бидејки имам иста , а не знаев баш најдобро како треба да се упоребува и нанесува.И случајно открив нешто многу корисно.Имено, честопати сум сретнувала , посебно во последно време фотографии од познати ѕвезди со она знаете бело под очите апла што се познава и се сум се прашувала аман како излегоа вака од дома.Не знам дали вие сте знаеле ама за мене ова беше откритие на годината ! Всушност транслуцентните пудри не се препорачуваат доколку планирате да се сликате , посебно со блиц.Бидејки во живо можеби изгледа перфектно , но на фотографии се познава секој потег а посебно под очите. Друго пудрите со spf секогаш на слики се прикажувале како побели одошто се во живо , уште пак со јак блиц за никаде , нажалост јас ова го забележав и со мојата.Дури почнав да се прашувам дали сум ја промашила нијансата ,се прашував како не се забележувам во живо , кога се видов на слики со блиц. Нејасно ми беше зошто на оние без блиц не изгледаше воопшто лошо. Кој сака да се увери , погледнете го следново видео , девојката има убаво објаснето P.S. Толку се возбудив што го дознав ова и ми олесна што не сум ја промашила нијансата , што на дечко ми почнав да му расправам за спф и транслусцентни пудри и го напнав да го гледа видеото !
Леле сега и јас сум запрепастена, имав пишано тука во темата дека имав транслуцентна пудра и приметив дека ме прави многу бела, посебно на слики, ама мислев дека тоа е до самата пудра, дека нешто не е во ред со неа, а не дека ова е причината. Морам да кажам дека и јас како тебе почнав да се прашувам дали до толку не се приметувам дека сум бела, а причина за тоа беше што присуствував на еден настан каде што имаше фотографи и човек и да сака не може да го избегне сликањето, па кога ги прикачија сликите отворив да видам како сум испадната и од 50тина слики ме имаше само на 2-3 и тоа се гледав ептен во далечина, а фотографот цело време сликаше и од мојата страна, на метро од мене што се вели. Немаше ниедна од тие слики, а на тие што ме имаше не бела, дури накај сиво мавав, ем пак ќе кажам се гледав ептен малку, не се ни познава дека јас, туку се гледа само една бела точка. Така заклучив дека на тие од близу сум била уште пострашна, сиво-бела, па затоа и не ги ставиле. Оттогаш не сум ставила од транслуцентната пудра, ја фрлив и сега кога го изгледав видеото гледам дека тоа ми била паметна одлука. ЦЦЦЦ, како смеат така, мора да има предупредувања за овие работи, а не вака, да служиме за смеа и чудење. Излегуваш од дома скроз пицната, самоуверено се сликаш и има што да видиш после на сликите . Фала што го сподели ова Лара.
^^ Затоа пудрата од catrice - photo finish носи такво име. Бидејќи лицето на сликите ти е ко фотошопирано, а не бело ко дух. Па ако сте за сликање ви ја препорачувам токму оваа пудра, стварно убаво лицето/тенот излегува на сликите.
Ако синоним на translucent е semi-transparent или полутранспарентна, со нијанса Transparent т.е безбојна се постигнува уште полош ефект (кај transparent пишува и translucent како синоним), рецимо. Куку мене, мислев сум се спасила да не трупам "фазла" боја на лицево, ама тоа само за денски, навечер може и нијанса потемна пудра да се користи (ако стандардната/омилената има појак "блиц" ефект) и камена во боја, исклучиво. За фотографирање со блиц правам муабет.
Пред некое време ми дојде пудрава од E.l.f. Прв пат користам камена пудра, предходно не користев зошто имам сува кожа па оваа ја зедов колку да ја фиксирам течната. Мене ми се допаѓа како ми стои на лице, не изгледа како паштета. Малку нијансата ми е потемна а ја зедов најсветлата ама не е тоа голем проблем. Пакувањето е прекрасно и практично, со големо огледало а здола има и сунгерче за нанесување на пудрата. Цена 3 долари од iherb.com А течна си нарачав од Авон Luxe, после многу фалења на темава да ја пробам и јас зошто имаше одлична цена
Јас ја користам, по втор пат ја купив пред некоја недела, и најискрен совет до тебе, ич да не се двоумиш, да си ја купиш, малку поскапа е од другите пудри, ама вреде. Мене најбитно во една пудра ми е да е покривна и да и трае покривноста , да не ми го прави мрсно лицето и да не остава траги на алиштата, а оваа пудра ги исполнува тие критериуми. Ми трае 8 часа и повеќе, не ми треба ни прајмер ни крема под неа, пошто структурата и е прекрасна, и не ми го суши лицето, а и е доста квалитетна што е исто така многу битно. Лично немам критики, ете толку ми е погодена, ама секоја кожа е различна, јас имам комбинирана кожа, мрсна Т-зона и нормална до сува на останатиот дел од лицето.
Се мисли, да. Покрај тие поскапите (од кои голем дел нема кај нас), исто и камените и тие во прав што се безбојни. Многу светол ефект се добива при блиц.
За тие што не сакаат да користат течна пудра секој ден, ББ кремата на Ингрид е предобра, за таа цена сум изненадена и не очекував некоја покривност е сега зависи секој има различна кожа за тие нормална/сува кожа би била совршена, јас имам комбинирана и со камена пудра ми трае доволно. Ке става на блогот слика пред и потоа да видите која покривност ја има, мислам дека е многу солидна за една бб крема.
Ја користел некој пудрава? Моментално ја користам Maybelline и не сум задоволна, сакам нареден пат да ја земам оваа на Max Factor.
Што знам, јас ја користам како фиксатор, но не постојано и не во големи количини. И сум немала таков проблем.
Доста е попокривна од било која пудра на Мaybelline, па ако сакаш повисока покривност сигурно ќе ти се допадне. Изгледа природно на лице, мислам дека одговара на повеќето типови на кожа - мојата е премногу мрсна, ама со камена ми е сосема задоволителна.