Ја користам пудрата на римел стеј мат, предобра е многу ми се погоди за моето мрсно лице.Е сега сакам да прашам откако и го сменија пакувањето кога ја купив со ново пакување некако како по сува да е.Дали и е сменета структурата нешто или до моето лице е ? Фала однапред
Јас немам ноту сува, ниту мрсна кожа, комбинирана значи. Чисто лице имам, не е тешка многу и за зрела кожа? Затоа што имам 24 и да не ставам многу тешки пудри. Ќе си ја купам најверојатно.
Cover me и Refresh me се мислам на попуст. Јас денес ја земав Cover me, предобра е, одлично покрива се'. Инаку 261 ден. е.
Јас ја користам ама 102 број (нели зависно од тенот) топло би ти ја препорачала Пудрата е одлична стварно е долготрајна, покрива и некако природно изгледа на кожата не е како да имаш премногу пудра на себе. Инаку 620 ден е
А поради која причина би користеле ваква транслуцентна место регуларна камена пудра? Колку што знам ја користат за да фиксираат/ сетираат ( не знам кој е манкедноски израз за ова ) коректор или течна пудра особено после контурирање на лицето, ама кога веќе дава ваков ефект зошто би ја користела? Јас речиси никогаш не сум купила ваква пудра поради тоа што после бронзер и руменило, многу подобро ми е нежно да поминам со обична камена пудра низ целото лице, затоа што на тој начин не ми е толку јако руменилото/бронзерот, на некој начин ја ублажува бојата ( имам фобија од темни руменила и бронзери во огромни количини). Единстевно ја имав онаа на Римел, транспарентната ама до сега немам забележано вакво нешто, до мене е или?
На неа пишува за сите типови на кожа. Е сега немора да значи дека ќе одговара на секоја кожа. Меѓутоа за тие пари мене ми е добра.
Девојки не ви кажав што направив со Ревлонот, а сметам дека треба бидејќи одделивте време за да ми дадете совети. Тестер не можев да најдам, ама ги видов нијансите, и една продавачка ми дозволи да пробам од 220 малку на рака. Прво кога ја размачкав ми делуваше розеникаво, ама после минута-две баш ми се слеа со бојата на кожата. 180 и 200 ми делуваа премногу светли, а кога ве читав дека 220 ќе ми биде темна ја замислував ептен темна нијанса, а таква испадна дека е 320ката. Како што ми изгледа ќе ја земам таа со број 220, па ќе видиме како ќе се покаже, ќе ви пишам дополнително. Инаку многу ми се допаѓа мирисот на пудрата, морам да кажам. И друго сакав да прашам, знам ве читав купувавте дополнителна пумпица за Есте, зарем нема да се најде таква некоја и за Ревлонот? Како што ми изгледа ќе треба да си црпнувам со четкичката за коректор...
Од овие на сликата сум ги користела Буржоа и Лореал, и дете се за нормална накај сува кожа. Лореал има поголема покривност и подолготрајна ми се покажа мене, Буржоа пак е похидратантна, полесна форумула има, средна прокивност. И двете изгледаат природно на лице, која и да ја земеш нема да згрешиш.
Јас ја имам оваа пудра и не сум задоволна.На почетокот ми беше океј за дневна употреба, лесна текстура има , не покрива , ама го изедначува тенот и убаво го прави лицето.Но јас имам проблематична кожа па по една недела ми се појави црвенило , си велам ајде можеби не ми е од пудрата и продолжив да ја користам,2 недели ја користев и вчера кога си го водов лицето катастрофа ми е, целото ми е црвено за акни па да не зборувам, никогаш не сум имала волку многу акни. Мислев дека не е од пудрата но ете од неа било, и сигурна сум затоа што не користев ништо друго освен неа и крем за лице кој го користам веќе 2 години и никогаш не сум имала несакани појави на лицево.Не сум задоволна од пудрава, при прва прилика ќе си ја купам Rimmel Lasting Finsh, за разлика од оваа супер е )
Задоволна сум од пудрава,баш оваа нијанса ја земав додека беше на попуст 340 ден. не е многу покривна,баш природен изглед дава,без камена ја користев неколку дена ми светнува челото по 8 часа очекувано ама не е страшно,подобра и полесна ми е од Римел Ластинг финиш баш е за секојдневна употреба. П.С. Благодарност до Мишела Инаку позитивни коментари читав на српски форум и за Nude ilussion па ќе треба и тоа да проба
Tаа на Кетрис Фото финиш е за мрсна/комбинирана кожа?И дали може да се најде во ДМ стриктно или ја има и на друго место?..Ако не, ќе ве молам препорачајте ми некоја полесна пудра за секој ден за мрсна кожа. Моменталнио ја имам на Manhattan clearface perfect mat ама претешка ми е за секој ден и ја избегавам, бб крема користам.
имам нормална -мешана кожа и ја порацав пудрата на luxe од авон.мене ми се допаѓа значи покривна е не ми ја мрси кожата и не е тешка.засега меѓу една од најдобрите пудри што имам ѓи користено