Само во Дм ја има мислам дека повеќе е за комбинирана не за мрсна или пак добра ќе биде во комбинација со камена или во прав.Јас ја имам менхетен пишав претходно ама ми ги истакнуваше сувите делови бидејќи комбинирано ми е лицето и се согласувам со тебе дека е тешка за секој ден.
Можеби има некоја универзална која би била точна, ако некоја знае, мислам дека ќе не' спаси сите. Јас го навалувам шишенцето и го протресувам надоле, со претходно ставен прст на отворот и ми надоаѓа пудра баш толку колку што ми треба ... се увежбав веќе. А баш ми е мило штом ја најде нијансата, со обична камена е перфектен крајниот ефект.
Јас ја купив денес cover me up od aura и со неа имаше некоа светкава пудра која дава малку и кафена боја тонови мешана- гратис. Редовна цена и беше некаде околу 430, а јас ја земав за 310 ден. Ми се допаѓа супер е не очекував толку голема покривност и навистина стои (и покрај тоа што имам масно лице т.е. т-зона) И плус ја земав базата од АУРА, не знам како ќе се покаже
Од каде ова? Во дм е поевтина 262 (редовна цена 349) на намаление е моментално и јас се мислам дали да ја земам дека сува кожа имам
Catrice all matt е за мрсна и комбинирана кожа.Пробај си на тестер, лесна е и покривна.Козметиката на Catrice ја има само во ДМ
Како што кажав ограничено им е ова со пудрата даваат гратис некој како хајлајтер, бронзер, руменило така нешто, светкава пудра најдобро кажано . Затоа и му е таа цената инаку само пудрата е поевтина видов.
Пишав тука пред некое време дека сум одлучна да ја зеам пудрата на Есте. Така и би. Ја земав ама максимум коверот зашо најдобро ми стоеше на лицето..и му дава живост пошто иначе сум премногу духче бледа. Со сите со кои се консултирав претходно, напоменаа дека оваа е уствари најпокривната и најтрајната пудра од сите воопшто. За покривноста неам коментар, изедначува и покрива се (чак што више ја неам нешто премногу за покривање, ама одкоа се изначитав за пудрава едноставно морав да ја набавам). Феноменална е. Но.. околу трајноста.. не ми издржува на лице поише од 2 саати, а тука читав како ви трае дури и по 18 саати. Иако ми беше кажано дека ја регулира мрсната т-зона и не остава траги на допир, во мој случај не се покажа како таква. Претпоставувам дека фркава е до мојата кожа, дека уствари пудрава не одговара на мојава кожа, зошто друго логично објаснување немам. Е сеа, проблемов ми е, пошто не е ни малку ефтина за да ја остаам на страна и да набавувам нова, шо можам уз неа да користам ама да е некоја замена за камена пудра зашто на одредени делови ми го суши лицето и ми го перути, и со шо ќе можам да и ја продолжам трајноста.. ако воопшто е можно тоа...
Девојки некоја што во скоро време ја земала Cover me од Aura, да ми каже во кој ДМ ги има сите нијанси. Сакам да ја земам, па да знам во кој ДМ да одам. Само оваа недела имаат намаление на оваа пудра?
Девојки,некој да ми каже дали ја користел rimmel match perfection(570д. e во ДМ).девојче што беше претставник на римел на штандот ми кажа дека била многу добра(кожата ми е со пори,по некоја флека од бубулици,на челото ми е сува,а друтите делови нормална). Дали некоја ја користела и дали е задоволна од неа?
Јас ја зедов од Дм во Веро и мислам дека сите ги имаа, само многу им се темни некако, јас ја зедов најсветлата и очекував да е побела ама не .. Инаку убаво мириса, убаво покрива, јас имам сува кожа и ми одговара, ама мислам на тие со мрсна повеќе би им одговарала И да само оваа недела е намалувањето.
Јас имам проблем само со Т-зоната, на останатиот дел мислам дека ми е нормална кожата, па читав дека за ваков тип ќе одговара. Јас вака од слики што гледав 104 мислам дека ќе ми одговара. Ти кое бројче го имаш?
101 albaster . Според сликите јас мислев 102 ќе ми одговара зашто не сум многу бела ама ептен темна ми беше, дури и оваа најсветлава не е тоа тоа, затоа најубаво да си пробаш
Ја имам пудрава. Ќе ти одговара на типот на кожа бидејќи е за сува кожа пудрава, но е со ниска покривност, јас секогаш нанесувам по два слоја од неа за да добијам колку толку на покривност. И јас имам пори и пудрава воопшто не ги покрива и ако не се лажам со сите пудри на Римел е ова проблем. Има слаб избор на нијаси ако си бела можно е да ти бидат темни. Не е долготрајна, негде околу 4 до 5 часа, но добро можеби кај мене е така дека мојата кожа е комбинирана. Не е мат пудра туку дава сјаен изглед. Се на се ако претежно ти е чисто лицето и немаш којзнае колку за покривање изгледа многу убаво на лице. Мене оваа пудрава ми е поевтина варијанта на Лореал тру мач со тоа што сепак Лореал ми е подобра.
За мене Есте Лаудер-от има 2 маани: 1. не изгледа убаво навечер на слики и изгледам ко дух покрај тоа што нијансата мислам дека ми е скроз погодена па затоа ја носам само преку ден и 2. не ми го држи нешто особено мат лицето како што очекував ама па за тоа си најдов решение. За долготрајност (ова со некои други пудри) и мат изглед почнав да користам една техника што ја открив и гарантирам дека функционира со било која па можеш да пробаш, многу е едноставно. Нанесувам прво хидратантна крема, чекам да се впие и после тоа натапкувам прајмер воглавно на Т зоната и што ми остане по образите. Најбитниот дел: Пред да ја нанесам течната пудра ставам слој минерална или мат камена одоздола ама се фокусирам на деловите каде што светнувам и тек после тоа тенок слој на течна (ако некој има повеќе за покривање може и повеќе). Финиширам и фиксирам со уште еден слој мат камена и пудрата не ми мрда или светка на лице 8 часа минимум, загарантирано. Минералната пудра е подобра опција зошто не ги затнува порите и лицето има повеќе простор да дише ако ова се прави веќе секојдневно, ама за некои посебни прилики може да пројде и со камена. Кај мене и вака и така има супер ефект.
Значи чудно е како сето она што сме го сметале за погрешно всушност функционира совршено Да кажеш некому дека оваа постапка ја следиш ќе те загледа со чуден поглед во смисла wtf Всушност и на темава читав коментари во смисла као можете да нанесувате камена пудра преку крема се знае дека камена оди после течна а не директно на чисто лице, се добива cakey изглед ако нанесеш после неа течна, бла бла бла... А типов ми е омилен, професионален мејкап артист е, ако не се лажам и на Ким и беше личен шминкер, и мислам дека многуу многу пред другиве ги покажа техниките за контурирање
Не постои конкретна дефиниција повеќе што е правилно, а што не е - секој нека си тера како што најмногу му одговара се додека тоа изгледа убаво. Да ти кажам право и јас претходно верував дека камена никако не оди пред течна пудра и немаше шанси да пробам се додека не го видов ова. Goss ми е буквално master кога станува збор за шминкање, совети, препораки и слично. Сите туторијали му се кратки и цели дирекно, без празни муабети, лигавења и непотребни реклами. Јас го обожавам!
Која пудра е подобра? Се мислам меѓу овие две, прво да ја потрошам старата. Да не се за зрела кожа? Лицето ми е чисто, не ми е ниту суво, ниту мрсно.
Доколку имаш чисто лице тогаш земи некоја полесна пудра затоа што овие ти се тешки пудри и не се препорачливи за користење секојдневно.