Женски, при крај сум со камената пудра, па што ми препорачувате за мрсна т-зона, со нормално до сува кожа на другиот дел од лицето - Римел стеј мат, што сите а фалите и имам желба многу да ја пробам, или па некоја друга, во врска со камените пудри ич врска немам пошто на две години купувам, последна на Авон ја користев, океј беше, ама не ми ја регулираше маснотијата, т.е исто како без камена да сум, прелесна ми беше.
Значи мене не би ми одговарала,зошто ни лореал тру мач ми е како бб кремите.ништо ќе барам друга некоја.
Ја имам користено втората и е ПРЕдобра, и не не е тешка барем јас уопште не ја осеќав на лицето, покривна е и трајна е околу 8 часа и со мат финиш ама ако имаш мрсно лице милам дека ке ти треба плус камена пудра.
Devojki pomos,please! Za pudrava Luxe od Avon,koja od niv e svilenkasta a koja taa magicna??? I sto ke kazite za Natural glamure??? -П.С. ИЗРАЗОТ „МАГИЧНА“ ок, разбрав, ама за која од нијанските ја викате СВИЛЕНКАСТА?
Јас ја имам таа пудра (магичната Лукс). Многу е нежна, свиленкава, има убава текстура. Не е многу покривна (мислам дека е само за денски). Нијансите се пресветли, јас зедов дури за 2 нијанси потемна од вообичаената и ми е супер. Одлична е за кожа која не е мрсна. Трајна е, и има благ, речиси неосетлив мирис. Она што е негативно е што не е многу покривна за тие кои сакаат поголема покривност. И да ја погодат нијансата (значи пресветли им се дури и најтемните). Јас барав лесна пудра и ја земав на попуст. Иначе не вреди за парите.
Ја земав 104 некако најубаво таа ми одговараше, зошто другите ми беа мн светли, а 105 тераше накај розеникаво. Фала ти во секој случај
Ти благодарам за мислењето. Дали ќе можеш да ми препорачаш прајмер и минерална пудра, ти... или било кој друг тука кој шо е задоволен од одреден таков производ.. зошто ја освен пудра (течна и камена) ништо друго такво за лице не сум користела до сеа.
Од достапните пудри од ваков тип, кај нас убедливо најдобра е минералната пудра на Артдеко. Сето останато кое сум го имала и пробала не било ни малку слично на оваа пудра. Од прајмерите можеби има повеќе избор, но мене оние на Гош и Макс Фактор ми се супер.
Мишела дали мислиш на оваа минерална пудра од артдеко? Од секогаш сум сакала да ја пробам ама секогаш сум се откажувала на крај. Околу 1000 денари беше така? Ја користиш како замена за течна пудра? Како е со покривност и долготрајност?
Прајмери користам различни ама можам да ти го препорачам на Garnier или на Catrice ги има 2та во ДМ. Ако го најдеш на Essence уште подобро ама прочитав некаде дека е повлечен од продажба. За минерална пудра имам една на elf што ја користам (ја нарачав од iherb) ама и со камена има супер резултат, а кај нас барем тоа полесно се наоѓа: пример Stay Matte на Rimmel.
И јас имам оваа пудра, ја користам само во лето бидејќи кога е студено кожата ми е многу сува. Во лето ја користам над ББ крема или само врз подлога или крема за лице. Покривноста и е одлична, постојана е, лицето матирано и тенот изедначен, не изгледа вашташки ниту пак се познава некој брашнаст изглед, баш природно изгледа. Изборот на нијанси е одличен. Врз течна пудра дава перфектен изглед, јас немам проблеми со мастење на кожата па неможам да кажам колку го задржува мат ефектот, ама супер одговара и на посува кожа за финиш и фиксирање шминката односно на течната пудра или ББ кремата. Мене лицето ми го прави како фотошопирано иако немам што посебно да поркијам. Јас секогаш ја нанесувам со четка за нанесување пудра во прав, голема и пуфкаста, никако во сунѓерче затоа што така знае да се натапка само на едно место како дамка па да неможе да се размачка.
Фала mims-89 за одговорот. Кажи ми со каква четка ја нанесуваш? Јас имам вакви слични како на сликиве: Која би била подобра? Значи може да си ја користам минералната пудра и самостојно, но и врз ББ крема или пудра...супер Ќе се почастам една за нова година хаха.
@cocopuff јас ја имам оваа четка. Така да би ти рекла дека со првата четка ќе ти биде поубаво нанесувањето. Обично ваквите четки се специјално наменети за нанесување пудри во прав.
На блогот имам пишувано за минералната течна пудра на ингрид, и имам слика од сите нијанси еве линк http://rosee96.blogspot.com/2014/12/ingrid-mineral-foundation-review.html
Мислам дека станав досадна со постовите за пудра, ама ова ми е финалниот пост, коментар откако го купив и го испробав производот, таман да го заокружам процесот на двоумење, одлука, купување, и користење. Станува збор за Ревлон Колорстеј за комбинирана и масна кожа. Прво да кажам за мирисот- морам да се демантирам од претходниот пост. Не знам што ми мирисало убаво тогаш, ама дефинитивно не бил мирисот на пудрата. Меѓутоа, после мирисот на ББ кремата на Гарние, овој можам да го толерирам, а и онака брзо исчезнува. Почнав да ја нанесувам со прсти, ама некако не бев задоволна од покривноста, па продолжив со четката за течна пудра на Гош. Така покривноста многу се зголеми, ми покри и некои акнички и други ситни неправилности без да нанесам коректор. Лесно се нанесува, а треба некое време, можеби минута, две, за да се стабилизира. Исто така мислам дека во таа минута две, нијансата се менува малку, т.е. се прилагодува на тенот, не можам да го наречам тоа оксидирање, затоа што настанува само тогаш, а потоа нијансата е константна. Како што кажав, ја земав 220 и ептен ми одговара на тенот, воопшто не дели, ниту пак ме прави бледа. Е сега, јас мислев дека ќе добијам ептен мат изглед, без сјај, ама за тоа изгледа ќе треба да се набави Есте Лаудер . Но, не се жалам, далеку од тоа дека светев, туку се доби тој dewy look, некој свеж и здрав сјај. Јас не сум навикната да бидам само со течна пудра, ама овој пат оставив да видам колку ќе издржи така. Со тек на време сјајот се зголемуваше, ама пак ќе кажам, не беше мрсен сјај само на челото или на носот, и немав чувство дека ми се губи пудрата или дека ќе ми се „лизне„ од лицето, туку беше еден рамномерен и дискретен сјај. Земав тапкав малку со палома, и се собра сјајот, без да се отстрани пудрата. Пробав да видам и дали ќе се преслика, и имаше само минимално пресликување. После 5 часа не можев да издржам и нанесов камена пудра со помош на четка. Сјајот исчесна целосно, и нијансата стана уште поубава. Со камената пудра се пресликуваше, ама тоа беше всушност пресликување од камената, не од течната пудра. Така ја носев уште три часа, беше многу постојана, сјај почна малку да се појавува, ама сепак изгледаше доста пристојно. На крај ја извадив, читав дека се вади тешко, ама не ми изгледаше така, прво го поминав лицето со мицерална вода, па потоа со гел пилингот од Лореал, и на крај уште еднаш со мицерална да се уверам дека нема ништо, и немаше. Не ја осеќав тешка на лицето, напротив. Толку од мене сега за сега на оваа тема.
Се сеќавам малку поодамна Sexybaby86 бараше пудра за мајка и, се одлучи за Revlon Colorstay и изјави дека мајка и е задоволна. Всушност пудрава не е наменета стриктно за здрела кожа, се работи за оваа која е наменета за нормална/сува кожа . Мене дефинитивно ми е следна за купување.
Според мене подобра пудра за мрсна кожа со понормална цена од MАС нема. Не дека е ефтина, ама од друштвото на скапа про козметика, MАС е со најефтина цена, и со можеби најдобар квалитет. Подбар него Есте Лаудер, Ланком па мене повеќе ми се допаѓа и до Диор каков финиш дава за многу мрсно лице. Зборам за MAC Studio Fix Fluid и за MAC Pro Longwear. Втората е за нешто ситно поскапа, ама е подолготрајна, полесна и подобар финиш дава. Плус доаѓа со пумпица, првата нема пумпица, па требаат дополнително пари за пумпица да се дава, или да се мачи со четка за шминка за да буквално се брцка кога ќе дојде при крај. Fix Fluid за нијанса ми е помат, ама затоа и е доста погуста, ама па треба многу мала количина за да се покрие цело лице. Pro Longwear е потечна, полесна и ама со помала покривност. Дава поприроден изглед и навистина стои со часови. Околку 1500 денари се и двете што мислам дека за пудра што трае минимум 3 месеци е океј цена. Нарс и Боби Браун ми имаат фанастични пудри, подобри него на MAC, ама се и доста поскапи. Штета што кај нас ја нема, а во соседството е дупло поскапа него оригиналната цена. И на двете им давам 5 од 5 за издржливот, покривност и матирање. Цената само може да ја квари чистата 5ка зашто за наш џеб е малку прајси.