Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Имам комбинирана кожа со масна т-зона. Дали да ја земам Vichy dermablend или Catrice photofinish?
     
  2. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    10.710
    Пол:
    Женски
    Кое бројче е кај нас најсветла нијанса од Revlon?
     
  3. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Ајде и јас да напишам една кратка рецензија за пудрата на катрис,фото финиш.Имам комбинирана кожа,а пудрата совршено ми прилега.Бројчето е ко измислено за мене,не се познава многу како фасада да имаш ставено на лице,не се брише и стои се додека не ја извадам,но доколу разговарам на телефон останува на екранот од мобилниот па секогаш треба да внимавам во тој случај.Не покрива многу така да не би ја препорачала за лице кое би сакало да покрие црвенило,без употреба на коректор претходно.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Јас долго време се мислев дали да пишам, ама мене ефектот од Есте Лаудер ми е потполно ист со ефектот кој ми го дава Ревлон - истиот кој го опиша ти.
    Па кога ќе размислам, Ревлонот на крај ми испаѓа како ефтина варијанта на Е. Лаудер, така да, мислам дека ниту имаш потреба да се прашуваш што и како, терај со Ревлонот, па за понатаму - здравје. :D

    Јас ја пробав, кај нас немаше достапна нијанса што ми одговара - сите ми се или премногу жолти или премногу розови и темни, па онака колку да се каже, солидно ми одговара 1N1, ама најверојатно јас премногу очекував и се разочарав тотално. Барем не ми е жал, не се испуштив да дадам толку многу пари за на крај пак да не бидам задоволна.
    Мат ефект од цел ден ... ништо од бизнисот кај мене, 6-7 часа е рекордот, исто како со Ревлон. Па, не се малку пари да се дадат за пудра, останува да набавам уште пудра на MAC па да споредам и да видам што ќе ми одговара повеќе. :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Јас долги години не се откажувам од Севентинот, напанак што ми одговара, ради пумпицата. И во Америка се мислев дали да земам на Ревлон пудра, ама баш ради тоа што нема пумпица се откажав, а беше по 12 долари. Налет парите, нејќам да се шлакам, ова господска работа пумпичево.

    Сега ме предомислувате, веќе 5 години ставам Севентин Велвет, ама и Ревлонов ми изгледа баш фин.... Стајте му пумпица мајка му стара...:|
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    24.028
    Пол:
    Женски
    @Artemission, која нијанса ја користиш од Estèe?
    И јас го имам истиот проблем. 1N2 Ecru ми е совршена за преку ден, ама навечер со блиц ми е светла.
    Од друга страна кога ја имав 2C1 Pure Beige преку ден бев црвена во фацата, а на слики идеално изгледаше.
    И сега сум решена да ја купам и 2N1 Desert Beige за навечер. И онака со две пудри, да не претерам ама сигурно ќе терам една година.
    Инаку, трикот за камена+течна+камена ми е испробан баш од ова видео и ептен има ефект.
    Препорачувам на тие со мрсна кожа или мрсна T- зона.

    @cocopuff, ако сè уште не ти е купена минералната на Art Deco, истестирај ја убаво ако можеш, зашто ја купив пред година-две и одма ја подарив. Ужасна ми беше. Како крем за сува кожа да ставам, а не пудра во прав.
    На моето лице не издржуваше ни 5 мин. без да светне. Според мене, пудрава е повеќе за нормална/сува кожа. Ама ете, знам дека Мишела има исто мрсна кожа, па она тврди дека и одговара.
    Пробај си, види си.

    Прашање: Има ли кај нас од Revlon Colorstay нијанса 200 Nude, ама од таа за мрсна кожа? 180 и 220 знам дека ги има, ама за оваа не сум сигирна. Дури да ми стигне Estèe да си купам една за навечер.
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    @Doozy не е толку страшно без пумпица, а ако толку многу ти смета што е така, кажав во некој претходен пост дека прочитав одговарала пумпицата од зелените силиконски капки на Авон. Тоа е доста порачуван производ, па сигурно можеш да најдеш празна амбалажа од него. Ако го немаш ти, сигурно го има некој од твојата околина.

    @senza.parole ме стави сега во мисла за нијансата, речиси сум сигурна дека ја имаше број 200, ама кога ќе подразмислам ми се чини дека беше од тие за сува кожа.
    Провери во некоја од аптеките на Зегин.
    Убаво што спомна и за минералната од Артдеко, баш се мислев и неа да ја пробам понатаму, ама сега ќе подразмислам.
    А ја имаш ли користено минералната во прав од Алверде, таа е доста поевтина варијанта, околу 250 денари беше ако не се лажам.

    @Mishela значи нема да се најде за нас мат, ама навистина мат пудра а?

    Да не ми беше мрсна кожата, не верувам и дека ќе користев пудра, кога читам како некој се мачка со павловичева, или кога ја слушам една другарка која има сува кожа дека само од неа и омекнувала кожата и брзо и се впивала- ми текнува каква ми беше мене кога еднаш ставив од неа. Чинам три дена сјајев.
    Понекогаш сакам и јас да имам сува или нормална кожа, ама бргу ми поминува кога ќе ми текне дека и тие имат проблеми со лупење, лишаи и сл, и сфаќам дека секој тип си има посебни маки па така си се тешам.

    Ќе препорача ли некоја и камена или пудра во прав што не се пресликува?
     
    На Edie.S и Doozy им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.768
    Пол:
    Женски
    @sesilija не знам дали си ја пробала минералната пудра во прав на Alverde, но јас долго ја користев над течната пудра и мене ми беше одлична.
    Сестра ми па ја користеше само над крема за лице, инаку има нормална кожа и беше презадоволна од тоа како изгледаше.

    Не сум ја видела во скоро време во ДМ, но беше со фина цена, околу 250 ден. ако не се лажам.

    Еве и сликичка:
    [​IMG]
     
    На Mama25, Mishela и sesilija им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Марама, ти благодарам за одговорот- баш ја имав во предвид и истото ја прашав и Сенца, само не знам дали се пресликува, еве ти од искуство можеш да кажеш, тоа ми е доста важно.

    И редактирам за да кажам дека во рецензијата сум пишала Римел место Ревлон.
    Добив лп со прашање која е таа пудра, па за да нема забуни да кажам дека несвесно сум згрешила.
    Го пријавив тоа кај модераторите, се надевам дека ќе коригираат.
     
    Последна измена: 10 декември 2014
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.768
    Пол:
    Женски
    Сеси јас не забележав дека се пресликува, а имам навика да се проверувам со задниот дел од дланката до каде е состојбата на лицето.
    Сестра ми знам беше задоволна, не оставало траги на гардеробата на дечко и, па и тоа е добар плус. :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    24.028
    Пол:
    Женски
    @sesilija, ја немам пробано таа на Алверде, ама ако викате оти вреди, ќе ја земам за тие пари.
    И мене се ми се чини дека кај нас ја нема 200-ката на Ревлон за мрсна. Мислам дека тоа бројче го има само за сува.
    Инаку, порано низ темава се коментираше дека пудрите на Ревлон кои ги имало во Зегин биле од друг увозник од тие од Космо, и плус се примеќало на квалитет.
    Јас пред две години ја користев Ревлонот, ама стално од Космо ја купував затоа не можам да кажам дали има разлика.
    Ако некој знае нешто за ова, нека пише.
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Кога разгледував производи од Субрина, на нивната страна видов дека имаат и дел Ревлон и дојдов до заклучок дека се застапници на Ревлон за овие поранешни ЈУ простори. Еве можеш да видиш http://www.ilirija.si/en/
    Баш на декларацијата ги пишува нив (Илирија Љубљана) како извозник.
    А можеби се приметувало различен квалитет оти нели во тоа време ја смениле Ревлон формулата, го зголемиле СПФ факторот и некои други карактеристики, па веројатно некои имале од новата, а некои од старата верзија, па затоа настанале недоразбирањата.

    Сепак мислам дека имаше и нијанса 200, вака кога се навраќам, знам правев споредби на тие три нијанси, ама кога купував во Зегин таа што ја видов беше за сува кожа. Секако треба да се провери, можеби во тој момент ја немале во таа аптека.

    Алверде се две нијанси, една за светол тен, една би рекла за среден, ама и јас мислам дека во последно време ги нема, а за таа цена сум спремна да ризикувам и да ја купам.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам пудрата во прав од Алведере, мене не ми е ништо посебно. Добро де за 200 и нешто денари не очекувам и некоја којзнае каква покривност, ама според мене беше лош избор. Дали беше до погрешниата нијанса, ама многу лошо изгледаше кога ќе ја нанесев над течната. Мислам дека оксидира, ако се сеќавам добро многу одамна ја немам користено.
    И таа на Аура знам дека ми беше голема утка, доста беше фалена тука па и економична е,ама јас како морков бев во лицето кога ќе ја ставев.
    Ден денес немам најдено соодветна пудра во прав, имам една престара од Максфактор што ми одговараше, ама којзнае дали ја има сега и каков и е составот, Максфактор знаат доста да менуваат состав па и квалитет. Повеќе од 2 години ја имам, ептен при крај ми е, па и рокот сигурно и е изминат.
    Убаво ме потсетивте да побарам пудра во прав, дефинитивно тоа ми фали.
    Додуша и чеката игра доста голема улога не само пудрата, со добра четка е потребно малку пудра во прав да се распредели на целото лице правилно.
    Мали, слатки маки, ама маки со тоа пудрите налет веќе.


    Реално гледано сите на некој начин се отсликуваат на облека, посебно на бела кошула нема шанси да не се избрише малку при пресоблекување и да не се извалка облеката. Може на нежен допир не, ама сепак на малку подолг контакт се остава трага.
    Сум читала коментари дека пудри на МАС и на Диор не се пресликувале, нема врска, оставаат на облека исто како и ефтините или како ги викаат drugstore козметика, испробано.
     
    Последна измена: 10 декември 2014
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    @Hipster баш тоа си мислев сега, што ми направи овој дождов, тотално ми го уби расположението- еве 3ипол минува, а јас од што ми е толку досадно дојдов до фаза да напишам еден куп постови за пудри, што е тотално несвојствено за мене.

    Интернетот не' побудале веќе: контурирање, хајлајтери, коректори разни, пудра во стик, пудра во прав, камена, течна, мус пудра, прајмери, разни фиксатори- човек да се шашардиса.

    Веќе мислам дека одиме во друга крајност, посебно откако излегоа видеата со контурирање, многу девојки ми наликуваат една на друга. Можеби е убава оваа шминка за посебни прилики или за навечер, ама сред бел ден со две темни или златни линии долж носот и под јаболчниците, дефинитивно не е убаво да се шета.
    Верувам е така бидејќи наутро никој нема толку време нити е расонет за долго и прецизно блендање, ама на крај на краиштата дали е воопшто потребна целата таа фасада?

    И во право си, дефинитивно се ова маки, ако не беа немаше темата да има толку страници.
     
    Последна измена: 10 декември 2014
    На sparklie, SV1911, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    ^Баш и јас си го мислев ова пред некој ден. Пред три години имав само течна пудра, сега ставам основа, течна пудра, коректор, камена пудра, бронзер, руж, транспарентен прав, а сега најново имам и хајлајтер и фиксатор. Не се шминкам секојдневно, највеќе внимание си посветувам навечер, но секогаш ги нанесувам сите овие работи. Можеби претерувам.

    На темата, и јас како Doozy бев верна на Seventeen и скоро три години ја користев Natural Velvet. Кога излезе Matt Plus, се префрлив на таа. Но затоа што Seventeen немаше во Америка, таму земав Revlon ColorStay и веќе трошам второ шишенце. Не ми го пресушува лицето, што беше случајот со Matt Plus на Seventeen, многу поприродно изгледа, и може постепено слоевито да се надоградува. Цената во Америка беше нешто пониска, но јас си купив 2 шишенца од таму што ќе ме држат уште најмалку 6 месеци. Затоа што бев презадоволна од пудрата, ги зедов и течниот коректор и камената пудра од ColorStay, комбинираниот ефект од трите е совршен!
     
    На sesilija, anuskaNESTLE, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.650
    Допаѓања:
    106.689
    Пол:
    Женски
    И јас да се умешам во врска со пудрава на Estee Lauder Double wear :hai:
    Јас ја имам нијансата 2c3 fresco и веќе двапати по ред ја купувам истата нијанса бидејки првиот пат така ми ја понуди продавачката , а вториот пат бидејки немаше посветла никаде во мојов град (n)
    сега често ја користам на Benefit hello flawless , нијансата е I am pure 4 sure (ivory) и ми се супер погодена , значи оваа на есте влече по накај розево а мене ми треба светла нијанса малку накај жолто. Еве на сликата моиже да видите , првата е мојата нијанса на сликата од пудрава Бенефит. И многу многу ми се допаѓа што е за мрсно лице а не е мат дава некој убав сјај на лицето и те прави поодморен посвеж (само мора да се нанесе прајмер пред пудрава и потоа да се стави и камена одозгора) :D
    [​IMG]
    [​IMG]

    Е сега понекогаш оваа пудра ја мешам со оваа на Есте зашто продавачаката ми рече дека ептен ми го прави лицето розево портокалово што не изгледа убаво а неможам да не ја потрошам :doh: па би сакала нешто друго да понудите да е како оваа боја првата на сликата некоја таква пудра и потрајна по можност , може ли од Vichy да се најде таква боичка зашто гледам многу ги фалите пудриве? :?:
     
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми некоја течна пудра до 250 денари. Одамна си имам проблеми со пудрите и не можам да ја најдам соодветната за мојата кожа. Или ми ја прават сува или многу мрсна кожата.
    Немам потреба од голема покривност, онака ептен лесна пудра да ја хидрира кожата малку. :)
     
  18. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Бидејќи сум на работа не можам да ја проверам точно нијансата, знам дека беше 2C1 ама ме збуни со ова Pure Beige бидејќи не ми звучеше познато и пребарав по мислењата кај што сум пишала за мојата и гледам дека дефинитивно е 2C1 ама Pale Almond :?: Не знам што прават со нијансиве, дали се исти и само менуваат имиња, ама дефинитивно почнуваат веќе да ме бунат.
    Мене оваа преку ден ми е ОК, малку е розеникава но откако ќе ја фиксирам со камена изгледа сосема во ред ама за навечер повеќе не ја носам, бела сум ко дух на слики. Не е до камената пудра дефинитивно зошто имам пробано со различни и изгледа исто. Мислам дека е до мене и дека сум ја утнала нијансата при купување зошто ми треба некоја со жолт подтон како на пример 2W1 Sand или 3W1 Tawny за преку лето.


    [​IMG]
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975

    Секој си знае финансии, нејќам да се правам паметна, ама ништо чудно од несоодветни пудри да ти станува таква. Реално, добра пудра до 250 денари не ми текнува, можеби некоја на Есенс или Аура ако откопаш, ама колку се добри не знам. Гледам девојките ја фалат на Катрис Фотофиниш, ама и таа мислам е поскапа од ценава, околу 300-400 денари.

    Мој совет, до тебе, а и до сите, скратете си едно испаѓање и инвестирајте си во добра пудра. Устава мислам пења ми има фатено од ова, ми се дига косата кога гледам со Импала како се шлакаат. Стај на тоа цигари, чад, прашина, нередовно чистење, за 20 години црно ќе ви стане. Лицето памти, мора да го негувате соодветно...

    А во врска со претерувањето, и јас така се имам фатено како ставам триста чуда на лицето, и кога сум во ДМ се фаќам за триста работи. Сум за одржувано лице ама стварно ако се занесе човек лесно може да претера. И еднаш решив доста е, се знае, инвестираш во некое добро млеко за чистење, лосион и крема, си ги користиш секојдневно и не мораш да користиш бази под пудрото. За коректор и камена одозгора, јебига, шта је, ту је, ама после нив оди само ружот. Стоп за другите, се шминкам секој ден, стварно е глупаво да си сенчан и боен во 15ч во градски автобус.

    И баш ко за инат деновиве лицето ми е ужас, и тоа само на левата страна во линијата кај што го држам телефонот. Дојдов до некој заклучок дека ради тоа што го штракам цело време со секакви раци, оп зборуј на телефон, оп почешај се, оп на лицето залепен.. Ајде после брунки, епа рог ќе ми никне. Ова офтопик колку да се пожалам де :D
     
    На sparklie, SV1911, anuskaNESTLE и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Женски јас мислам дека сами сме си криви за тоа.
    Константно висиме на нет и само копаме по некои као квалитетни рецензии за пудри, манијачиме туторијали на јутуб и каде се не, и подсвесно се труеме со козметикава и трошиме време. Ај времето па и џебот си го празниме, некогаш мислам безпотребно. На девојќите им е тоа работа, да рекламираат на нет, знаејќи дека жени како нас будно ги следат и ќе купуваат. Имам драстично намалено со гледање на туторијали, зашто и повеќе од свесна сум дека тие ги добиваат тие производи гратис, или па добивааат парична награда од соодветните компании.

    Јас сакам да се шминкам и се шминкам секојдневно, речиси, но имаме ли потреба од 3 течни пудри, 2 во прав, 2 камени, два три вида на коректори, хајлејтери, бронзери и што не. Реално немаме, никоја од нас не е позната ѕвезда па нема потреба од секојдневно шлапање за да изгледа беспрекорно зашто од тоа и зависи работата/животот. Убаво рече Сеси, океј е да е шминкаме така за псоебни прилики, ајде еве за вечени искачања, ама за секој ден мислам дека нема потреба.

    Туку џабе зборам, кога еден добар процент од моите мачно заработени пари летово ги фрлив на козметика, се чувстувам лицемерно пишувајќи го ова. Ама сум со надеж дека навистина ќе се свестам дека треба да престанам да читам и да купувам пудри за секоја позитивна критика што ќе ја видам.
    Зашто едноставно немам толку потреба од нив, само ги складирам, или ќе ги почнам сите и со тоа им поминува рокот.
    Али најглупавото од се е што живееме у држвава која има ужасен пазар, купуваме продукти со двојно ако не и тројно поскапи цени, често со рок пред истекување или оштетена роба, која кај нас ја прикрпуваат па ни ја продаваат како бренд њу. Па затоа се тешам дека постојано менување на пудри и не е така погрешен чекор, со тоа што немаме производи со константен квалитет. Али само се тешам...
    Вајда не забегавме премногу оф, али реалано околу темата за пудри сме:)
     
    На Mimi123, sparklie, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.