Препорачајте ми пудра со фото финиш , ама да има ист ефект на покривност како есте лаудер максимум кавер , значи се живо да покрива и личен опис да мења Максимум каверот е препрепрепрекрасна во живо и ми е најпогодена до сега најприродно изгледа а толку многу покрива , ама на слики криминално изгледам , затоа што има спф како дух сум на слики со блиц па решив преку ден да ја користам а за викенд , навечер некоја со фото финиш да пробам , јас и не сакам многу да се сликам ама да имам некоја за такви настани кога е неизбежно сликањето со блиц Цената и брендот не се битни само да покрива одлично како оваа на есте.
Оваа ја имаш пробано? Ја имам јас, на сува кожа ми одговара, само што претходно треба да нанесам помрсна крема, па подлога, за да ми легне убаво. Исто така ја користам само за поважни прилики. Покривноста и е одлична сепак јас немам многу за покривање, можеби затоа ја класифицирам како одлична. Само да знаеш дека има некои светликави честички, а кога ќе ја нанесам на лице не се познаваат дури и како матирано ми изгледа лицето. И покрај факторот на слики има одличен изглед, баш како фотошопирано. Затоа мене не ми е јасно што викате дека сте бледи заради факторот, јас со ниедна пудра не сум го имала тој проблем, па дури ни со транслуцентните во прав... Цената и е околу 1500 во Космо, јас пред една година ја имам земено.
Благорадам многу, ќе ја побарам да пробам тестер , инаку јас имам ревлон колорстеј исто , тука да не се некаде со покривноста ? Инаку за факторот да , баш имам споредено слика со блиц и без блиц , заради зачувување на приватноста не можам да постирам ама разликата е ОГРОМНА. Значи без блиц на слики и снимки изгледа совршено ама со блиц буквално како духче сум. А за транслусцентните имаше видео една девојка на снимката каква и додека се снимаше и се сликна со блиц и јасно се гледаа потезите под очите од тарнслусцентната пудра. Е сега не знам зошто ти немаш таков проблем ама имаш голема среќа и радувај се ич не прашувај Инаку и јас немам акни на лицето ниту некои флеки , малку подочњаци имам и проширени пори. И тешките покривни пудри ми го изназнуваат лицето и не се познаваат ниту порите, затоа сакам максимално покривна
Колку пари е Ревлoнот? 1500 денари?Цццц.... срамота, оригинална цена не му е поише од 13 долари, може и за поефтино да се најде. Чисти информативно да си знаете, ако можете да си набивите од некаде на друго место, не знам за вас мене срце ме боли кога гледам како не дерат како овци.
@LaraSolare малку им е различна структурата со КолорСтеј, оваа е попокривна и подолготрајна. Уствари да не те излажам јас ти зборам за КолорСтеј за нормална/сува кожа, неможам да ти ја споредам со таа за комбинирана/мрсна кожа затоа што ја немам пробано. Има тестери во Космо, мислам дека само 4 или 5 нијанси имаат ама супер се нијансите. Ај ќе постирам слика пред и потоа утре.
За сите оние кои прашаа или ги интересирало - денеска наминав во Шатци во ГТЦ и девојката ми кажа дека ја нема понудата. Ми понуди еден друг сет со макара, пудра, сенки, камена пудра или руменило, за 1900 денари што можеби е исплатливо но со некоја поекслузивна фирма. И не е така скапо со оглед на тоа колку производи имаше, ама мене не ми е по ќеиф. Инаку, не знам од кога им е објавено тоа, можеби било неажурирано или пак се испотрошиле, ма да не ми се верува, можеби во моментот немале на залиха во таа Шатци. Да си знаете ако сакавте да го земете, да побарате на друго место.
Кој ќе им го најде крајот, очигледно имаат проблем во комуникацијата. Еве направив принтскрин, понудата им е објавена на 13ти, а и вчера коменирале за производот, што значи дека ги има, ама прашање е во која нивна парфимерија. Ме нервира вака кога се прави, ако го нема секаде напиши каде го има, а не некој да се малтретира беспотребно.
Ама битно се пофалиле дека по цена на пудрата се добива целиот сет. Шо има врска, лапај си. Ете, знаев дека проблемот е кај нив, а не кај објавата. Во Центар и Сити Мол можеби има, мене не ми е потребно, но ете некоја да не се матка за џабе низ ГТЦ. А и луѓево, не можам значи. Кај што убаво напишале кое колку чини заедно со конечната цена на крај, пак ќе се најде некој и ќе се избаци со коментар „ CENA ???“ под сликата.
Епа Мишела, кога во иднина некој ќе те извади од такт и ќе се запрашаш дали е до тебе проблемот, нека ти текне дека е од оваа категорија што прашува бесмислени прањата и ќе ти олесни. Имаше скоро една таква во групите за студентски стипендии, прашуваше како се пресметувал просекот, ја прашаа дали е озбилна и рече да. Е со тие го делиме и онака никаквиот воздух.
А одговорот не им се мисли на тоа дека реалната цена на сјајот и тоа за отстранување шминка е таа, ама ако се купи пудрата за 850 се добиваат тие бесплатно? Во смисла да сакаат да кажат дека производи со тие цени се добиваат подарок? Инаку за групата кога веќе спомена сесилија немам коментар Уште кога видов каков сериозен одговор доби како да пресмета просек
И Шатци малку забегале со цените, затоа ништо не купувам од таму. Пудрата секаде чини 770 и некој ситен денар, сјајчињата никогаш не чинеле 660 туку 540, а средството за отстранување шминка од очи е околу 250-300 денари. Влезете на било кое друго место и ќе видите. Па барем нека си останат за тоа дека цената на целиот сет е 840 денари, а не да лажат вака со накачени цени.
Ја имам користено DERMABLEND и со еден збор можам да кажам СОВРШЕНСТВО. Инаку и јас имам комбинирана кожа.
Како што реков вчера, да ставам слика пред и потоа. Пред: Потоа: Морам да напоменам дека на брзинка ставив само за да се сликам. Како што може да приметите се познаваат светкавите честички, јас фиксирам и со камена па ги неутрализирам и не се познаваат. Станува збор за оваа пудра: И нијансата е таа.
Дали одговара за нормална, накај сува кожа и колку чини? Не знам каде да ја најдам, освен во Шатци, во Битола??
Прашуваш за оваа на Ревлон што ја поставив? Ако да, да одговара. За сите типови на кожа е. Само јас не би ти ја препорачала за секој ден ако немаш многу за покривање на лицето. Јас ја користам само за посебни прилики бидејќи ми е тешка за секој ден. Чини 1500 денари, треба да ја има во Шатци. Во Скопје ја има.
Можеш да провериш и во Меркур, мислам дека ја подвидов - секој понеделник имаат 10% попуст на пудри, а има плус и новогодишен попуст, па провери си.
Мислам дека во Шатци нема ништо од Ревлон, а во Меркур ги имаат само обичните Колорстеј и тоа поскапи се отколку во Зегин...