Се моли @Mishela да ја постира странската ( мислам дека на англиски беше) страна каде што можеше да се внесат сите пудри ( нијанси и марки) и сајтот да ти даде одговор која нијанса од некоја нова пудра ќе ти одговара на основа на внесените Ја пребарав сто пати темава и никако да го најдам тој пост, а премногу ми помагаше. Го имав зачувано и во букмаркс ( ваљда така се викаше ) ама кога ми го форматираа компјутерот се ми се избришало. Инаку мимс пудрава сега брзо ли ја зема? Јас уште одамна можеби и година дена има, ја гледав по туторијали на нет и премногу ми се допадна ефектот кој го даваше и ја најдов само во космо, ама тогаш цената беше околу 850 денари, многу добро се сеќавам затоа што знам дека беше малку само поскапа од онаа колорстеј. До толку ли ја зголемиле цената?
findation.com е сајтот, понекогаш ептен ми се наоѓал, ама ги нема сите пудри. Барем јас некои кои сум ги користела не успеав да ги најдам (на пример ЦЦ кремата на Боржуа). Онака дава некоја приближна нијанса, ама не се држете строго до таа која ќе ви ја извади, мене на пример нијансата на Есте Лаудер која ми ја дава, не ми одговара. Истото важи и за Лореал тру меч. Сите други ми се совпаднале.
@simoncelicius па скоро пред година дена ја имам купено, се мислам ко Јануари, Февруари да беше оваа година кога ја купив. За цената сигурна сум дека беше таа затоа што бев тргната по друга пудра која беше поскапа, а неможев да најдам нијанса и си ја земав оваа. Знаеш што е најтрагично што ми падна на плочки дома многу брзо одкако ја купив и се скрши шишенцето, среќа што поголемиот дел успеав да го соберам во едно кутивче, а ми нема оксидирано ниту ми се згуснала или исушила од тогаш. Можеби им била на попуст кога си ја видела за 850 денари, не е можно до толку да ја поскапат...
Примамлива акција во Космо. Пудрата мислам дека беше за мрсна кожа, лично не сум ја пробала ама руменилата им се предобри и лаковите исто. Ако некој си ја користи пудрава ќе му се исплати понудава.
Пудрата не е за мрсна кожа во никој случај, јас пре би рекла дека најмногу би одговарала на нормална и можеби на комбинирана, ама и тоа е знак прашалник - зависи од кожата. За мрсна не е дефинитивно, ниту со камена не ми се спаструваше лицето, светев после неполн час дури и во зима, кога лицето не ми е толку мрсно. Специјално за мрсна кожа е наменета онаа Seventeen MATT+. A руменилата се и повеќе од одлични, посебно тоа розевото (01 Pale Rose), ол тајм фејворит ми е, ама штета за пудрата.
Јас имам комбинирана, благо замрсена т-зона и други троа нормално-суви делови, зависи од времето, пудрава ми е топ. Не ми прави лишаи кога е ладно, што ми е многу битно. Дали дека нијансата ми е погодена, не знам, ама еве 4-5 години може ја користам и немам ставено друга пудра освен ББ-крема на Гарниер од која што ми никнаа кратерски акни што одвај ги тргнав. Може на носето по 5-6 часа да светнам, ама шта је ту је, со паломче ако се истапкаш се трга тоа, ништо страшно. Од кожа до кожа е изгледа, сепак.
Па супер си ти Дузи, штом издржуваш до 6 часа. Еве јас одвај еден час, што е вистинска штета. Пудрата мириса преубаво и веднаш си најдов соодветна нијанса. Ама ете, не може и овце и новце наеднаш.
Па да ти кажам некогаш ме фаќа иштав да сменам, редовно си читкарам по темава. После си викам, тимот што победува не се менува, седи си мадро. Ми одговара со цена, со нијанса, погодена ми е на тенот, што повеќе. Навечер па никогаш не ми се случило да светнам, како испаднам така си идам, денски ко што реков ете, се преживува. А да ви кажам, некна кога бев на шминкање, шминкерката ми употреби некоја теинтшминке, така пишуваше на кутичето, беше германско. Не беше ни пудра, ни коректор, ни помада, нешто ко сите три заедно. Немате поима краен резултат, ти ја влажни кожата, не ја осеќаш затегнато, покрива, абре точка не ми се познаваше. Е светнав ама долго чекав со шминката, повеќе од 6 часа, што сепак и на крај не беше голем проблем оти се истапкав и го снема сјајот. Досега немам видено нешто вакво, ми рече и ги носеле, немало кај нас такви. Ако некој знае за што станува збор, може да сподели. Пробав да гуглам, ко што гледам едно кутиче по 40тина евра е, многу бре мајка му.
Кога читам вакви искуства, дека некоја не сменила пудра со години, си велам - блазе си ти. Јас заборавив како изгледа тоа, да користиш една иста пудра макар година дена. Тоа немам „доживеано“ од трета средно. И после толку сменети пудри, креми, прајмери, пудри во прав и така натаму и така натаму, дојдов до заклучок дека кожата ми е таква и дека едноставно морам да си ги прилагодувам продуктите спрема потребите, кои се и те како различни ете кога е постудено и кога температурите се високи. И Ревлонот си ја спакував да ми стои за до пролет, моментално сум на друга пудра и чувствувам голема разлика - лицето ми е посвежо, дури и челото заедно со сувите делови не ги чувствувам затегнати. Од утре ќе сменам и крема, па убедена сум дека ситуацијата ќе биде подобра, ама до кога - не знам.
На @Doozy и е комбинирана, а мене и тебе @Mishela ни е мрсна, не само на т-зоната, и на образите и на брадата, уопшто немаме суви делови на лицето. Барем јас така имам сватено од тоа што имаш пишувано. Затоа има комбинирана и мрсна, комбинирана е само кога свети т-зоната, што е понормално, т.е да се изразам подобро почесто. Мене ми една пудра на севентин не ми одговара зашто со сите брзо засветувам. Со таа Мат++ не толку брзо ама сепак не е нешто посебно, а штета имаше добра нијанса. Ретко кој има фул мрсна кожа, она мрсна кога ќе ставиш нормална најлесна ноќна крема навечер и сабајле се будиш ко сијалици да си вечерал, е така мрсна. Јас се навикнав веќе, горе доле си го знам лицето и не може ни една пудра да трае поише од 6 часа она без да мрдне. 6 часа е одлично, но потоа треба малку фиксирање на секоја пудра, посебно во лето. Мене ме нервираат пудри што засветуваат одма, на саат-два од нивното ставање, а се прокламираат како пудри за мрсна кожа. Добри пудри за мрсна кожа се мусовите, зашто се лесни и брзо се впиваат. Ако е многу густа или пак претечна нема убаво да се впие и останува на површина. Затоа е многу тешко да се најде добра пудра што не свети а доста покрива само со еден слој или само со течна. Да не речам невозможно. Среќа па имаме чисти лица. Секој со свои маки би рекла
Таква ми е кожата @Hipster , добро си ме разбрала преку постовите, ама ете почна да забушава годинава, кај тебе ситуацијата не знам каква е. Мене обично и деловите кај слепоочниците ми се мрсат квалитетно, ама ете моментално челото не ми е воопшто мрсно, образите исто, а останатите делови се стандард како и секогаш, одвај се средуваат дури и со крема наменета за мрсна кожа. Мислам, штом L'Oreal matt magique ми е одлична ... што да кажам повеќе.
Отидов во Космо Тинекс со намера да ја купам Буржоа 123 или Макс Фактор 3 in 1 течната пудра. Ми се натури една продавачка, и почна да ме убедува дека тие пудри не одговараат на мојата кожа...бла бла бла... и ми ја предложи Менхетен матт за комбинирана кожа. Ај ја пробав и некако ме убеди да ја купам, плус беше и дупло поевтина од тие што имав намера да ги пробам и купам. Да си кажам за пудрава едно големо НЕ од мене. Небаре паштета сум ставила на моето лице, таква структура има. Добра покривност има, но на моето лице после два часа како да ја нема( без камена пудра). Памет за друг пат, да не слушам продавачки. Барам некоја течна солидна пудра за преку ден, за мојата комбинирана кожа. Па би сакала да ве прашам девојки, дали некоја ја користи Catrice all matt plus... да не фрлам пак пари за џабе?
Девојки многу ми ја фалеа новата на L'oreal,на работа сите околу мене девојки и жени ја земаа и презадоволни се.Ај да не фрлам пари за џабе оти не е баш ефтинка околу 850 ден.е да ми кажете искуство?инаку кожата ми е нормална накај мрсна,со мрсна Т-зона.Значи не сакам мат ефект,да не е тешка оти по максимум 7саати сум со пудра (нормално сао за работа ) Поздрав....
Јас за оваа пудра читав доста рецензии и повеќето беа дека е за сува кожа.Така да не знам дали би ти одговарала. Инаку моментално е на намаление скоро секаде, во Космо, Еликсир мислам и Шатци. До пред некое време беше и во Дм. Цената и е околу 600 и нешто денари.
Јас ја користев и бев задоволна,покривна е (не како Ревлон,бидејќи според мене таа е најпокривна и најтешка), не е претешка ама јас бев задоволна од покривноста.
Како и за true match така и за оваа имам читано дека некои ја користат на сува кожа некои пак им одговара и на мрсна. Баш прееска гледав една грчка јутјуберка ккао ја фали пудрава ,а има мрсна кожа. Да си пробаш на тестер е најдобро зашто изгледа зависи од кожа на кожа. Јас планирам оваа Loreal true match да ја земам зашто и нијансите најдобро би ми одговарале на моево лице па ќе видиме колку ќе е трајна
И оваа ја користев,на почетокот бев презадоволна , но после две недели почна да ми потемнува многу и ми остана скоро повеќе од половина.
Да не е за зрела кожа? Имам чисто лице и затоа не сакам да земам некоја тешка пудра. Ќе ја купам деновиве најверојатно. Фала.