Фала ви. На крај краева можеби Loreal Infallible ќе ја земам , таа единствено нема парабени. Ќе ја пробам секако на тестер незнам како е со нијансите
А постои воопшто пудра што нема парабрени во неа? Јас мислам дека не,колку и да негираат и да не е пишано во составот дека нема парабрени,сепак мислам дека има.
Незнам да ти кажам еве на оваа погоре од Лореал не пишува дека има. И на Есте ,Буржуа и Бенефит исто ,зборувам за тие што сум ги користела. Мислам дека мора да се пише што точно содржи секој производ
@Anna-Banana околу 700 денари е, за сите воздрасти е. По структура е лесна и лесно се размачкува. Јас само сметам дека на мрсна кожа нема да одговара затоа што не е мат. Мене ми е послична до ББ кремите одколку до пудрите. Покривноста и е онака средна, поголеми несовршености не би покрила. Природно изгледа на лице и има убав избор на нијанси. Само дека се работи за природна козметика која нема додаток на вештачки мириси може да ви мириса непријатно. Лично јас го обожавам тој природен мирис ко на билки и не ми смета воопшто. Ја имаш во ДМ, Космо, по аптекиве мислам дека ја имаше... Пробај си, има тестери може ќе ти се допаднат. Јас незнам колку пати ги имам пофалено производите Лавера низ форумов.
Ја користам со години и сум презадоволна од ефектите. Има многу лесна текстура, одлична е за размачкување (и со прсти и со четка), а воедно нема тежок, нападен изглед кога се аплицира на кожата. За мене е незаменлива.
Јас користев ваква во средно, ама со тегет капаче. Знаеш ли дали станува збор за истата камена пудра? Деновиве треба да купам, па се мислам дали да ја земам оваа.
@barbiegirl.24 не знам дали станува збор за истата пудра, ја немам користено таа што ја спомна ти. Но, сеедно, ти ја препорачувам оваа.
Вчера бев во потрага по пудра,планирав да ја земам на Римел матот во комбинација со камената пудра од истата линија и низ цел град манијачки ја барав, а кога ја најдов воопшто не ми се допадна.Ја пробав и на раката и на вратот, ама ми се виде ужас, не се размачкува убаво, премногу тешка, а кај мене овој период кожата на образите ми се нормализира само т-зоната ми е критична и ми светнува,така да кожата ми е комбинирана, а не мрсна, па решив да не ја апла задушувам со такви тешки пудри. Продавачката ми нудеше една пудра од Флормар мат да ја пробам , океј ми се виде како солидна и убаво ми лежеше, ама јас си имав увртено во главата да си земам пудра на Римел оти немам пробано ништо од овој бренд , а доста е фален тука по темите и по нејзина препорака ја земав Match Perfection .Убаво ми легна , средно покривна и дава природен изглед на лицето што ми е најбитно.Има spf 18. Дома пак ја ставив само за проба, буквално на слепо ја купив пудрата, немав гледано никакви ривјус за неа на јутуб само не знам како ќе издржи на подолг период, ама ако нешто е критично ја купив и камената пудра на Римел мат.
@Salome Течна пудра од брендот Rimmel не сум користела. Но, единствена камена пудра што долго време ја употребувам е пудрата Stay matte од Rimmel.Имам нормална до комбинирана кожа со масна т-зона и сум презадоволна од оваа пудра. Создава мат-ефект со природен изглед и има добра трајност. Се надевам дека не си погрешила во изборот затоа што и јас го имам истиот проблем со т-зоната.
Камената пудра тргнав со намера да ја купам, доста е фалена овде по темите, а и од блогерките на јутуб така да за неа немам сомнеж.Оваа течната некако на тепка ја зедов, јас тргнав по друга пудра, поточно Римел матот ама не ми се допадна и ја земав оваа.Бев решена да купам пудра од Римел и продавачката ми ја посочи Match Perfection.Дома ја пробав, убаво ми изгледа на лицето, средно покривна е може и преку ден да се носи самостално, а за навечер во комбинација со камената.Пишува дека има Smart Tone технологија која се прилагодува на лицето.Сигурно и на твојата нормална кожа ќе одговара, така да ако планираш да земеш пудра од Римел пробај ја и оваа.Јас планирам да ја тестирам на подолг временски период како ќе издржи за навечер, па пак ќе пишам во темата да споделам впечатоци.Се надевам дека ќе ти помогнам
@Salome Јас имам светол тен, па ме интересира која е најсветлата нијанса од пудрата. Очекувам да споделиш впечатоци.
@poenta Мислам дека Light Porcelain010 им е најсветла, еве: Мојата е Classic Beige250.Ќе пишам утре-други ден во темава како сум задоволна од пудрава.Во меѓувреме ако не ти се чека ѕирни и јутуб има ривјус за пудрава, гледам ја фалат.
Женски дај препорачајте ми некоја пудра шо стварно е ефектна.. Вака имам сува кожа на мои 16 години ко ми е периодот имам акнииии не битно то .. Не се шминкам мн и не ставам скапи пудри користам малена веруме од орф. и нон стоп ми се лупи кожата на ноосот кога ставам од истите. Ставам пудра само кога излегувам помогнете мииии ве молам..
Направи благ пилинг на лицето за да ги отстраниш мртвите клетки и да ја измазниш кожата.Стави крема за лице и потоа пудра.Проблемот можеби не е во пудрата ,туку во претходната подготовка на кожата.
Пробај ја CC кремата на Max Factor, мислам дека ќе ти одговара на кожата и мене ми е многу сува периодов и со CC кремата убаво изгледа лицето