@poenta нели ти ветив дека ќе ти кажам впечаток за пудрата на Римел, многу лесно се нанесува, јас ја нанесувам со сунѓерче и многу убаво ми легна на лицето многу природен изглед дава.Доста солидна покривност има, да речам средна, ама на мене убаво ми покрива оти немам нешто многу за прикривање.Во комбинација со камената пудра Stay Matte дава многу убав ефект на flawless skin.Издржа многу на лицето без да мрдне, во девет часот се нашминкав вечерта, во шест сабејле ја избришав шминката,а лицето ми изгледаше исто.Значи скоро десет часа ми издржа без да светнам во т-зоната, ниту пак кожата си осеќав тешка.Сепак голем удел за издржливоста имаше и камената пудра која ми го држеше лицето мат.Од мене имаш за оваа пудра, мислам дека на твојата кожа убаво ќе изгледа, оти пудрата е баш за таква кожа-нормална и комбинирана.Плус има и пријатен мирис.Сепак ти пробај си ја на тестер, да видеш на твојата кожа како ќе легне, оти секоја кожа не е иста, на мене ако ми е погодена можеби на тебе нема. Ама ако ја купиш, пиши во темата сакам и од тебе да прочитам впечаток како ќе си задоволна.
Препорака на камена или пудра во прав за мрсно лице? Дали некоја ја има користено оваа на Буржуа , планирам неа да ја земам
@koritsaki , јас ја имам користено оваа од Буржуа, транспарентна е. Можеби нема да ти се допадне како ќе изгледаш на слики со блиц, навистина тенот излегува бел. Убава е, се добива мат изглед, ама не сум фасцинирана воопшто. Од Буржуа потпишувам дека многу е добра камената пудра од линијата на Хелти Микс. Не ја пропуштам на акции, многу ми се допаѓа какво го прави лицето, види ја и неа.
Оваа е нели? Јас порано се мислев дека е за сува кожа ама сега гледам пишува anti-shine па баш ќе ја пробам , фала ти Инаку во врска со течна пудра многу размислувам дали да и се вратам на Bourjois 123 perfect зашто добра ми беше, а таа Flower perfection воопшто не ми се допаѓаше , се мислам дали пак да ја пробам ама овојпат со подлога
@Salome Многу ти благодарам за исцрпната рецензија.Се надевам дека ќе ја најдам потребната нијанса и ќе споделам впечаток од очекуваните резултати. Уште едно прашање, од каде ја зема и која е цената?
Имам многу светол тен, користев Impala 1 но не ја препорачувам, многу ја суши кожата и + акни ми излегоа. Купив Seventeen Natural Velvet 03 но и таа не ми е доволно светла. Препорака?
Таа е пудрата, одлична е и верувам дека ќе ти се допадне. Инаку, истото го размислував и јас, ама очигледно ќе морам да ја земам најсветлата нијанса затоа што повеќе не ми одговара 52-ката. Навистина не знам зошто, но не ми оксидира туку ми е многу темна, а никогаш со претходните шишенца не ми беше така. Не знам до што е, ама вреди да се даде шанса, сепак. П.С. Не си задоволна од пудрата на Бенефит ? Мојата ја тестирам веќе некое време, ама дали дека многу очекував, не сум импресионирана.
Оваа од боржуа е најдобрата камена пудра што сум ја користела, веќе година ипол не ја менувам, четврто пакување ми е по ред. Може да не ти одговара затоа што е зима и ти е побледо лицето од вообичаено, и јас сум нијанса посветла овие месеци.
За тоа дека сум посветла, нема сомнеж. Ама ме иритира како е можно пудра од која сум користела една иста нијанса скоро две години, сега да ми е темна уште кога ќе ја нанесам. Ново беше шишенцето, рокот сосема во ред, а нијансата се`, само тоа што беше од претходното шишенце не. Ја подарив уште тогаш, среќа не заврши во канта, жално за парите дадени за безвеза - можев да купам милион ситници за таа цена. Следниот пат ќе ја земам најсветлата, а тоа „следен пат“ ќе биде кога ќе го исцедам купот полупромашени и полупогодени пудри.
Еве доказ дека ефтините пудни не се чкарт Мене оваа ми направи мерак ептен Имам комбинирана кожа ,од други пудри што сум користела ми искачаа брунчиња,а оваа совршено ми одговара,а и бројот 2+,обично мешав 2ка со 3ка ,вака неморам За само 130 ден
За сигурност неможам да тврдам, можеби е така како што пишува НО, немојте да верувате на се што ќе прочитате. Прво декларацијата е испечатена и залепена од наши дистрибутери. Дури и бар кодот е испринтан на обична хартија и залепен. Ги контролира ли некој воопшто овие работи? Изгледа многу непрофесионално, а на самата амбалажа зошто нема наведено состав како што има кај сите останати производи? Дури и на моливчињата за очи пишува состав, а на ова не. Наредна работа, што содржи ако не содржи парабен? Знаете ли колку е скапа замената за парабен, а пудрава кошта само 130денари. Козметички производ мора да содржи парабен (конзерванс) инаку што ќе го одржува во трајност? Ова мора да е некоја невидена технологија. Сепак не викам не, можеби и вистиснка и е декларацијата. Само мене ме бунат овие работи, не ми е логично. Од друга страна самата цена буни па не ни се верува дека нешто што кошта толку ефтино може да е добро. Сепак сум скептик.
Јас само кажав дека пудрата ми одговара на кожата, и дека е ефтина Ништо не искометирав дали има или нема парабен Пудра и онака ретко корисрам па оваа имала или немала парабен е ок, за разлика од импала која е некој денар поскапа и е тешка за моето лице
Во ред е тоа се, нормално дека она што ни одговара тоа ќе си го користиме. Мене навистина ме чуди декларацијата на пудрава затоа и искоментирав. И скапите пудри зборам за над 2000 денари содржат парабен, а оваа не содржи. Тогаш која е таа замена за парабен што ја содржи оваа пудра, а ја нема во другите пудри и зошто нема напишано точен состав на амбалажата. Пишале само што нема, а што има заборавле да напишат или не им одговара. Затоа и сметам дека на нашиве декларации неможе да им се верува, секогаш читајте го составот на самата амбалажа ако нешто ви значи, за мене оваа етикета не е никаков доказ за квалитетот на пудрата исто како што не ми е ни веродостоен. Јас не обрнувам внимание на парабените иако знам дека се штетни, сеа неможам од се да се пазам, а и нема некои основани теории дека во таа мера колку што ги има во една пудра можат да ти направат нешто многу страшно, скоро во секој производ ги има, и да сакаш неможеш да ги избегнеш. Само се плашам оваа да не има нешто полошо од парабенот штом толку бодат очи со декларацијата...
Мишелa, пa не сум бaш зaдoвoлнa , ценaтa е висoкa зa пудрa штo не е трaјнa a и зaбележувaм декa некaкo ми е лепливa пудрaтa кoгa ќе јa нaнесaм нa лице и јaс oчекувaв пoвеќе oд пудрaтa зaштo мнoгу ми јa фaлеa aмa свaќaм сегa декa зa тие пaри не вреди бaш. Сегa нaреднo ќе јa земaм 123 перфект нa буржуa , дa не имa случaјнo некoј пoпуст вo кoсмo , дм
Јас уште сумирам впечатоци, ама во глобала тоа е тоа, среќна сум што ја фатив на попуст и не ми отидоа премногу пари. Ама дека ме воодушеви како што очекував - мало морген. Таа пудра од Bourjois моментално како за белја не е на попуст, другата (Flower perfection) беше со некоја маскара мислам. Можеби ќе ја фатиш на мал попуст до крајот на месцот, не знам. Јас не планирам да ја земам за брзо, ќе почека и тоа многу.
Clinique perfectly real makeup. 10 од 10 има за нијансата и општо за изборот на нијанси. Едно 10 различни видови на светли нијанси, дали со розев потон со жолт со портокалов, ма ни јас сама не знам колку вида ми наброја. Не планирав да ја купам, иаку не е ич скапа слушнав некои работи за клиник дека не се така како што ги престауваат, ама добив ваучер само за декоративна козметика кој не сакав да ми пропадне зашто беше со прилично убава сума. Сега дали содржи парабени или не, не знам, ама ептен погодна нијансата ми е, за прв пат у живот, ни бела сум како дух ни портокалова. Плус нема мирис што мене ми е тоа полн погодок, лесна е и не е претерано покривна што ми се допаѓа. Мислам дека е за нормална кожа иаку ми ја препорачаа ко за мрсна. Цената исто и е џабе 26 долари. Многу природен изглед дава, совршена и за ден и за ноќ. Чиста 10ка има од мене. Ја земав и супербаланс исто од клиник, таа ептен ми ја препорачаа дека е убава за мрсна па ќе видиме не сум ја тестирала уште, иам едно 6 отворени пудри тука и тоа ме нервира.
Кaкo и дa е , без пoпуст сo пoпуст, ќе јa земaм дoдекa сум oвде вo мк дa искoристaм кaј нaс јa земaв тoгaш 19 еврa сепaк oвде е мн пoевтинa
Девојки ќе може ли да ми препорачате добра и ефикасна течна пудра за мрсна кожа. Читам тука но неможам баш да се снајдам.
Еве пoгoре пишувaвме сo Мишелa зa пудрите нa Буржуa, нa тестер прoбaј си јaс личнo пoзaдoвoлнa сум oд 123 перфект